Connect with us

Uncategorized

И по 100 години ќе биде ХИТ – Дедо Мраз од Коњари (Видео)

Published

on

Легендарната песна на дуо трио К-15 која беше популарна во 90тите години сеуште може да се најде на социјалните мрежи и сеуште е слушана иако повеќе од 25 години поминаа од која продукцијата ја извади во етер.

Легендите живеат вечно велат па така и овој евергрин на К-15.

Текст:

Наташа од 3А
уствари не
Абе како беше

Дедо мраз од Коњари
има долги бркови
уши као радари
торба полна дарови
Дедо мраз од Коњари

Носи рејбан цвикери
шитка јакни ефтини
може и со чекови
Батка види сеа

Дедо мраз од Коњари
ич не плаќа царини
не се проблем дозволи
нуди цели шлепери
мисирки и батаци

хееј Дедо мраз од Коњари

Дедо мраз злато мое љубов неверна
неможе без тебе јас за нова година
Дедо мраз злато мое жива превара
сал не моташ како сакаш пак не заеба

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

Бојс фала ти многу а сат и ти извини

Пх да го ебам нај шо мразам
ка не мојш да пејш на мајчин јазик

Дедо мраз од Коњари
ај не се изкурнази
прима само долари
кога дели дарови
Дедо мраз од Коњари

хееј Дедо мраз од Коњари

Дедо мраз злато мое љубов неверна
неможе без тебе јас за нова година
Дедо мраз злато мое жива превара
сал не моташ како сакаш пак не заеба

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

Земјата ја вртат чудни шлепери
пиљари и бизнисмени шалабајзери
тревата ја пасат само волови
рогови им наби Дедо мраз од коњари

и то…

Видео:

https://youtu.be/NQjsY5nobjc

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк