Connect with us

Македонија

Тренерот на Георгиевски: Зошто натурализиран спортист да е ставен пред Македонец?

Синоќа на свечена церемонија Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги додели наградите за најдобрите спортисти за 2022, борачот Владимир Егоров беше прогласен за најдобар, а тренерот на теаквондистот Дејан Георгиевски, Дарко Костовски има замерки за изборот.

Тренерот на Дејан Георгиевски кој е и градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски реагира на изборот на АМС за најдобар спортист за годината којашто изминува. Според него натурализиран спортист на Македонија не треба да биде ставен на исто ниво со Македонец.

Владимир Егоров на Македонија ѝ го донесе златото од Европско првенство, додека Дејан Георгиевски освои бронза на финалното Гранд При, престижен турнир на кој се борат најдобрите теаквондисти во светот.

Реакцијата на Костовски ви ја пренесуваме во целост:

„ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !

Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС.

Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.

На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.

Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.

Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.

Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.

Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.

Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !?

Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !?

Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?

Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !?

Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.
Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !

Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА“, стои во реакцијата.

Македонија

Мицкоски: На овој Конгрес не добив само реизбор, победи идејата, од поглавје на кризи, отвораме поглавје на зрелост

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше повторно избран за претседател, но како што истакна, овој реизбор значи многу повеќе од лична победа. „Не добив само реизбор, туку победи идејата. Вечерва затвораме едно поглавје на кризи, напади и неправди и отвораме поглавје на зрелост“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека партијата денес донесе документи кои ќе ја обноват вербата во политиката и ќе покажат дека со јасна стратегија и план резултатите се достижни. „Создаваме заедно стратегија, доктрина и нова национална рамка, а оваа визија ја добива поддршката што ја претвора во обврска за сите нас“, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека товарот што го носи не е лесен, но го прифаќа со мир, затоа што зад него стои народот. „Македонија премногу долго се гледаше низ очите на другите. Време е да чекориме со свои амбиции и да ја градиме иднината што ја заслужуваме“, додаде тој.

Вечерниот конгрес беше означен како историски исчекор за партијата, која, според Мицкоски, се подготвува да излезе од кругот на страв, поделби и ниски амбиции и да започне нова ера на зрелост.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Довербата во институциите и дигитализацијата ја носат иднината на Македонија

На XVIII Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржува во Спортскиот комплекс „Јасмин“ во Кавадарци под мотото „Визија што гради држава – За генерацијата што доаѓа 2030“, претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нагласи дека стабилноста и развојот на Македонија се возможни само со доверба во институциите кои функционираат на основа на владеење на правото и дигитализација.

Мицкоски истакна дека интеграцијата на дигитални процеси, автоматизацијата и енергетската транзиција се стратешки приоритети за државата. Според него, зелената економија не е идеолошки проект, туку државна потреба, а инвестициите во обновливи извори на енергија, модернизација на преносниот систем и регионални енергетски проекти ќе ја намалат зависноста и ќе создадат нова економска динамика.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека стабилноста и развојот се невозможни без доверба во државата, која се гради преку независни институции, владеење на правото и системи што создаваат правичност, а не зависност. „Без доверба во институциите – нема држава. Правната држава не е збир од закони, туку нивна доследна примена. Македонија мора да ја премине границата од формална кон функционална демократија“, истакна Мицкоски.

Во својот говор тој посочи и дека вештачката интелигенција е новото гравитациско поле на глобалната моќ. Земјите што инвестираат во AI обезбедуваат економска, безбедносна, институционална и технолошка предност, додека оние што ја игнорираат остануваат зависни од туѓи технологии и интереси. Мицкоски нагласи дека Македонија мора да стане активен учесник во новата интелигентна економија, наместо пасивен консумент на туѓа технологија.

Continue Reading

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг