Пеле и Марадона: Од денеска таму горе е фудбалско шоу! (ФОТО+ВИДЕО)

Пеле или Марадона? Кралот или Богот? Бразил или Аргентина? Тоа беше дилемата на минатиот век. Сега и со Меси светот го доби и третиот, некои викаат најголемиот.

По Марадона од денеска меѓу нас не е Едсон Арантес до Насцименто или скратено Пеле.

Диего си замина пред две години, денеска си замина и Пеле. Можеме само да претпоставиме какво фудбалско шоу ќе биде таму горе. Сега и Пеле и Марадона ќе играат во ист тим.

Кралот и Богот, е тоа е…

На времето и двајцата немаа баш премногу убави зборови еден за друг. Но возраста, староста си го прави своето. Прво Марадона го повлече потегот на задоволство на сите фудбалски фанови кога кажа дека Пеле е кралот, а Бразилецот врати со порака дека Марадона е еден и единствен.

Кога Диего почина токму Пеле беше меѓу првите кој се јави и се прости од Марадона. Тоа беше знак дена “војната“ меѓу нив и дефинитивно заврши.

Сега и Диего од таму горе сигурно дека испрати своја порака.

Штета, не играа еден против друг како во новото време Меси и Роналдо, за да кажеме кој е подобар. По интернет има неколку видеа од нив двајцата, ама едно воодушевува кога ја искажуваат сета своја виртуозност и тоа заедно.

Бразил е во шок, како што тоа беше Аргентина пред две години. Фудбалските фанови, оние кои го сметаа(т) Пеле за најголем исто така се во шок. И покрај неговата борба со тешката болест, се надевавме дека Пеле и сега ќе победи.

Но против некои работи едноставно не можеш.

Ете некој од горе го викна Пеле по само две години да му се придружи на Диего.

И сега двајцата со нивните насмевки, нивната фудбалска генијалност, ќе бидат заедно.

Дали е тоа знак дека Бразил и Аргентина фудбалски ќе престанат да “војуваат“ околу тоа кој е најдобар, кој е подобар, Пеле или Марадона.

Вистинските фудбалски фанови тоа го знаат.

Марадона е Богот, а Пеле Кралот.

Е, па, мајстори, играјте таму горе како во најдобрите денови…

When Maradona meet Pele