Ердоган ја укина старосната граница, над 2 милиони Турци може веднаш да се пензионираат

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја укина старосната граница за пензионирање, овозможувајќи можно пензионирање на повеќе од два милиони работници. Претходно, старосната граница за пензионирање во Турција беше 58 години за жени и 60 години за мажи.

Не се знае колку ќе ја чини државата новиот систем, но Ердоган изјави дека 2,25 милиони луѓе можат веднаш да се пензионираат. Во Турција моментално има 13,9 милиони пензионери.

Синдикатите изминативе неколку години протестираа против минималната старосна граница за пензионирање и бараа работниците да завршат задолжителен број години стаж за да се пензионираат.

Аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му помогне на Ердоган да постигне многу добри резултати на изборите закажани за јуни 2023 година.

Дочекот на Новата година на скопскиот плоштад ќе биде со македонски музичари – Нема да има мјаукање и деколтеа со мини сукњи

Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус, Зуица Лазова, Ристо Самарџиев, Елена Ристеска, Ленче и Горан Кукиќ, Мераклиите од Мерак Меана се дел од музичарите кои ќе ги забавуваат присутните на плоштадот во Скопје, за време на дочекот на Новата 2023 година.

Само со македонски музички гости ќе се реализира забавната програма, која се чуваше во тајност до пред неколку дена. Како што раскажуваат музичарите, од Град Скопје дури пред два дена им дозволиле да објават на своите социјални профили дека ќе пеат за дочекот, за да биде изненадувањето поголемо.

Популарниот фолк пејач Наум Петрески за ,,Фокус” вели дека за новогодишната ноќ во Скопје нема да има мјаукање и деколтеа со мини сукњи, туку квалитетни изведувачи.

Регионалните музичари имаат значително поголем маркетинг од домашните, вели Петрески но сепак ветува добра забава на плоштад. Потенцира дека иако хонорарите кои ќе ги добијат нашите пејачи не се огромни, публиката ќе има можност да следи квалитетна програма.

-Секој си има право на свое мислење во демократска земја. Така било отсекогаш, и неретко кај нас за Нова година и други прослави доминираат пејачите од увоз. Можеби и тоа е нормално, со оглед на нивните маркетиншки покриености низ целиот Балкан. За разлика од нив, кои ги има на секоја нивна телевизија, нашите телевизии немаат идеји што да прават со себе, па удираат со македонски приказни и турски серии, со емисии кои никој реално не би ги гледал. За дочекот на Новата година можам да кажам дека ќе биде во духот на македонското, така да, можеби ќе се зголеми чувството за државност и за своите традиции. И она кое е исто така многу важно, нема одлив на огромни пари во странство, туку поскромни средства кои остануваат тука. Публиката ќе види многу повеќе од мини сукњи, деколтеа и мјаукања на бина (чест на поквалитетните изведувачи) – вели Петрески за Фокус.

Славчо Попоски најавува МЕТЕОРОЛОШКИ ФЕНОМЕН во Македонија – „Што е температурна инверзија?

– Во следниот период, вклучувајќи ја и новогодишната ноќ, како и првата седмица од новата 2023 година ќе продолжи стабилното, суво и сончево време и тоа особено на повисоките места и на планините. Повремено ќе има појава на умерена облачност а ќе биде и тивко.

По одделни котлини и речни долини, вклучувајќи ја и Скопската котлина, како и котлините кој се наоѓаат Долж Повардарието ќе има појава на ГУСТА МАГЛА и на ниска облачност, со што и воздухот ќе биде ЗНАЧИТЕЛНО ЗАГАДЕН.

Температурите наутро ќе се спуштаат до околу, па и под нулата, додека максималните дневни ќе бидат НЕВООБИЧАЕНО ВИСОКИ и тоа особено за време на викендот и следната седмица, и особено на повисоките и планинските места. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до дури 17 степени.

НАПОМЕНА: Во местата со магла и ниска облачност, вклучувајќи ја и Скопската котлина температурата ќе биде ПОНИСКА, а воздухот во Скопје и понатаму ќе биде МНОГУ ЗАГАДЕН. Максималната температура во Скопје во следниот период ќе биде релативно пониска за разлика од повисоките и планинските места и ќе се искачува во интервалот помеѓу 8 и 9 степени. Наутро пак истата ќе се спушта за неколку степени под нулата, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски и заклучува:

– Во следниот период во Македонија ќе го имаме феноменот „температурна инверзија”, овој феномен придонесува во повисоките и планинските места да биде потопло, а во низините и котлините постудено.

Сопругата го запалила каминот, ама не знаела дека сопругот таму криел 20.000 евра

Бизарен случај се случи во Рим, откако Италијанец одлучил, без да ѝ каже на сопругата, да си ја сокрие заштедата – обврзници во износ од 20.000 евра во каминот, бидејќи мислел дека тоа е безбедно место коешто крадците никогаш нема да го пребараат. Меѓутоа, она што го превидел е дека жената може да реши да го запали каминот…

– Мојата сопруга не знаеше дека јас ги бев сокрил (парите) таму. Секоја година, пред да го запалиме огнот, ги преместувам парите. Сега, кога ги видов пламените јазици, ќе се онесвестев, раскажува несреќниот Марио.

Според него, не очекувал каминот да се запали уште неколку дена, со оглед на тоа што температурата во Рим не бара дополнително греење. Но, сопругата решила малку порано да создаде божиќно-новогодишна атмосфера…

Кога сопругот ѝ кажал што има во каминот, било предоцна.

Текст на Zoom.mk

Министерка од Албанија: Србија мора да сфати дека Косово и Метохија не постои повеќе

Министерката за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка ги повика лидерите на Косово и Србија да разговараат, а Европската унија и Соединетите Американски Држави да инсистираат на тоа, нагласувајќи дека ништо друго освен дијалог нема да успее, пренесува Коха.
Таа рече дека ситуацијата на северот на Косово се развила како манифестација на внатрешна политика и дека не се земаат предвид интересите на граѓаните.

„Ниту српската војска нема да влезе во Косово, ниту војската на Косово ќе влезе во каков било вооружен конфликт. Се е направено во интерес на внатрешната политика и нема никаква врска со интересите на обичните луѓе. Ова е крајно опасно и мора да се запре за доброто на целиот наш регион“, рече таа.

Министерката посочи дека Србија треба да престане да ја „поддржува изградбата на барикади на север“.

„Србија мора да престане да го поддржува подигањето барикади на северот на Косово од неоправдани причини и конечно да сфати дека таканареченото Косово и Метохија го нема. Засекогаш! Барикадите не штитат ниту еден Србин на Косово, тие само ја поткопуваат нашата заедничка иднина. Албанците и Србите се двата најголеми народи во регионот и тие се „осудени“ да најдат стабилен пат кон заедничка иднина“, рече Џачка.

Оваа храна не ја гответе на 31 декември: Носи несреќа, а во една намирница буквално „се давиме“

На новогодишната трпеза обично има многу различни специјалитети, и солени и слатки, но некои јадења е подобро да ги прескокнете баш тој ден за да ве следи среќа во новата година. Овие јадења не треба да бидат на менито ноќта помеѓу 31 декември и 1 јануари.

Пилешко и мисирка

Ако не сакате среќата да ви одлета, тогаш подобро е да избегнувате пилешко и мисиркино месо на новогодишната ноќ. Птиците, кога ги чистат пердувите, гледаат наназад. Тоа може да значи дека тие живеат во минатото. Ако сакате месо, тогаш свинското месо е подобар избор, бидејќи свињите однапред ја копаат земјата.

Краби, јастози и ракчиња

За Нова година не подготвувајте салати и храна со ракови, доколку не сакате да се соочите со многу неуспешна 2023 година. Овие животни се движат наназад или настрана, а не напред. Не треба целосно да се откажете од морската храна, туку да ја замените со риба, како лосос или туна.

Школки

Кога сме кај ракчињата, добро е да се напомене дека не треба да се подготвуваат ниту школки. Тие се сметаат за лоша среќа на трпезата, бидејќи ја земаат храната од дното на океанот.

Воздушен леб

Избегнувајте воздушен леб на новогодишната трпеза. Големиот број отвори за воздух во лебот се сметаат за знаци на смрт. Можете да јадете само кружен леб, најубаво погача, бидејќи круговите претставуваат среќа.

Ориз

На трпезата не смее да има ниту храна во бела боја, бидејќи во кинеската традиција се смета дека носи лоша среќа и ја симболизира смртта. На новогодишната вечера треба да се заборават тофу, јајца, ориз, карфиол и бело сирење. Подобро е да се подготвува храна со посилни бои, како зелена и жолта, кои означуваат среќа и просперитет. Портокалите носат среќа, па може да се послужат и по главниот оброк.

Банани

Бананите се предвесници на лоши настани, пишува порталот „Делиш“. Подобро би било оние кои ги сакаат да се откажат од бананите до следната година

„Мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам“ е желбата на малиот Давид од Прилеп

Изјава од која и најсилниот ќе се расплаче и несомнено ќе биде емотивно трогнат.

Во какво општество живееме, зошто има неправди, зошто има гладни дечиња на ова мало парче земја…

Зарем, наместо безгрижни детски денови, едно дете треба да ја жали сопствената мајка која поради сплет на околности нема да му даде храна?

“Имам само три желби: Да оздрави бато, да имам лаптоп како сите мои другарчиња и мама да не плаче кога треба да ми даде да јадам!”- вели малиот Давид од Прилеп во емисилија „Срце на дланка“.

Втората желба веднаш му беше исполнета благодарение на Борче Стаменов од Донирај компјутер, а за храна се организираа голем број хумани граѓани.

Но, дали проблемот е решен, со оглед дека социјалните мрежи постојано се преплавени со апели за помош на семејства во кои и храната е луксуз на трпезите, од речиси сите делови од земјава.

Страшно ме погоди изјавата на малиот Давид од Прилеп. Секое седнување да јадам, ми текнува колку гладни деца има во државава и чувствувам грижа на совест. Хуманите луѓе помагаат, но не може таквата помош да биде трајно решение за илјадници луѓе што живеат во екстремна сиромаштија, вели Весна Ангелова која својот став на темава го сподели на фејсбук.

Поради ова, чувствувам незапирлив бес кон криминалците на власт што секојдневно, безмилосно и без трошка срам крадат од устите на овие деца. Да ја доведеш нацијата во ситуација да не може да се прехрани, а ти да јадеш ко стока со народни пари, мора да си ненормален. Овој народ има право на пристоен живот и заслужува подобро!, вели таа во својата објава.

Тасевски: Вчера се чув со Ивана. Колку е храбра, во моментот и работат само 40 % од белите дробови. Се движи многу да не падне во терминална фаза

Вчера се чув со Ивана.

Колку е храбра. Во моментов и работат само 40 посто од белите дробови. Се движи многу, да не падне брзо во онаа опасната, терминална фаза.

Лекот кој чини 16000 евра по пациент ќе го крене нејзиниот капацитет за 30 проценти. Ќе го продолжи нејзиниот живот.

130 пациенти од цистична фиброза меѓу кои многу деца, чекаат посрани милионипол евра од оваа посрана држава, за да поживеат што подолго. И таа пропадната држава која дава 200 илјади евра за секс лубриканти, да им лизга во газот, милиони евра за патни трошоци на пратеници и нови возила за министри, нема евро во каса за лекови на болните од цистична, рак, дијабетес… ќе се состанат. ќе видат, ќе одлучат.. Знаете празници се ближат, има многу скапи хотели по светов и скијачки центри. И џакузи има по апартманите да тртат во нив партиски калаштури и секретарки по скијањето. Да им ги полеваат сливите со скап шампањ.

Ама болните време немаат за празнување и скијање. Замисли да си болен и да си речеш за време на дочекот на Новата: Можеби ми е последна… татко ми, мајка ми плаќале здравствено цел живот а сега здравството нема пари да ми купи лек за да ја дочекам и таа година по оваа Новата… и таа по неа…

Сега гледам ми пишале добри луѓе, еден Кире и Дејан и Славе, сакаат да помогнат финансиски. Лавови, но…

Не знам. Системски е проблемот. Болните од цистична, немаат време за чекање, да се собираат прилози. Државата мора итно да го купи лекот. Милионипол евра за лек немате?

Ме заебавате?

Дајте по една плата сите вие министри, заменици министри и директори и ете пари за лекот. Утре на седницата во Собрание ова нека ви биде единствена точка. Донесете одлука веднаш да се купи лекот и терајте на скијање, кршете таму глава раце и нозе… Дупете калаштури во џакузито. Нека ви пукне срце од вијаграта.

Светот треба да чуе за ова бе, колку сте неспособни психопати.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

https://www.facebook.com/604957179/posts/pfbid02exK4jPaHCVXPzSrPyfAW9uq3cLg5EzqXKeV2m7S3jBRRp81ZTJG9Y5nyDYrjpZEBl/?app=fbl

Светата царица Теофанија

 Доаѓа од високородни родители, Константин и Ана, кои им беа роднини на големите цареви. Долги години беа бездетни и ѝ се молеа на Пресвета Богородица за пород. И Бог им ја даде оваа ќерка, Теофанија. Задоена со христијанскиот дух уште од детството, Теофанија ги надминуваше своите другарки во сите христијански добродетели.

Кога порасна стапи во брак со Лав, синот на царот Василиј Македонецот. Заедно со мажот ѝ претрпеа големи неволји. Заради некаква клевета дека наводно Лав носи во чизмата нож за во згодна прилика да го убие својот татко, лековерниот цар Василиј ги затвори синот и снаата во затвор.

Тие две невини души трпеа затворени три години. Еднаш на празникот на светиот пророк Илија царот ги повика сите свои големци на гозба. Во еден миг папагалот ненадејно ги изговори овие зборови: „Леле, леле, господине Лав!“ И неколкупати ги повтори овие зборови.

Ова мошне го возбуди царот и сите го замолија да ги ослободи синот и снаата. Нажалениот цар така и стори. По смртта на својот татко овој Лав се зацари и беше наречен Мудар. Теофанија не го сметаше своето царско достоинство за нешто битно. Сета предадена на Бога се грижеше за спасението на својата душа, постејќи, молејќи се и делејќи милостина, обновувајќи многубројни манастири и храмови. Од нејзините усни не излезе лажен збор, ниту излишен, а најмалку клевета. Пред својата смрт ги повика сите свои ближни, се прости со нив и Му ја предаде својата душа на Бога, во 892 година.

Царот Лав сакаше да подигне црква посветена на нејзиното име, но бидејќи патријархот приговори, подигна храм посветен на Сите Светии, говорејќи дека ако Теофанија се осветила, нека се прославува заедно со останатите Светии. Тогаш беше востановен празникот на Сите Светии во неделата после Педесетница.

ШТО ЈАДЕЛЕ ЗАТРУЕНИТЕ СТУДЕНТИ? (Фото)

Да биде иронијата уште поголема, оваа информација доаѓа само неколку недели откако премиерот Ковачевски го посети домот, вели Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Сергеј Попов од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук објави фотографии од оброкот од кој, како што тврди, се затруле студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“. На фотографијата се гледаат тврдо варени, позеленети јајца и лупени виршли.

„Да биде иронијата уште поголема, оваа информација доаѓа само неколку недели откако премиерот Ковачевски најдрско и безобразно направи посета и краток документарен филм за да ја прикаже неговата грижа за студентите“ – напиша Попов од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Организацијата „Студентски отпор“ денеска изутрина објави дека имало шест случаи на труење со храна во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје. Подоцна Агенцијата за храна и ветеринарство соопшти дека испратила вонредна инспекција во домот, која ја затворила кујната и зела мостри за испитување.