Хероите во Детска клиника: Не треба многу за да усреќите некого (Фотогалерија)

Пред Нова година дечињата кои се хоспитализирани во Детската клиника пријатно ги изненадија со својата посета ликови од цртаните филмови. Измамија насмевки, радост и убаво расположение пред празниците кај најмладите.

Спајдермен, Мики и Мини, Дедо Мраз и уште многу други јунаци се дружеа со нив и им донесоа подароци.

Не треба многу за да усреќите некого, за нас малце, за нив многу, напиша на фејсбук еден од нив.

Во Армијата примени 200 професионални војници

Во Армијата на Република Северна Македонија денеска се приклучија 200 нови професионални војници на кои решенијата за работа им ги додели министерката за одбрана Славјанка Петровска на свечена церемонија во касарната „Илинден“ во Скопје.

Министерката упати честитки и изрази задоволство што младите војници одлучиле да и служат на татковината.

-Бидете горди затоа што станувате дел од институција која е најпочитувана, најценета институција која својот углед го има изградено затоа што секогаш и секаде била прва во помошта на нашите граѓани, силна опремена модернизирана армија способна да одговори на сите предизвици, тоа е армијата на РСМ. Денес е институција која ужива најголема доверба кај граѓаните и тоа е огромна чест а и обврска за сите да нас. За да успеете во таа цел не сте сами, Министерството за одбрана и Генералштабот се со вас. Нашата задача е да бидете добро опремени да работите во одлични услови, да имате ново и модерно вооружување, да имате плати кои одговараат на вашиот труд, енергија и знаење, порача Петровска.

Новопримените војници, нагласи таа, сега се дел од НАТО семејството.

-Денеска вие станувате дел од нешто што е поголемо од сите нас, денеска вие сте дел од НАТО Алијансата која е безбедносен чадор за повеќе од една милијарда луѓе во светот. Вие сте сега НАТО војници, ќе имате прилика да учествувате во НАТО обуките, да бидете дел од различни НАТО мисии и да ја покажете истата вештина и истото знање како и вашите колеги, изјави министерката.

Информира дека Буџетот за одбраната за 2023 година изнесува 274 милиони евра.

-Тоа се средства кои по различни основи се наменети за континуирано покачување на платите, надомест за станарина од првиот месец на стапување на должност, набавка на нова софистицирана опрема, надоместоци за зголемено учество на мисии, поддршка за вежби, појасни министерката.

Викторија Јовановска, која е една од новопримените војниците истакна дека и е чест и задоволство да ја носи униформата и да им служи на граѓаните.

-Чест и задоволство е да се носи оваа униформа, голема мотивација ми беше во 2019 да служам добролволно воен рок. Ги мотивирам сите млади да дојат да служат и да се вработат поради тоа што оваа униформа е чест и заедно сме за сите граѓани понатака. Огромна чест е и не секој може да ја носи оваа униформа. Тука сме да служиме на граѓаните и на државата, изјави Јовановска.

Јавниот оглас за прием на новите професионални војници на служба во Армијата беше објавен во септември годинава. Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување договор ќе земаат почетна плата над 25.000 денари со дополнителни над 9.000 денари – средства за станбено обезбедување од 1 јануари 2023 година.

Тренерот на Георгиевски: Зошто натурализиран спортист да е ставен пред Македонец?

Синоќа на свечена церемонија Агенцијата за млади и спорт (АМС) ги додели наградите за најдобрите спортисти за 2022, борачот Владимир Егоров беше прогласен за најдобар, а тренерот на теаквондистот Дејан Георгиевски, Дарко Костовски има замерки за изборот.

Тренерот на Дејан Георгиевски кој е и градоначалник на Општина Бутел, Дарко Костовски реагира на изборот на АМС за најдобар спортист за годината којашто изминува. Според него натурализиран спортист на Македонија не треба да биде ставен на исто ниво со Македонец.

Владимир Егоров на Македонија ѝ го донесе златото од Европско првенство, додека Дејан Георгиевски освои бронза на финалното Гранд При, престижен турнир на кој се борат најдобрите теаквондисти во светот.

Реакцијата на Костовски ви ја пренесуваме во целост:

„ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИМЕ ЗАТОА ШТО СЕ ШТО ПРАВИМЕ Е ЗА НЕА, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИ ПРЕЧИ НАШАТА ЉУБОВ ПРЕМА МАКЕДОНИЈА, ТАА ЉУБОВ Е НОСИТЕЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ УСПЕХ ВО НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА !

Вечерва во налик на приватна забава со еден куп намерни грешки, убивање на национален дух, пазарџиски договори и елементарно незнаење се одржа изборот за најдобар спортист на Македонија во организација на АМС.

Најнапред како за пример би посочил дека на ниту еден избор за најдобар спортист од како што постојат до денес, еве не мора подалеку да ги земеме околните држави, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија па и Југославија никогаш не се ни споредувале неолимписките успеси со олимписките а камо ли грешно да се одлучи. ВРВЕН СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТ Е ОНОЈ КОЈ ШТО Е ПОСТИГНАТ ВО ОЛИМПИСКИ СПОРТ. Секогаш, ама баш секогаш најдобрите спортисти, тренери во погоре споменатите избори за најдобри спортисти доаѓале од олимписки спортови. Што и да додадам понатака е илузорно.

На годинешниот избор за најдобар спортист два врвни резултати кои се мечуваа беа првата историска бронза од финално ГРАНД ПРИ на Дејан Георгиевски и европското злато на Егоров во Борење. Два резултати кои во секоја смисла на зборот се за врвна почит и тука дилема нема. Нијанси можеби решаваат кој е поголем.

Дејан Георгиевски е наш домашен производ, кој работел, тренирал, тагувал, се радувал тука под домашни македонски услови, чист македонски производ кој покажа дека и од нашите македонски услови може да се покорат олимписките велесили како САД, Кореа, Куба, Британија и тн. Македонски спортист кој во континуитет е во самиот врв на еден олимписки спорт, пример кој досега го немало во самостојна Македонија.

Егоров е врвен борач, со апсолутно респектабилни успеси, но е натурализиран македонец со првично Руско државјанство, човек кој не излегол од македонските школи за борење, спортист кој практично нема ништо со македонскиот спорт. Човек кој живее, работи, тренира секаде само не во Македонија.

Иако Дејан Георгиевски беше прворангиран, вечерва Вчадимир Егоров беше прогласен за спортист на годината и искрено му честитаме.

Но, она што сакам да го истакнам е тоа дека Дејан Георгиевски и Владимир Егоров имаа слични резултати, едниот домашен наш производ другиот не, нашиот производ не е прогласен за најдобар и оваа година како лани, да се разбереме не треба никој да го прогласува за ние да знаеме дека Дејан е најдобар не само годинава, туку во олимписката историја на независна Македонија.

Зошто Дејан не треба да е и оваа година најдобар спортист !?

Каква порака вечерва се испрати на младите македонски спортисти кои сонуваат за врвни олимписки резултати, кој повеќе се цени нашиот домашниот спортист или некој што нема допир со Македонија !?

Да имаше драстична разлика помеѓу резултатот на Егоров со вториот резултат по него, разбирливо би било, но вака !?

Уште еден парадокс, Дејан Георгиевски бронза финале ГРАНД ПРИ олимписки спорт, европски шампион на клубско европско првенство, Филип Додевски петти на светско првенство во олимписки спорт, Дејан прворангиран спортист за најдобар спортист годинава а Борче Костовски нивниот главен тренер не беше ниту номиниран за најдобар тренер оваа година, кој толку се исплаши и зошто и оваа година Борче Костовски да биде најдобар тренер во Македонија !?

Не е првпат да не минираат, во 2017 на Дејан Георгиевски му го оспорија првото злато на европско првенство во олимписки спорт за Македонија како независна држава.
Сето ова изгледа ќе мораме да го засениме со уште еден, или можеби два олимписки медали иако до олимписките игри во Париз оние кои сега бираат веќе ќе бидат минато и искрено се надевам дека многу работи во македонскиот спорт коренито ќе се променат !

Одиме понатака, ЗА МАКЕДОНИЈА“, стои во реакцијата.

Младите ЌЕ ПРЕСТАНАТ да се иселуваат затоа што ГИ ПОЧНАВМЕ преговорите со ЕУ, вели претседателот на СДММ

Како млади треба да сме пооптимисти од останатите, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски во гостување на „ТВ24“. Тој оцени дека 2023-тата е надежна за младите, а вратата што Европската унија ја држела долго затворена, сега се подотворила.

Со тоа почнавме како млади да го гледаме светлото на европскиот просперитет. Лани почнаа многу прашања за младинските политики да се покренуваат. Постои дискусија која што ја поттикнуваат сите заради младинските прашања и токму заради тоа фронтот за подобар живот на младите тука ќе биде секогаш отворен, рече Михаилоски.

Според него, младите можат и мораат да придонесат уште повеќе за да ги донесат европските вредности дома.

-Отпочнувањето преговори значи неиселување на младите, со нив имаме проекти за мобилност и размена на студенти. Тоа значи подобри можности и повисок стандард за нас младите, што доведува и до подобро образование. ЕУ е процес, во кој сите треба да се вклучат за да може процесот да функционира, рече Михаилоски.

7 годишниот Македон од Тетово: Во иднина се гледам како претседател на Македонија (Видео)

Новогодишното видео полно со позитивна енергија е подготвено во рамки на кампањата „Вложуваме во млади таленти“, поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија, во рамки на која Македон доби финансиска поддршка за развој на својот исклучителен талент.

Дали другарчињата препишуваат од Македон е само едно од забавните прашања на кои одговара малиот математички гениј Македон Димитровски во видеото од 120 секунди.

Интервјуто на Македон во утринската Ја сакам Македонија на Сител Телевизија:

Ахмети му понудил да си бира што сака: Зибери убеден дека ќе биде прв Албанец премиер

Во вчерашното гостување во Програмата 200, nа Алсат М, гостин беше Народниот правобранител, Насер Зибери. На прашањето на новинарката, дали сеуште сонува да стане премиер, Зибери рече дека тоа е договор меѓу партиите, и смета дека ќе се почитува.

Имиџот на првиот премиер верувам остави впечаток кај сите граѓаните, и ова несомнено дека претставува љубопитност за секој. Верувам дека ова ветување не е само заборавено ветување, верувам дека договорот помеѓу двата главни субјекти на власт ќе се почитува и во последните три месеци ќе се реализира истото, инаку и поранешниот лидер на СДСМ потврди лично дека овој е договорот и дека такво ветување за Албанците ќе стане реалност“, рече Зибери.

На прашањто дали се чувствува изманипулиран од ДУИ, бидејќи му беше ветено премиерско место додека заврши на функцијата народен бранител, народниот правобранител, Зибери рече дека му понудиле да биде прв вицепремиер, министер за правда и многу други позиции, но дека негова одлука била да не биде вклучен во извршната власт.

Во тие околности не можеше да се направи ништо повеќе. Моја беше одлуката дали би сакал да се приклучам на извршната власт со уште една функција или да останам надвор. За волја на реалноста, лидерот, претседателот на ДУИ ми ги понуди сите опции“, додаде Зибери.

(Видео) Тензија во Косово: Се шират видеа од колони возила кои се движат кон касарна во Митровица!

Колона на КСВ возила се движи кон “Минатори”, касарна во Митровица, велат неофицијални извори на српските медиуми кои споделија и видео од колоната возила.

Тензиите на севетот на Косово не стивнуваат, Србите остануваат на барикадите кои ги поставија пред 18 дена. Косовскиот премиер Албин Курти ги повика КФОР и ЕУЛЕКС да ги отстранат барикадите, бидејќи доколку тие не успеат косовската полиција ќе ги отстрани.

Од друга страна од Србија постојано доаѓаат изјави дека доколку Србите во Косово бидат загрозени, српската војска ќе реагира за заштита на населението.

https://twitter.com/FkczBelgrade/status/1607828872418021376?t=-Unn5V8XHQoPZpygHB6gmw&s=19

Видео:

https://fb.watch/hH2NUxnWM1/

ДУИ го има во учебник за петто одделение

Бараме учебникот по албански јазик за петто одделение итно да биде повлечен од употреба, а заедно со него и „партискиот емисар именуван министер“, изјави денеска портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами.

Ако сакате да уништите еден народ без војна, уништете му го образованието, а еден од „најдобрите“ начини да го постигнете тоа е политизација и партизација на образованието. Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Како што додаде тој, ова е „скандалозна злоупотреба на учебниците за партиска пропаганда, за индоктринација на деца, слично како во времето на комунизмот и времето на другарот Тито и другарот Енвер“.

Тоа е срамна сервилност на самиот автор Вехби Кадриу, таткото на поранешниот кандидат на ДУИ, Ендрин Кадриу, кој потоа беше назначен за директор на Радиодифузија, изјави Бајрами, нарекувајќи го притоа министерот за образование и наука Јетон Шаќири – „министер за уништување на образованието“.

Пиљара од Гевгелија со ЗАКАЧАЛКА НА ДОБРИНАТА – ,,Ако имаш донеси, ако немаш понеси”

Хуманитарна акција , закачалка на добрината под мотото „Ако имаш ДОНЕСИ, ако немаш ПОНЕСИ“. Апелираме сите оние кои немаат и навистина им е потребно да се послужат од истата.
🎄Да ги направиме празниците убави за сите🎄- пишуваат од пиљарата Кај Кецот во Гевгелија.

Алал да ви е добри луѓе👏

Вера наместо да размислува што да носи за матура, се обидува да ги издржи сите зрачења поради туморот на главата …

Во овие празнични моменти, во овие моменти на славење, потребни сме и на Вера и нејзиното семејство! – пишува Куќа на среќата со апел на социјалните мрежи за помош за Вера.👇

Вера има само 17 години и наместо да ужива во тинејџерството, наместо да размислува што ќе носи за матура, каде ќе се запишува на факултет, Вера размислува дали ќе има сила да успее да го изоди овој пат и да ги издржи сите зрачења, сите хемотерапии и да се избори со туморот кој го има на глава.

На 15 години ја губи својата мајка исто од ова чудовиште наречено канцер и остануваат сами со нејзиниот татко и помалиот брат.

Потребни сме им повеќе од било кога. Ова семејството е социјален случај и живеат само од износот од социјално, бидејќи таткото не може да работи зошто мора да се грижи за Вера. Во моментов се сместени на клиника, каде нејзиниот татко е придружник и заедно ги минуваат деновите во болничкита соба.

Како да се изборат? Со кои пари? Како да работи? Кој ќе се грижи за Вера? Со кои пари да ги купат потрбните витамини? Како да дојде до Скопје на преглед, на контроли, како да се вратат дома? Како да патува да го гледам и другото дете кое во моментов е само?

Ова се прашања кои го мачи таткото а кои не знае каде да го најде одговорот.

За тоа како знаеме дека вие сте тука, знаеме дека имате хумани срца и дека ќе помогнете на ова семејство.
Од семејството побаравме да отворат донациски сметка бидејќи се приматели на социјална помош за да не им се стопира помошта, која иако е ми имала нив им значи .

Ќе ја споделиме донациската жиро сметка од таткото за да им помогнеме колку можеме во оваа тешка битка која за нив само што почнува, а за која им се потребни парични средства.
Сметка за донации
200004039922049 Тони Андоновски
Стопанска банка АД Скопје

Оваа млада девојка ние ја викаме Вера бидејќи ВЕРУВАМЕ во нејзината борбеност и верба, бидејќи ВЕРУВАМЕ во вас и вашата хуманост, бидејќи веруваме дека сите заедно можеме да успееме.

Држи се малечка со тебе сме сите ❤️❤️

Доколку некој сака да добие директен контакт од таткото може да ни пише во порака.

https://www.facebook.com/100066754397262/posts/pfbid02JArF2dteLVaTNoUyk1PT8K5h1SNY5Fz6eDLwDRJNVRELUQ4stzBjDXzpvN8kLxeVl/?mibextid=Nif5oz