Connect with us

Uncategorized

Светата маченичка Јулијана и шестотини и триесетте маченици со неа

Published

on

 Оваа славна девица и маченичка беше родена во Никомидија од родители незнабошци. Слушна од некого проповед на Евангелието и со сето срце се обрати кон Христа, па почна да живее совршено според заповедите Господови.

Свршеник ѝ беше некој сенатор Елевсиј. За да го одврати од себе Јулијана му рече дека нема да може да појде за него ако тој не стане епарх на градот. Му го предложи тоа мислејќи дека тој млад човек никогаш нема да може да го достигне таквиот висок чин. Но, Елевсиј се потруди, па со ласкање и мито го придоби чинот на никомидиски епарх.

Тогаш Јулијана му откри дека е христијанка и дека не може со него да стапи во брак додека и тој не ја прими христијанската вера, велејќи му: „Што ни вреди да бидеме телесно соединети, кога духовно би биле разединети?“ На ова Елевсиј се огорчи и ја обвини кај татко ѝ. Јаростен, татко ѝ ја исмеа и ја изнатепа, а потоа му ја предаде на мачење на епархот. Епархот нареди и многу ја тепаа, па потоа ранета и искрвавена ја фрлија во затвор.

Но, Господ во затворот ја исцели и таа се јави пред епархот сосема здрава. Овој потоа ја врза и ја фрли во вжарена печка, но огнот не се допре до неа. Кога го видоа тоа чудо мнозина поверуваа во Господ Исус Христос. Такви обратени имаше петстотини машки и сто и триесет од женскиот пол. Сите нив епархот ги осуди на смрт и нив ги убија со меч. Нивните души се преселија во Рајот.

Тогаш злобниот судија ја осуди на смрт со меч и света Јулијана. Таа излезе на губилиштето радосна со духот. Му се помоли на Бога и ја положи главата за отсекување. На денот на тоа убиство, душата на светителката отиде во Царството на вечната Христова светлина, во 304 година.

Набрзо Елевсиј го постигна Божја казна. Кога пловеше по морето му се разби коработ, а тој падна во водата. Но, не најде смрт во водата туку доплива до некој остров, каде што го растргнаа и го изедоа кучиња

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк