Connect with us

Забава

Мелани Тарчуловска го насмеа студиото во Ѕвездите на Гранд: Го бирам Ѓорѓе Давид бидејќи никој не го одбра

Published

on

Вчеравечер на големата сцена на „Гранд“ се претстави и 17-годишната Мелани Тарчуловска, ќерката на Соња и Јохан Тарчуловски. Таа ги изведе песните „Пожели среќу другима“ и „Тажна љубов среќна песна“.

И покрај големата трема која се слушаше во нејзиниот глас, успеа да се избори и да ја добие наклонетоста на жирито, кое ја награди со 5 гласа, а за свој ментор го избра Ѓорѓе Давид.

Саша Поповиќ во еден момент ја праша дали го познава Ѓорѓе од порано и зошто го избрала него.

„Никој не го избра вечерва“ – го насмеа таа целото студио со својот искрен одговор.

„По оваа реченица, среќен ти пат за Скопје, овде нема што повеќе… Ѓоле дали ја сакаш“ – се пошегува Поповиќ.

Забава

Колумбиец пее македонски песни со цел повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна нашата музика

Published

on

Колумбиец одушевува со изведбата на македонски песни.

Иако нема потекло од нашата земја, Јанко Пенафорт со својот бенд ги шири нашите песни со цел, како што вели тој, „повеќе луѓе во светот да слушнат колку е прекрасна македонската музика“.
Јанко се вљубил во Македонија за време на неговата прва посета во март 2022 година и уште тогаш ја засакал македонската музика.

„Моето име е Јанко. Јас сум професионален музичар од Богота, Колумбија. Немам никакви македонски корени. Оваа година поминав неколку месеци во Македонија и се заљубив во вашата земја и вашата музика. Македонската музика е симбол на храброста и борбата за слобода, но истовремено и прекрасна музика. Чест ми е да ја славам Македонија преку музика“ – пишува тој на својот Facebook профил „Колумбиец пее на македонски“.

Јанко учи да зборува македонски јазик, а последната негова изведба ја најави токму на македонски јазик.

„Јас сум Колумбиец кој ја сака македонската музика. Со мојот бенд од Колумбија и Венецуела, песна за вас“ – вели тој.

Continue Reading

Забава

Испливаа снимки од клубот во Тетово во кој девојките заработуваат по 3000 евра, па и многу повеќе?! 

Published

on

Еве што прават таканаречените „анимир-дами“ кои работат во клуб во Тетово за кој зборува целиот регион

Оваа девојка не крие дека работела како анимир-дама

Софија Јаниќијевиќ е една од најистакнатите девојки во „Елита 8“ посебно откако го заведе момчето на бремената Милица Величковиќ.

вој пат во фокусот е нејзината работа со која што се занимавала во Тетово, која што го „шокираше“ целиот регион.

Како што пренесуваат српските медиуми, Софија работела како анимир-дама, а за истото и самата има зборувано пред камерите.

За ова зборуваше и нејзиниот фризер Александар кој откри дека многу девојки кои доаѓале кај него да им ги средува косите работат во Тетово. И како што вели тој, тие му кажувале дека таму се чувствуваат заштитено и дека никој не смее да им прави проблеми.

Софија Јаниќијевиќ, Приватна архива

Ноќе продаваат епрувети, односно имаат костуми што ги облекуваат, во кои изгледаат поприлично провокативно.

Нивната задача е да пијат со гостите. Не смеат многу да се движат и да излегуваат. Тука се да ги намамат гостите и да ги анимираат“, вели Александар, додавајќи дека на овие девојки сместувањето им е обезбедено, но и дека тие со оваа работа можат да заработат од три илјади евра, па и многу повеќе.

„Тоа е сезонска работа, а девојките што имаат најдобра комуникација одат и почесто“, изјави тој за „Премиера викенд специјал“.

Инаку, за „фамозните“ епрувети неодамна зборуваше и Сања Грујиќ, во емисијата „Ријалити решетање“ која исто така има работено во Тетово, во истиот клуб за кој зборуваше и Александар.

Како што вели таа, тешко дека некој може да заработи голема сума на пари од овие епрувети, бидејќи од нив заработката е само околу 10 денари по епрувета, па дури и помалку.

„Тоа може да ти биде како некој добар џепарлак, но ти да купуваш авиони и камиони, тоа е нереално. Самиот тој факт зборува за тоа дали мојата и нејзината се всушност иста работа во прашање“, изјави Сања.

https://youtu.be/ea3XsmjTTPA?si=bCXyDJ1OhiU_H7D9

Потсетуваме, за клубот во кој што работела Софија во Тетово неодамна пишуваше и српскиот портал „Република“

Тие воедно беа и да го посетат истиот, па направија и снимка од нивната посета и истата се уште може да се види на Јутуб.

И како што известуваат тие, во моментот на снимањето во близина на клубот немало никој, освен паркиран автомобил.

Како изгледаше нивната посета, погледнете во продолжение…

https://youtu.be/XOS20gvIWro?si=u5rwI2zpvkGuh_ll

Извор: Glamur.mk

Continue Reading

Забава

Хороскопски знаци кои нема да знаат што да прават со своите пари во следните 5 години

Published

on

Астролозите предвидуваат дека некои хороскопски знаци ќе доживеат исклучителен финансиски успех во следните пет години. Оние кои имаат финансиска среќа ќе можат да уживаат во своите достигнувања.

Четири знаци, кога се во прашање финансиите би можеле, според астролозите, да здивнат, пишува порталот „Н1 Словенија“.

Водолија

Во следните пет години ќе доживеете убави моменти, особено финансиски. Вашата креативност, интелигенција и способности ќе ви овозможат да остварите значителен приход без многу напор. Сепак, важно е да не потрошите се’. Се препорачува да одвоите дел од приходите за заштеди и да создадете финансиски фонд за непредвидени ситуации.

Риба

По години на предизвици, во иднина ве очекуваат големи финансиски можности. Вашиот успех ќе се заснова на вашите професионални таленти и способност да изградите добри односи со колегите и клиентите. Не ги пропуштајте можностите за професионален развој и дополнителни курсеви, бидејќи тоа може да ви помогне да напредувате и да ги зголемите приходите.

Рак

Вашата сила и успех често се поврзани со вашата способност да им помагате на другите. Во следните пет години среќата ќе ве следи токму поради вашите добронамерни постапки. Тоа ќе ја отвори вратата за многу можности да ги покажете вашите таленти и да постигнете личен и финансиски напредок. Според прогнозите на астролозите, во овој период ќе го достигнете врвот на вашите достигнувања и ќе уживате во успехот.

Бик

Во годините што доаѓаат, ќе уживате во резултатите од вашата напорна работа и постојаното подобрување. Со вложување во сопствените знаења и вештини, ќе напредувате, што ќе донесе богати финансиски резултати. Не плашете се да се соочите со предизвиците. Сè што правите ќе ве води кон вашите цели. Во следните пет години ќе можете да се збогувате со финансиските грижи.

Среќни ќе бидат оние кои во наредните години ќе знаат да ги искористат своите таленти, да ги прифатат можностите и да не се плашат да инвестираат во својата иднина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк