Поддршка за нашите ракометари – Среќно момци, со срце на терен !

Македонските ракометари денеска го започнуваат својот настап на Светското првенство, а среќа им посака од ФФМ.

-Се чини дека оваа година започнува нова ера за македонската ракометна репрезентација. Зад нас оставивме големи имиња на големи натпреварувања. Погледот напред нуди нови амбиции. Да се ​​надеваме дека во „ДНК-то“ на оваа репрезентација ја има таа важна карактеристика – „знаат да победуваат“. Со среќа на натпреварите од Светскиот ракометен шампионат, порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.

Македонските ракометари вчера одржаа тренинг во Таурон Арена, каде вечерва од 20:30 часот против Норвешка го играат воведниот натпревар во групната фаза, на својот осми настап на мундијалските турнири, а шести во серија.

За дуелот против фаворитот во групата Ф, според најавите, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе имаат голема поддршка од македонските навивачи на трибините на Таурон Арена со капацитет од 15.000 седишта.