Фалангата доби признание од организаторот – Македонците направија фантастична атмосфера! (Фотогалерија)

Официјалниот полски профил на Светското првенство, се заљуби во македонските фанови кои синоќа креираа убава атмосфера во „Таурон Арената“.

Македонските ракометари доживеаа висок пораз од Норвешка, но македонските фанови креираа одлична атмосфера која ги импресионираше организаторите.

На официјалниот полски твитер профил за Светското првенство, организаторот на двапати ја истакна фантастичната атмосфера која ја креираше Фалангата.