Connect with us

Македонија

“Јас не сум коњ во фигурите на шахот: Или сум претседател, командант, или не сум“

Ахмети до „Огнените“: За една болва не се кршат ќерамидите на куќата, ниту и се урива кровот – никој не може да ми наметне ултиматуми

„Запрашан за изјавата на потпретседателот на ДУИ Изет Меџити дека ‘поради една болва не се гори јорганот’ во врска со ситуацијата меѓу групата на незадоволници во ДУИ и министрите во извршната власт од оваа партија, лидерот на „интегристите“ Али Ахмети одговори: ‘За една болва не се кршат ќерамидите на куќата, ниту се урива кровот на куќата’.“ – објави ТВ 21.

Инаку, Изет Меџити јасно целеше на вицепремиерот Артан Груби, но барем засега останува нејасно на која „болва“ мислел Ахмети.

ТВ 21 во својата информација натаму пишува: „На партискиот собир на ДУИ во гостиварското село Чегране Ахмети денес ги коментираше и постапките на групата на незадоволници во партијата. Ахмети нагласи дека се надева оти тие незадоволници ќе размислат и дека нема да продолжат со поделби.“

„Не чувствувам никаква обеспокоеност, вистина е и кажувам меѓу браќата: чувствувам душевна болка, бидејќи децата ги растеле со амблемите на ДУИ, сме си оделе едни на други на свадби и веселби. Мислам дека ќе поразмислат и оти нема да продолжат со поделбите. Јас не сум коњ во фигурите на шахот: или сум претседател, командант, или не сум.“

Лидерот на ДУИ кажа дека им ставил на знаење на незадоволниците дека грешат.

‘Сум им рекол дека грешат, бидејќи мене не може никој да ми наметне ниту ултиматуми, ниту програмски линии и платформи, бидејќи тоа го воспоставува партискиот Конгрес, а јас ги спроведувам одлуките на Конгресот и одговарам пред Конгресот. Така што, ДУИ никогаш не била посилна.’ – рече Ахмети на овој партиски собир.“

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг