Една од нашите најатрактивни водителки, а и пејачки (иако кратко се обиде во музиката) беше Даниела прво само Спасовска, а потоа и Гошевска или попозната како Дени Зона Х.
Оние малку повозрасните, или подобро речено што се родени пред 2000 години, сигурно се сеќаваат на девојката која ја гледавме како ТВ водителка во забавно-музичките емисии од типот на (Зона-Х).
Потоа ја гледавме како модел во видеоспотовите, како пејачка во своето видео, ни се смешкаа од насловниците на списанијата и магазините, календарите…“, објави пред извесно време Вистина.мк за нашата атрактивна водителка.
Русокосата убавица со ангелско лице и совршено складно тело, скопскиот „крем“ ја запозна како убавата келнерка од „Чао“, култното скопско кафуле во ГТЦ, каде долго работеше.
Но, Даниела тогаш само Спасовска, денес и Гошевска – Дени беше како создадена за фотомодел. Со лице кна моден камелеон кое трпи исклучителна моќ на трансформации на фотографиите, некои дури и ја споредуваа со тогаш најпоозната манекенка на светот, славната Кејт Мос.
И не беа далеку од вистината, барем според убавината и појавата. Непосредноста, широката бисерна насмевка и секако убавината беа нејзините заштитни знаци, кои од кафулето ја однесоа пред фотобјективите и камерите, па Дени ајнцерот го замени со микрофонот.
Беше една од најатрактивните ТВ водителки и модели од крајот на 1990-тите и почетокот на новиот милениум, но и промотер и пионер на електронска музика или техно музика како што ја нарекуваа во тоа време, со својата емисија „Зона Х“, која го третираше токму тој прогресивен, нов звук и неговите жанрови и правци.
Долгогодишната врска со нејзиното момче, денес сопруг Миле Гошевски, ДЈ, автор и продуцент и еден од пионерите на електронската музика кај нас ќе придонесе водителката да се обиде и како пејачка.
Песната и особено видеото насловени „Овој град е магичен“ на ДСГ (Даниела Спасовска Гошевска) беше своевидна револ-уција за тоа време.
Не заради вокалниот потенцијал на пејачката секако, ама заради сето останато – чекор од „7 милји“ пред другите. Сепак, пејачката кариера на Дени остана само на обид, фотомоделството остана само хоби од минатото, а водителството полека го замени со друга професија.
Стана сопруга, наскоро потоа и за прв пат мајка, се вработи во секторот за продажба на тогашниот Мобимак, па мајка по втор пат…
И така времето полека си минуваше“, се вели во текстот на Вистина.
-Станав сопруга па наскоро потоа и за прв пат мајка, се вработив во тогашен Мобимак во сектор продажба, станав мајка по втор пат…(се смее). И така времето си поминува… Работата како модел која повеќе може да ја наречам хоби остана во мојата глава како минато, убаво, забавно и интересно поминато време.
Сега сум целосно ориентирана кон бизнис сегментот и работите кои се подинамични, во кои се бара многу ангажман, едноставно вложување и на многу енергија и финансии.
Семејството ми е најважното нешто во мојот живот. Среќна сум што имам прекрасен сопруг во секоја смисла на зборот и деца кои ме направија најсреќна личност на светов, така барем јас се чувстувам затоа што ги имам нив.
Семејството ме направи да сум многу јака и силна, ме исполнува со позитивна енергија и со неизмерна љубов, едноставно сум пресреќна… Што човек да посака повеќе…“, изјаво Дени во една прилика за Фешнел.
Денес, Даниела Спасовска Ѓошевска или Дени е семејна, деловна жена и мајка на двете слатките дечиња: поголемиот Максим и помалата Мила. А, според сликите кои ги постира на Фејсбук може да се види дека е доста посветена на семејството.
Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат
На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.
„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.
Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.
„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.
Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.
Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.
Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.