Connect with us

Македонија

Тасевски: Ти Таче како си? Константно глуп си уште, така?

Откако бугарските власти пратија летало за да го пренесат охридскиот Бугарин, Христијан Пендиков, познат на полицијата како нарко-дилер, а македонските власти дадоа ветување дека дека ќе се спроведе истрага, го осудија настанот и пресудија уште пред да си ја завршат својата работа надлежните органи, актерот Сашо Тасевски со коментар:

Море, море, со авион го евакуираа.
Сега таму лекарите ќе утврдат дека му фалат два бубрега, срце, мозок…. ај за мозокот може нема да излажат….
И ќе му кукаат на Брисел: Гледате какви се Македонците, му ги продале органите на нашиот штитеник. Ја користат секоја шанса да не клецаат, клеветат, понижат пред светот.
А тој штитеникот нивни, нашава полиција го фатила со кокаин пред некој месец. Благонадежен малиот. Вистински потомок на цар Борис.
Не знам дали има кривична против него. Ало има, затоа е циркусот и евакуацијата. Го спасуваат своето чедо од срам. Може и ќе си го задржат таму. Нема да се врати.
Туку шо правиме со квислинзиве осд СДС?
Зошто дозволувате ваков циркус.
Бугарски авион да евакуира сомнителен тип поврзан со дрога, кој изел ќотек во кафана и од него да се прави политичка жртва.
Токму вашето нереагирање на нацистичките говори на бугарски агенти провокатори, резултира со уште поголем револт на Македонците. Зашто гледаат дека во нивната сопствена земја нема кој да ги заштити од бугарскиот наци шовинизам.
Тој истиот гомнар кој среде Скопје се дереше дека Македонија е бугарска додека полицијата на сељанчено Обиџуко немо го слушаше, сега на бугарски тв повикува да ни дошле овде и да не скршеле од ќотек
Повикува на окупација. А бе руско сценарио. Ни ги тепаат бугарчињата, мора да ги браниме.
Ти Таче како си?
Константно глуп си уште, така?
Зошто уште не ги затворите бугарашките антимакедонски клубови, именувани според бугарски наци слуги на Хитлер.
Вака, тие се трн во око и навреда за секој Македонец.
Ама нема да ги затворите, зашто сте коктел од трипер, шуга, вошки и пролив.
Затоа завршено е со вас.
Само штета што ќе останете неказнети штом заминете од власт.
А треба дебело да одговарате за многу нешта, а особено за вашата бугарашка одисеја и вашата политика НАПУПЕНИ ЗА БРИСЕЛ ДО СМРТ.

Македонија

Фатен камион со скриени икони и верски предмети на влез во Македонија

Царинската управа открила обид за шверц на икони и други верски предмети на граничниот премин Дојран. При контрола на товарно возило минатата недела, царинските службеници пронашле вкупно 842 различни верски предмети, 50 креми за лице и 84 килограми мед. Стоката била сокриена во 16 кутии и една ќеса во товарниот дел од камионот.

Според соопштението на Царинската управа, откриените производи не биле прикажани во царинската документација. Нивната вредност изнесува 899.460 денари, додека избегнатите давачки се проценети на 327.067 денари.

На фотографиите објавени од царината јасно се гледа дека меѓу запленетите предмети има и голем број икони.

Continue Reading

Македонија

Чучуљ: Комисијата за борба против корупција ќе постапува без разлика на политичката припадност

Новиот претседател на Антикорупциската комисија, Адем Чучуљ, истакна дека Комисијата ја поздравува секоја иницијатива за борба против корупцијата и ќе постапува секогаш кога има основ за тоа, без разлика дали сигналите доаѓаат од власта, опозицијата или граѓански организации.

– Ја поздравуваме секоја иницијатива за борба против корупцијата, било да е од политички партии, здруженија на граѓани или медиуми. Ќе ги следиме сите јавни настапи и секогаш каде има основ за постапување, ќе постапуваме. Сепак, треба да се има предвид дека ДКСК е превентивно тело и нашите капацитети за истраги се ограничени, појасни Чучуљ во вечерашното гостување во централниот дневник на „Сител“.

Во врска со најавите на опозициската СДСМ за објавување на снимки за наводни коруптивни активности на власта, Чучуљ рече дека Комисијата ќе ги разгледува сите случаи каде постои основ за постапување.

На прашањето за можноста да се ревидираат предметите од мандатот на претходната претседателка, Чучуљ рече дека нема потреба за тоа бидејќи сите одлуки биле донесени на јавни седници со мнозинство гласови. Дополнително, тој појасни дека распределбата на предметите е електронска и се врши според принципот на ротација, што ја елиминира можноста за влијание од страна на претседателот.

– Претходната претседателка ја смени распределбата на предметите во позитивна насока – по случаен избор, наместо по азбучен ред, што значи дека системот ги распределува предметите без влијание на претседателот, подвлече Чучуљ.

За својот избор за претседател и едногласната поддршка од пратениците, Чучуљ рече дека е изненаден и благодарен и ја гледа оваа поддршка како морална и професионална обврска да ја оправда довербата.

Тој најави и поголема транспарентност кон медиумите, со редовни брифинзи по една или две седници и подготовка на нова стратегија за соработка со јавноста.

Continue Reading

Македонија

ПАРКИРАШ „САМО МИНУТА“? КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ – КАЗНИ И ЗА ТЕЛЕФОН!

Главната цел на проектот „Сејф сити“ е да се обезбеди што поголема безбедност на учесниците во сообраќајот, како и на пешаците. Бројот на паднати опомени покажува дека граѓаните реагираат позитивно, вели Сашо Топаловски, началник во СВР Скопје во интервју за порталот „Република“.

Тој најавува дека граѓаните со казната ќе добиваат и фотографија од прекршокот. Системот може да го слика и целото возило, може да го слика и горниот дел заедно со таблиците. Кога се поминува на црвено светло се снима задната таблица и ќе се гледа задната шофершајбна и моментот на поминување на црвено светло.

Топаловски потсетува дека жолтото светло не е за поминување, туку за возачот да се подготви да застане. Речиси сите сообраќајници во Скопје се направени со трепкач на зеленото светло, тоа трепка три пати пред да се вклучи жолто светло.

– Жолтото светло и законски е наведено дека не е за да поминете туку за да застанете. Ако вие како возач го забележите жолтото светло, немате да кажете зошто сте поминале, не сте безбедни самите вие. Жолтото светло е за да ве предупреди дека треба да застанете. Вие може да поминете на зелено и кога ќе поминувате на раскрсницата тоа да стане жолто и тогаш нема да ве регисрира системот. Камерата има прецизна зона каде треба да се најде вашата таблица, каде треба да навлезе вашето возило во раскрницата после пешачкиот премин за да ве сними заедно со црвеното светло. И тука има непобитен доказ, го гледате вашето возило со регистрацијата влезено во раскрсницата и горе го гледате црвеното светло. На жолто светло се кочи и се припрема за следното тргнување. Можеби и на другата страна некој истото го вика ако помине на жолто – објаснува Топаловски.

Нема можност за човечко влијание

Началникот објаснува дека системот Сејф сити е проектиран да не може врз него да влијае човечки фактор и сѐ прави сам. Внесува податоци, ја испраќа пораката, снима и го пакува во фајл.

– Нема можност човек да ве извади од систем за да не добиете порака и прекршочен платен налог – уверува Топаловски.

Тој потсетува дека законската регулатива за движење во градска зона е 50 и дека сите инженери проценуваат дека при таа брзина секоја реакција на возачот е благовремена и смртните последици се невозможни.

– За од 0 до 10 километри на час казната е 10 евра или на половина 5, или онаа што е над 10 километри на час до 30 е 45 евра. Тоа се казни за да ви текне дека правите грешка и дека таа грешка може да биде кобна. Сега само тестираме дали со 52 или 55 го добивааме нивото на безбедност. Ова и ние го знаеме и заедно со граѓаните планираме статистички да пресметаме и да објавиме кој систем на нивелација ќе го избереме. И камерите кои се нивелирани во Биро за метрологија покажуваа нивелација од еден до два проценти. Ги анализираме сите европски земји и заедно со граѓаните во една јавна дебата ќе одлучиме. Толеранција има и на сегашните радари. Да не се тревожат траѓаните, ова е тест фаза – вели Топаловски.

Ќе се казнува и за зборување по телефон

Тој вели дека ќе се казнуваат сите вообичани прекршоци што се прават во сообраќајот, како што се полукружно вртење, каде што не е дозволено, погрешно престројување, а понатаму ќе се воведуваат казни и за зборување на мобилен телефон. Началникот предупредува и да се почитува забраната за паркирање и застанување на сообраќајници на кои тоа е строго забрането.

– Ги замолувам граѓаните на тие места да не запираат и паркираат, макар и привремено затоа што има и други места каде што законски може три или пет минути да се застане. Системот понуди решение, а тоа се специјализирани полициски возила кои се опремени со камери кои се поврзани со системот „Сејф сити“. Во нив полициски службеник кој управува и полициски службеник кој го гледа мониторот, поминуваат по главните сообраќајници и ги сликаат сите возила кои се паркирани, а возачите пијат кафе. Додека го пијат кафето ќе им стигне порака дека штотуку им стигнал прекршочен платен налог. Тогаш ќе сфатат дека наместо да платат кафе кое ќе чини 1.500 денари ќе биде подобро да се паркираат на безбедно место и кафето да ги чини многу поевтино – вели Топаловски.

Ако баба лаже, снимката не лаже

По сторувањето на сообраќајниот прекршок во рок од 24 часа стасува порака. Возачот има рок да го отвори линкот. Ако не се отвори пораката за 24 часа, стасува нова која ќе го потсети дека има порака за која има рок од 8 дена да ја отвори.

– Кој ден и да ја отворите пораката од тој ден почнува рокот за приговор. Ако ја отворите пораката петтиот ден имате 8 дена да ја платите пола и да завршите или да се жалите дека не сте возеле вие, да го донесете лицето или да донесете изјава кој возел. Сето ова е во рокот од нови 8 дена. Жалбената постапка во судот за прекршоци е на товар на оштетениот. Вие треба да отворите приговор a наш е товарот за доказната постапка пред судот. Кога ќе се спореди снимката другата страна нема да има аргументи. Ако во рок од 8 дена не ја отворите пораката, во следната порака ќе ви стигне дека сте го изгубиле рокот за плаќање половина сума. Следните 8 дена ви се за плаќање цела сума или да вложите приговор кон МВР што оди во суд. Ако и во вторите 8 дена, не ја отворате пораката, тогаш го губите правото на првите 8 дена за пола сума, го губите правото на вторите 8 дена бидејќи не сте ја отвориле пораката, не се интересирате, ниту сте поднеле приговор. Во тој случај МВР преку системот на УЈП ќе ви ги одземе парите од сметка. Не се исплати за 5 евра или за 23 евра да влегувате во доказна постапка, да правите трошоци и на крајот да ви докаже судот дека ве има на слика, што е непобитен доказ. Треба да сфатите дека сте направиле грешка, тоа е идејата и да си речете од денеска ќе почнам да возам правилно. Ако сте ја заслужиле невозможно е да избегнете плаќање на казната – вели Топаловски во интервју за порталот „Република“.

Лани во Македонија имало 142 жртви во сообраќајот. Во првиот ден од тест фазата на системот „Сејф сити“ во Скопје беа регистрирани 110.000 прекршоци, а веќе вториот ден беа преполовени. Тоа значи дека граѓаните реагираат на промените и дека расте свеста за безбедноста во сообраќајот.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг