Connect with us

Uncategorized

Денес се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски – многу клеветен и злосторнички гонет

Published

on

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Символот на Верата кој на Соборот беше усвоен.

По смртта на Александар, свети Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватните куќи, по пустините.

На двапати бегаше во Рим. Едвај недолго пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше. Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како светиот Атанасиј.

Но, неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец. Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Uncategorized

Нова промена што одзема здив – познатата пејачка Анета Љумаковска НЕ сте ја виделе во вакво издание

Published

on

Пејачката во изминатиов период повеќе пати ги менуваше фризурите, но ова издание досега не го испробала.

Пролетта за многу жени е одличен период за големи одлуки и промени, како на деловен план, рака и во приватниот живот.

Ова секако се однесува и на уредувањето на домот, но и кога се во прашање гардеробата и фризурите.

И дека тоа навистина така функционира овие денови можевме да го видиме и од најновото издание на Анета Љумакоска.

Имено, познатата пејачка изненади многумина со својата нова боја на коса, посебно што во вакво издание досега не сме ја виделе.

Анета долго време беше позната како бринета, а потоа едно време кокетираше со светли руси нијанси, за да деновиве премине во таборот на црвенокосите. Но пејачката и ова промена не ја задржа долго, така што сега повторно ги изненади сите, овој пат со уште посветли, црвени нијанси.

Новата боја на косата на Анета ги изненади сите

Пејачката минатата година ги изненади сите со својата „пикси“ фризура која потоа порасна во една од најпопуларните фризури.

Станува збор за елегантна боб фризура која пејачката ја носеше некое време, а сега реши да отиде и еден чекор подалеку.

Таа направи промена за која навистина е потребна храброст, а резултатот е – светли црвени нијанси кои привлекуваат погледи.

Нејзините фанови веднаш го пофалија ова нејзино издание, а како пејачката изгледа сега, погледнете во продолжение…

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк