Connect with us

Бизнис

НЕВЕРОЈАТНО – Овој Golf 2 се продаде за повеќе од 80.000 ЕВРА, еве зошто… (Видео)

Published

on

Во САД втората генерација на Golf постигна неверојатна цена од 87.000 долари или 80.300 евра на аукција

Некој одвоил за VW Golf II сумата за која можете да добиете нов Golf R, а тоа се два примерока.

2022 Volkswagen Golf R Base Hatchback
Golf R Hackback

А за толку високата цена виновни се двајца купувачи кои се степале и ги подигнале сумите до небо.

Имено, текот на аукцијата го следеше вообичаениот ритам до сумата од околу 35.000 долари, а потоа со своите понуди се истакнаа двајца корисници, Кбод и Пабловв. Останатите паднаа на 45.000 долари, а потоа останатите две се нафрлија на голфот како да е суден ден.

Застанале на споменатата сума што ја понудил Пабловв, пишува Index.hr.

Аукцијата Bring-A-Trailer предизвика неверојатен интерес. Во него учествуваа повеќе од илјада корисници, а рекламата собра над 620 коментари.

Објектот на аукцијата бил VW Golf II GTI 16V од 1992 година со поминати 85.000 километри. Колата е во повеќе од пристојна состојба, со обемна опрема и целосна историја на сервисирање.

Бизнис

Објавен е огласот за закуп на „Македонско село”, од први јуни комплексот почнува со работа

Published

on

Денеска во печатените медиуми објавен е огласот за избор на концесионер за комплексот „Македонско село”, кој се наоѓа на падините на Водно, блиску до селото Нерези. Комплексот се состои од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, делови се користат како хотелски соби, а некои имаат и ресторантски дел.

Огласот е поделен на четири дела, односно постои можност различни концесионери да се пријават за закуп на поединечни сегменти на комплексот или за комплексот во целина. Почетната цена за закупнина на целиот комплекс изнесува 240.000 денари, а почетната цена на концесијата на поединечните делови е 44.529 денари, 49.868 денари, 54.839 денари и 91.575 денари.

Закупецот/закупците ќе имаат обврска да ги преземат сите потребни активности за оспособување на Комплексот за почеток со работа од 1.06.2025 година.

Continue Reading

Бизнис

Николоски во работна посета на Косово: Разговори за железничко и патно поврзување

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, денес престојуваше во работна посета на Косово, заедно со заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски.

Посетата се реализираше на покана на косовскиот министер за транспорт, Либурн Алиу, при што македонската делегација се запозна со неколку значајни инфраструктурни проекти што моментално се спроведуваат во Косово.

Во фокусот на разговорите беше подобрувањето на транспортната поврзаност меѓу Македонија и Косово, при што се разговараше за железничкото поврзување Скопје – Приштина, како и за можностите за изградба на патниот правец Тетово – Призрен.

Министерот Николоски потенцираше дека соработката со соседните земји е од клучно значење за економскиот развој на Македонија, нагласувајќи дека подобрата инфраструктурна поврзаност ќе донесе побрз транспорт, зголемена трговска размена и повеќе економски можности за граѓаните на двете држави.

Continue Reading

Бизнис

Државните институции ќе плаќаат струја по цени на Македонската берза, референцата ХУПЕКС оди во пензија

Published

on

Во договор меѓу Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и МЕМОнаскоро сите државни институции струја ќе плаќаат по цена што е постигната на Македонската берза за електрична енергија. Цената од ХУПЕКС повеќе не е референтна. Ова е потег за почит и е многу значаен за раст на тргувањето и развој на Македонската берза за електрична енергија. Затоа што Македонската берза станува релевантна, а нејзината цена станува референтна за стотици државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја

Сите македонски државни институции ќе плаќаат  струја по цени што се формираат на Македонската берза за електрична енергија. Со овој потег Министерството за енергетика, Бирото за јавни набавки и на МЕМО, државната компанија што управува со берзата на струја, создадоа услови цената што се постигнува на тргување на Македонската берза за електрична енергија да стане референтна цена по која ќе плаќаат државните институции. Со овој значаен потег на надлежното министерство во соработка со БЈН и МЕМО завршува ерата во која во Македонија референтна цена беше таа што е постигната на унгарската берза за електрична енергија ХУПЕКС.

Ова енергетско-пазарно решение на Министерството за енергетика во значајна мерка ќе го забрза растот, а со тоа и развојот на Македонската берза за електрична енергија која функционира во рамки на националниот пазарен оператор МЕМО.

Како што најавија Сања Божиновска, министерката за енергетика и Зоран Ѓоргиевски, директор на МЕМО, сега се создаваат услови на стандардизација на техничките спецификации за сите идни јавни набаки кои државните институции ќе ги распишуваат за набавки на струја. Во сите идни јавни набавки цената на струјата што ќе плаќаат државните институции ќе се утврдува врз основа на цената што се постигнува на нашата берза за струја, а не врз основа на цената што се постигнува на унгарската берза за електрична енергија.

Со оваа значајна промена ќе се создадат неколку предуслови за раст и развој на тргувањето со електрична енергија на нашата берза. Најпрвин ќе ја зголеми ликвидноста на нашата берза затоа што цената на струјата на нашата берза станува референта за стотина државни институции кои плаќаат десетици милиони евра годишно за струја.

Тоа ќе го зголеми интересот на сегашните учесници на нашата берза, а ги има повеќе од 30. Воедно оваа промена ќе привлече и други трговци и снабдувачи со струја кои ќе ја препознаат како релевантна нашата берза. Сето ова ќе ја зголеми понудата на Македонската берза за струја, ќе ја зголеми длабочината на пазарот и во крајна линија треба да влијае и врз цените на електрична енергија кои се постигнуваат на берзата.

Зголемувањето на ликвидноста е важен фактор и за идно поврзување на Македонската берза со берзите за електрична енергија во некоја од соседните држави (таканаречен каплинг н.з.) за што секако е предуслов за воведување на еврото како валута за тргување.

Македонската берза за електрична енергија започна со работа на почетокот на мај 2023 година. Во своите речиси 20 месеци работење бележи значаен раст особено од аспект на истргуваните количества електрична енергија и бројот на активни учесници на пазарот за струја.

На нашата берза електричната енергија се тргува ден однапред што значи дека се закупува еден ден пред испораката. При тоа берзата е посредникот што гарантира дека купувачот ќе ја добие електричната енергија што ја платил, а продавачот добива гаранција дека ќе ги добие парите за електричната енергија. И за продавачот и за купувачот важно е дека струјата на продаваат односно купуваат по цената што е постигната на берзата за часовите за кои купувале електрична енергија.

Извор: Faktor.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк