Трамп ја нападна бремената Ријана: „Таа навреди половина нација. Најлошиот настап во историјата“

Трамп ја нападна бремената Ријана: „Таа навреди половина нација. Најлошиот настап во историјата“

„Епски неуспех: Ријана, без сомнение, го имаше најлошото полувреме на Супербол-от во историјата, откако навреди повеќе од половина од нашата веќе сериозно пропадната нација со нејзиниот незнабожечки јазик. Исто така, толку за нејзиниот стилист“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

„Без талент“

Многумина заклучија дека неговите коментари се однесуваат на уметничкиот перформанс од 2020 година, кога Ријана на автомобил ги напиша зборовите „За*би го Трамп“. Поранешниот претседател пред два дена жестоко ја критикуваше пејачката, пишувајќи: „Без нејзиниот стилист би била никој. Лоша е и нема талент“.

Поранешниот доктор на Трамп во Белата куќа и конгресмен од Тексас, Рони Џексон, исто така напиша за забележаниот автомобил претходно оваа недела на Truth Social. „Зошто НФЛ го покажува ова срање? Ријана не треба да биде изведувач на полувремето”, напиша Џексон.

Твитер падна по настапот на Ријана.

Потсетуваме дека за 34-годишната пејачка ова беше прво појавување на големата сцена во последните пет години, по турнејата на која беше кога во 2016 година го издаде последниот албум Анти. По настапот таа потврди дека е бремена по втор пат, а за време на настапот неколку пати го допирала по стомакот.