Connect with us

Македонија

ЧУДО во Македонија – ТРАЈАНОВ излезе од Владата, за прв пат е во опозиција !

Published

on

Демократски сојуз излегува од владината коалиција и ќе делува како опозиција истакна претседателот на партијата Павле Трајанов по состанокот на Централно собрание во партиското седиште на партијата.

– Демократски сојуз нема да ја поддржи реконструкцијата на Владата и нема да биде дел од парламентарното мнозинство, кажа Трајанов.

Се работи за коренити промени на изборните правила, преку укинување на системските предности за четири партии (две од власта и две од опозицијата), како и клучната промена Македонија да биде една изборна единица. Потоа, за борбата против корупцијата преку департизација на институциите кои работат на откривање на криминалот и донесување Закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, реформа во правосудниот систем преку ревизија на работата на судиите и донесување Закон за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка (преиспитување на монтираните полициско-судски процеси). Меѓу приоритетите се и донесување закон за формирање Фонд за младите од 2% од Буџетот, како и вработување на сите студенти по дипломирањето во јавниот или во приватниот сектор на година дена со просечна плата остварена во претходната година и други-велат во партијата.

Општинските организации на Демократскиот сојуз имаат и сериозни забелешки на соработката со СДСМ на локално ниво.

Демократскиот сојуз истакнува дека е против најавите за наводен фронт, сојуз за Европа и поделба на граѓаните и партиите кои се „за“ а кои се „против“ ЕУ, поради тоа што и Демократскиот сојуз, но и сите партии и граѓани се за Македонија што побрзо да стане полноправна членка на ЕУ.

Македонија

РАБОТНИК ОД БАНГЛАДЕШ ЗАГИНА ВО КРАТОВСКО

Published

on

Триесет и петгодишен работник од Бангладеш загинал додека извршувал работни задачи во кратовското село Кетеново.

„На 06.02.2025 во СВР Куманово било пријавено дека при извршување работни задачи за приватна фирма во село Кетеново, кратовско, А.Р.(35) од Бангладеш се заглавил во работна машина за правење бетон и од здобиените повреди починал на местото“, велат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар констатирал смрт, а за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор. Увид извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

ЈАНЕ ЧЕНТО ЗА СМРТТА НА ИГОР ЈУГ: Тие што го направија оваа имаат име и презиме и мора да одговараат!

Published

on

„Игор е првата жртва на овој гнил систем кој не намести да лежиме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.“ напиша Ченто.

Почина Игор Југ. Игор е првата жртва на овој гнил систем кој не намести да лежиме на правдина во затвори со тешки маки и тортури кои ги преживувавме секој ден последниве 8 години.

Многу пати сум зборувал со него дека не можат да не разберат надвор низ што се поминуваме и каков пекол ни ги направија животи.

Ние бевме цврсти пред надворешниот свет но душата ни знае како се чувствувавме внатрешно.

Игор е жртва на системот и тоа не смее да остане НЕКАЗНЕТО, тоа му го должиме и него и на неговото семејство.

Оние што го направија ова имаат име и презиме и МОРА ДА ОДГОВАРААТ!

Стари (како што го викав во него), нека ти е лесна земјата.

Долго време поминавме заедно во ќелиите, и тага и радост слававме заедно…

Не дочекавме да се израдуваме на слободата заедно.

Сочувство до семејството на Игор Југ.

Ивана нема да бидеш сама ни ти ни децата.

Збогум Стари, нека Господ ти ги отвори рајските порти бидејќи ти беше таков човек.

Погребот ќе се оддржи утре сабота во 14 часот на Градските Гробишта Куманово

Посмртните останки ке бидат изложени во 11 часот

Continue Reading

Македонија

Евидентирани над 240 дојави за бомби во училиштата

Published

on

Полицијата евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата и за сите е утврдено дека се лажни, изјави денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев од Тетово.

По шест часа од првата дојава и работа на терен тој оцени дека безбедноста низ целата држава е стабилна и солидна.

-Нема потреба за паника, граѓаните, и родители и сите наставници во училиштата треба да бидат спокојни. Се работи за лажни дојави, за бомби секаде кај што го направивме. Ова се работи и сите проверки укажаа дека се работи за лажни дојави за бомби. Се работи за повеќе од 240 дојави. Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки. Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави, истакна Јанев.

Се истражува која е целта и заднината на овие лажни дојави.

-Веќе сме во соработка со нашите партнери од Интерпол и од Европол. Имаме одредени траги еве ако може така да се изразам и имаме комуницирано и со колегите од Хрватска и со колегите од Унгарија коишто Хрватска пред неколку дена се соочи со истото а Унгарија, мислам дека некаде околу 23 јануари се има соочено со истите ситуации. Полицијата дополнително со сите директори на училиштата разговараат и точно добива ќе добијат во текот на денот јасни инструкции како и што понатаму треба да се прави во иднина, доколку се појави сето тоа, посочи Јанев.

МВР ќе ги преземе сите превентивни и репресивни мерки доколку има потреба и ќе открива зошто се прават вакви лажни дојави, рече директорот на новинарските прашања.

-Веќе има дополнителни состаноци помеѓу повеќе министерства, ќе соработуваме во иднина како што треба, задоволен сум дека немаше паника. Секогаш има на некого на којшто не му одговара да бидеме стабилни и безбедни, односно преку едни вакви хибридни или симулација на одредени напади или дојави за да може да направат или да го дефокусираат безбедносниот систем во државата. Македонската полиција, сите агенции за спроведување на законот во изминатите месеци покажаа јасна и неселективна и одлучна борба против сите видови на криминал, истакна Александар Јанев во Тетово.

На градскиот плоштад во Тетово во организација на Бирото за јавна безбедност денес се одржи караванот „До вас, за вас“ со цел едукативни интерактивни активности за граѓаните на тема превенција на криминалот во државата, како и грижа на заедницата. (МИА)

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк