Connect with us

Uncategorized

Стојановска: Првпат снимив еротска сцена пред 15 години, не се секирав што ќе кажат луѓето

Ана Стојановска е истакната актерка од помладата генерација. Препознатлива по филмовите на Милчо Манчевски и сè уште актуелна по последниот, „Кајмак“, таа е една од оние глумици што го привлекуваат вниманието. Како ќерка на Силвија и Ненад Стојановски, природно било да се запише на ФДУ. Денес, таа е вработена во МНТ, каде што зад себе има многу улоги и е дел од театарската сцена.

Сè уште со скорешни сеќавања од светската премиера во Токио за последниот филм, таа вели: „Таму беше многу возбудливо. Прво, затоа што бевме во Јапонија, второ, нè пречекаа како ѕвезди. Иако таму се изгубив додека се шетав низ градот, па по два-три часа лутање по улиците сама, завршив во полиција. Таму, место да ми помогнат да се снајдам, затоа што ми се испразни телефонот и не го знаев името на хотелот, полицијата ме однесе во продавница, ми купи полнач и ми рече: еве ,снаоѓај се“, раскажува Ана.

Кога уметноста е во прашање, секогаш е актуелна темата за разголување пред камера или снимањето љубовни сцени. Таа со смеење зборува за сцената со зелките на голите гради од последниот филм.

„Имаше многу коментари. Но, види, мене не ми е проблем разголувањето. Јас пред 15 години ја снимав првата полуеротска сцена. Тогаш можеби ми било малку непријатно. Со искуството стануваш посигурен. Порано повеќе се секирав како изгледам на камера, дали сум дебела, да не ми се гледа некое влакно на ногата или слично. Кога се снима таква сцена, не е сега ‘ај вие имајте секс’, сепак има техника, малку луѓе се присутни во просторијата. За разлика од театар, потешко е да се соблечеш од причина што има прашина на сцената, а кога снимаш за филм, барем е чиста просторијата“, вели Ана за „Репортер“.

Во сеќавањата за татко ѝ Ненад Стојановски, еден од најголемите македонски актери, вели:

„Го паметам како убав, голем, светол човек. Беше многу популарен, а денес многу повеќе го доживувам како актер затоа што кога почина, јас бев мала. Денес, кога гледам негови улоги, викам бил феноменален. Мајка ми ни е најголема поддршка и на мене и на сестра ми Јана“, вели Ана и додава: „Се случило да одиме на кастинг за иста улога и јас и Јана, мајка ми ни помага, ама никако не смее да каже која е подобра, ептен ќе ѝ се скараме“, се смее актерката.

Зборувавме и за Влатко Илиевски, со кого беше во љубов, па вели: „Многу го сакав. Беше многу убав и беше одличен глумец. Два дена пред да почине бевме кај него и игравме карти. Ме погоди неговата смрт“.

Зборувавме за модата, а ни откри и дека одлично готви. За љубовта, пак, вели: „Сама сум уште, сакам да се заљубам, ама научив да си ги простувам грешките и да се сакам повеќе“.

Текст на Вистина.мк

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг