Connect with us

Uncategorized

Сузана Гавазова, Сања Барбика и Ирена Лола – која е најсексапилна?

Published

on

Фолкерките од Македонија максимално се трудат да фатат чекор со времето и во ништо да не заостануваат зад колешките од државите во регионот. Рака на срце, одлично им оди тоа на нашите пејачки. Тешко дека би ја издвоиле најубавата, најсексапилна Македонка

Не се само српската, бугарската и хрватската естрада преполни со убави, атрактивни и сексапилни пејачки. По Северина и Цеца, последниве неколку години, и во Македонија „никнуваат“ такви пејачки, како печурки по дожд. За надалеку познатата расна Сузана Гавазова знаеме сè – и кога пее и кога не пее, кога доволно вкусно се соблекува за потребите на имиџот. А, таа има што и да ни покаже.

Веројатно, по стапките на Гавазова неодамна тргнаа и нејзините помлади, но и (сега-засега) помалку познати фолк-колешки Сања Цинцева-Барбика и Ирена Петрова-Лола. Намерно или сосема случајно, дознаваме дека едната ја ископирала другата. И, настана драма, како што бидува на естрадата. Особено откако Барбика и Лола направија речиси исти скокотливи пози. Не веруваме дека СЈО би се занимавало со тоа, со утврдувањето на „авторските права“, особено затоа што Гавазова си е пооригинална во однос на овие другите две. Иако и таа е со високи, црни чизми и мрежести хулахопки, си ја има барем својата оригинална поза. Гавазова не е одзади, туку е однапред фотографирана, де! Само немојте да имате расипана фантазија. Башка што фолкерките од Македонија максимално се трудат да фатат чекор со времето и во ништо да не заостануваат зад колешките од државите во регионот.    Рака на срце, одлично им оди тоа на нашите пејачки.

Со право можеме да кажеме дека тешко би ја издвоиле најубавата, најсексапилна Македонка. Така што не е ни важно која е првата што објавила (преку Инстаграм, ФБ или Јутјуб) ваква фотографија поради која очите на мажите им танцуваат. А, девојките им завидуваат на прикажаното тело-вретено и на нивните убави модни работи: кожени црни јакни, танга боди, чизми, дури и самата фризура.                                         

 (Д.М.) Вечер прес

фото: ФБ/Инстаграм     

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк