Connect with us

Македонија

Премиерот ни е инфлуенсер – потрошил 26000 евра на спонзорирање објави на мрежите

Published

on

„Не случајно моето обраќање го започнав со почитуван претседател бидејќи ја ценам и ја почитувам функцијата претседател на Владата. Претседател на Влада треба да означува достоинство, лидерство, мудрост, способност, особено во една земја која се стреми за развој, за подобро образование, за подобро здравство, стандард, со еден збор за подобар живот на граѓаните. Можев да Ве наречам и фотоволтажер, со Вашите зборови можев да Ве наречам и ружен, на ист начин како што Вие ја нарековте мојата колешка Бети. Можев да Ве наречам недоветен, корумпиран, безобразен, читач на книги во тек на собраниска седница. Или еве по најново инфлуенсер бидејќи трошите 26.000 евра за 100 дена спонзорирани постови. Но, јас Ви се обратив со почитуван, бидејќи денес лично ќе Ви се обратам Вам и сакам да го задржам дигнитетот на ова Собрание“, рече Панова.

Пратеничката додаде дека Ковачевски во своето обраќање ниту еден збор не кажа за министрите кои станаа вчера министри.

Македонија

ПРАТКИТЕ ОД ТЕМУ СЕ ПЛАТЕНИ И ИМА МОЖНОСТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБИ, НО НИЕ ИМАМЕ ЗАШТИТА ПРЕКУ КОДОТ ЗА ВЕРИФИКАЦИЈА – Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС, за Бизнис муабети на Фактор

Published

on

Овој петок во бизнис муабети на Фактор.мк наш гостин бизнисменот Игор Гешовски, сопственик на ЕЛС. Колку е вносен бизнисот со транспорт на пратки од Амазон, Тему и други.. Колку приватните пошти ја гледаат како конкуренција Македонски пошти? Колку приватни пошти функционираат во Македонија и колку милиони евра се вратат во овој бизнис. Гледајте денеска на Фактор.мк и на youtube каналот бизнис муабети заедно со Мишко Иванов.

Светска банка има најточни податоци за случувањата во светот, и тие извадија индекси дека Македонија е една од најслабите држави и во регионот, нормално и во Европа, по сервисни услуги. Гледајќи ги сите сервисни услуги, ми се допадна ова, бидејќи има иднина. Гледам што се случува во развиениот свет, денеска тоа го правиме ние. Луѓето не одат во продавница, туку продавниците ги носиме кај луѓето. Тоа е и еколошки, и се намалува времето, како и трошокот, а можат да направат и подобар избор. Недостигаат уште некои елементи за да бидедме на некакво ниво како што е развиениот свет. Но, ние успеавме да се наметнеме и да го заземеме водечкото место, односно го држиме повеќе од 50 отсто од пазарот во Македонија, и тоа не само една, туку повеќе години, вели Гешовски во разговорот за Бизнис муабети на Фактор. 

Единствени сме на Балканот што доставуваме пратки од Кинезите, бидејќи тие се платени и има можност за голема злоупотреба. Ние, пред да ја добиете вашата пратка, ви стигнува еден код за верификација, кој треба да ни го дадете, за да потврдиме дека вашата пратка го добила сигурносниот код. Курирот не го знае тој код, него го генерира централата, односно системот. Односно, имаме методологија, техника, софтвер систем, кој се разликува од другите, нагласува овој бизнисмен. 

Следете го поткастот на Фактор

Continue Reading

Македонија

Турција: Уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу

Published

on

Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул.

Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството.

Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација. На 23 март, судот нареди негово трајно апсење, а истиот ден, на внатрешните избори, опозициската Републиканска народна партија го предложи за претседателски кандидат на следните избори, што треба да се одржат во 2028 година.

Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата и стотици приведени, вклучително и новинари.

Continue Reading

Македонија

УХМР предупредува на пороен дожд, грмежи и можна појава на град

Published

on

Попладневниот развој на нестабилна облачност донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер во западните планински предели, Охридско-Преспанскиот регион и Пелагонија. Локално имаше и услови за појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

До крајот на денот, нестабилното време ќе продолжи со променлива облачност, пороен дожд и грмежи на повеќе места низ државата, а ќе дува и засилен ветер.

Според прогнозите на УХМР, и утре времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и грмежи. На одредени места се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме, со обилен дожд, силен ветер и можност за изолирана појава на град. Минималните утрински температури ќе се движат меѓу 4 и 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат од 15 до 23 степени.

Во Скопје, попладнето ќе донесе нестабилност со локални поројни врнежи и грмежи, проследени со засилен ветер и услови за појава на град. Температурите во главниот град ќе се движат од 9 до 23 степени.

Од УХМР најавуваат дека променливото и посвежо време ќе продолжи и во следните денови, со повремен локален дожд. Сепак, од вторник се очекува стабилизирање на временските услови, претежно сончево време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк