Connect with us

Македонија

Чепреганов: Албанците и Бугарите работат заедно на разнебитување на Македонија, во границите како што била поделена од 1941-1945

Published

on

„Универзитетски професори, историчари, меѓународноправни експерти и дипломати забележуваат дека постои добра координација на релацијата Приштина – Скопје – Тирана и дека ништо не е случајно ниту кажано ниту направено, па и во врска со „Заедница на албански општини“ во Македонија. Зад сè се препознава големоалбанската кауза, која на Балканот не признава државни граници поинакви од оние што се утврдени во 1913 година и делумно реализирани за време на Втората светска војна.“ – се вели во анализата со наслов „Ѝ намигнува ли некој дискретно на Софија?“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Темпирани повици за формирање „Заедница на албански општини“ во Македонија

Покрај другото, во анализата пишува: Не стивнуваат реакциите кај македонската јавност, но и во соседството, по последното барање на сега опозициската партија Алтернатива да се формира заедница на албански општини во Македонија по урнекот на Заедницата на српски општини во Косово. Целата ситуација будно ја следи и официјална Софија, која сигурно нема да седи со скрстени раце ако дојде до реализација на ваквата идеја и затоа барањето за внесување на Бугарите во македонскиот устав не е нималку наивно, како што некој сака да го прикаже.

„Нашиве заблудени политичари никако да сфатат дека историјата ни се повторува, само сега малку поинаку спакувана. Албанците и Бугарите работат заедно на разнебитување на Македонија, и тоа токму во границите како што била поделена за време на Втората светска војна.“ – смета историчарот Тодор Чепреганов.

Изјавите на министерот за економија Крешник Бектеши во Тирана дека тој не е македонски министер, лобирањето на шефот на дипломатијата Бујар Османи за признавање на Косово, зачестените „седенки“ на лидерите на албанските политички партии од земјава во Тирана јасно покажуваат што е нивен приоритет, а тој приоритет никако не се вика Македонија. Во време кога државата се соочува со отворен фронтален напад од соседна Бугарија, користењето на сопствената држава како алатка за решавање на проблемите во некои туѓи дворови може да донесе проблеми и во сопствениот двор.

Македонија

Зголемен е бројот на финансиски измами на социјалните мрежи

Published

on

Граѓаните да бидат максимално внимателни и да не споделуваат лични податоци со непознати лица, апелира СВР Битола. Полицијата ги известува граѓаните дека во изминатиот период е забележaна зголемeна активност на измамници кои преку социјалните мрежи се претставуваат  како финансиски советници кои нудат различни услуги.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на СВР Битола:

„СВР Битола ги известува граѓаните и правните субјекти дека Отсекот за компјутерски криминал при СВР Битола во изминатиот период забележа зголемена активност на измамници, кои преку социјалните мрежи се претставуваат како „финансиски советници“ и најчесто нудат услуги за тргување со криптовалути или услуги за посредување при остварување на право на наследство од друга држава. Овие лица користат лажни профили или спонзорирани реклами, често ветувајќи висока заработка и брзи добивки, со што успеваат да ги привлечат жртвите. По воспоставувањето контакт преку социјалните мрежи, измамниците комуницираат со жртвите преку телефонски повици, користејќи VOIP броеви, кои обично изгледаат како локални броеви, за жртвите да стекнат доверба.

Во текот на разговорот, тие ги убедуваат жртвите да инсталираат софтвер за далечински пристап, под изговор дека им е потребен за да им помогнат со поставување на платформата за тргување. Откако ќе добијат далечински пристап до компјутерот или мобилниот уред на жртвата, измамниците пристапуваат до електронското банкарство и ги префрлаат парите од банкарските сметки, со што им предизвикуваат значителни финансиски штети.

Исто така, во континуитет се присутни и таканаречените „Phishing“ измами кои функционираат на тој начин што до граѓаните се праќаат пораки од модифициран меил или лажиран локален телефонски број, во кои најчесто стои URL линк, кој води до веб страна што е дизајнирана да изгледа како легитимна веб страна на пошта, некоја државна институција или правен субјект, при што од граѓаните и правните субјекти  по разни основи се бара да внесат податоци од платежни картички, сметки и други лични податоци кои потоа се злоупотребени на најразлични начини.

Со цел заштита на граѓаните и правните субјекти, во насока на информирање за постоечките ризици и спречување тие да станат жртви на ваквите интернет измами, СВР Битола апелира граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не ги отвораат овие пораки и никако да не контактираат со испраќачот преку доставениот линк или да споделуваат лични податоци доколку тоа од нив се бара, како и да не инсталираат софтвери за далечински пристап на барање на непознати лица.

Исто така, да не отвораат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, а правните субјекти да преземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер, согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, а доколку постои случај во кој се компромитирани лични податоци или податоци од платежна картичка, или се сомневаат во било каква измама, за истото веднаш да ја известат банката која ја издала платежната картичка, а случајот да го пријават во најблиската полициска станица“, се вели во апелот на СВР Битола.

Continue Reading

Македонија

Интегрирање на универзитетските клиники, а не само административно спојување, ни препорачува СЗО

Published

on

Хроничен недостиг од здравствени работници, особено во специјализираните области, многу болници во државава немаат потребна инфраструктура за да обезбедат модерни здравствени услуги, застарена опрема, а некаде каде има опрема, нема персонал кој да ја употребува.

Ова се дел од наодите на мисијата на Светската здравствена организација (СЗО) за истражување на болничкиот сектор во Македонија, спроведена во март 2024 година. Клучните наоди и препораките на експертите за подобрување денеска во Скопје ги претстави доктор Јана Марин, консултат на СЗО.

Во однос на управувањето и менаџирањето на болниците, констатирано било дека управувањето е често под политичко влијание. Тие политички назначувања на директори многу често биле проследени со недостаток на јасно дефинирана рамка на одговорност.

– Во Мисијата учествуваа пет интернационални експерти предводени од Канцеларијата на СЗО за Европа кои беа тука со основна цел да ги проценат предизвиците со што се соочуваат болниците, како и да ги проценат можностите за подобрување на болничкиот сектор и усогласување со евроспките и меѓународните стандарди. Меѓу другите цели на мисијата, беа да се развие унифицирана визија за болничкиот сектор во Македонија, да се идентификуваат многу важно потребите за градење на капацитети и техничка помош на државата, како и да се промовира интеграција на услугите според нови модели на нега, каде што пациентот ќе биде во центарот на здравственот систем. Методологијата што беше користена беа средби со директори на болници и институции, клучни чинители во системот, теренски посети на болници и клиники, консутлации со меѓуанродни експерти и на крајот имаше работилница за дијалог со Министерството за здравство за креирање на здравствени политики, појасни Марин.

Првата генерална опсервација била дека во земјава има многу голем број на болници и оти болничкиот сектор е фрагментиран.

– Ние имаме, зависно како ги броиме, околу 70 болници на 1,8 милиони жители. Голем дел од нив се недоволно искористени, кај голем дел од нив се преклопуваат здравствените услуги нерационално, посочи Марин.

Една од препораките на експертите е да се направи интегрирање на универзитетските клиники во единствен координиран систем заради подобра искористеност на ресурсите и оптимизација на истите.

– Тука би сакала да нагласам дека препораката се однесува на интегрирање на клиниките, а не само на административно спојување во еден правен субјект, подвлече таа.

Доктор Аким Али, претставник на СЗО во државава, рече дека првата национална консултација за болничка реформа во Македонија што се одржува денеска, е многу важен настан. Според него, претставува пресвртница на патот кон подобра, ефикасна и ефективна здравствена грижа во државава.

Според министерот за здравство, Арбен Таравари, реформата на болничкиот сектор во државава е стратешки приоритет и морална обврска кон граѓаните.

– Нашата визија е здравствен систем што е поеднаков, поефикасен и поодговорен. Денешната консултација е значаен чекор во овој процес, служејќи како платформа за соработка и транспарентност. Светската здравствена организација и Европската Унија ни дадоа јасна визија за модернизација и трансформација на болничкиот сектор. Сегашните политики ја препознаваат потребата од промена на здравствените приоритети кон промоција на здравјето и превенција на болести. Анализите покажуваат дека стареењето на населението и промените во животниот стил бараат оптимизација на ресурсите, истакна Таравари.

Како што соопшти, според извештајот на ФЗО од 2023 година, најголемиот дел од јавните расходи се насочени кон секундарна и терцијарна заштита.

– Половина од болничките кревети се во Скопје, што создава нерамномерна распределба и предизвици за региони со ограничен пристап. Постојат значителни разлики во искористеноста на болничките кревети, при што само мал број специјалности постигнуваат оптимално искористување од 80 до 85 отсто, додека повеќето имаат искористеност од 30 до 50 проценти. Ова укажува на потреба од рационализација и подобра функционална распределба, смета Таравари.

Тој рече дека иднината на болниците ќе биде обликувана преку модернизација на инфраструктурата, реформирање на финансирањето и интеграција на услугите. Како што додаде министерот, Европа веќе применува интегрирани модели што поврзуваат примарна, секундарна и терцијарна здравствена заштита, со цел елиминирање на непотребните препреки и дуплирање на ресурси.

– Болничките капацитети треба да се насочат кон амбулантски услуги, еднодневни и краткотрајни престои, при што се потребни инвестиции во човечки ресурси, подобрување на работните услови и континуирана едукација. Рационализацијата на леглата и интеграцијата на специјализираните болници ќе овозможи фокусирање на акутната нега. Квалитетот и безбедноста на здравствените услуги зависат од соодветна регулатива, стандарди и индикатори за континуирано подобрување. Привлекување и задржување на квалификувани здравствени работници е клучно за испорака на висококвалитетни услуги. Реформата ќе придонесе кон реализација на националната стратегија за здравство 2021-2030 и целите за одржлив развој на ООН. Оваа трансформација бара храброст, посветеност и соработка на сите засегнати страни за да се обезбедат квалитетни здравствени услуги за граѓаните, рече Таравари.

Continue Reading

Македонија

Требал да одлежи во ПОПРАВЕН ДОМ ТЕТОВО, сега веќе е во ИЗ Шутка 20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска (ВИДЕО)

Published

on

20-годишникот кој ја прегази Фросина на Партизанска, има притвор од 30 дена во ИЗ Шутка, иако претходно требало да одлежи ВПД Тетово.

Ќе одлежи 30 дневен ефективен притвор кој му е определен во ИЗ Шутка, а за претходните дела, како што е наведено во соопштението на јавното обвинителство, требало да лежи како помлад полнолетник во село Волковија, близу Брвеница, меѓу Тетово и Гостивар.

Целиот текст на vecer.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк