Connect with us

Uncategorized

СКАНДАЛОЗНО ТВРДЕЊЕ – Шефот на ФБИ вели дека коронавирусот веројатно потекнува од лабораторија во Вухан

Во интервјуто за Фокс њуз, шефот на ФБИ, Кристофер Вреј, рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија. Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

Директорот на Федералното биро за истраги (ФБИ), Кристофер Вреј, изјави дека бирото проценило оти ковид-19 најверојатно потекнува од лабораторија во Вухан – градот од каде што вирусот започна да се шири кон крајот на 2019 година, по што прерасна во глобална пандемија, јави Би-би-си.

„ФБИ веќе подолго време проценува дека потеклото на пандемијата е најверојатно потенцијален лабораториски инцидент“,

изјави Вреј.

Во интервјуто за Фокс њуз шефот на ФБИ рече дека Кина „дава сè од себе за да се обиде да ги спречи и замати“ напорите за идентификување на изворот на глобалната пандемија.

Коментарите на Вреј доаѓаат еден ден откако американскиот амбасадор во Кина ја повика земјата да биде поискрена околу потеклото на коронавирусот.

Претходно и американското Министерство за енергетика изјави дека пандемијата на коронавирусот е предизвикана од кинеска лабораторија. Други американски владини агенции донесоа различни заклучоци со различен степен на доверба за наодите на ФБИ. Некои од нив со ниско ниво на сигурност рекоа дека вирусот не започнал во лабораторија, туку бил пренесен од животни на луѓе.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби во понеделникот рече дека американската влада не постигнала конечен заклучок и консензус за потеклото на пандемијата.

Како одговор на наодите на ФБИ, Пекинг го обвини Вашингтон за политичка манипулација.

„Кина остро се спротивставува на сите обиди за политичка манипулација под превезот на потрага по потеклото на коронавирусот. Бараме САД да ја почитуваат науката и фактите и да престанат да го политизираат прашањето за потеклото на коронавирусот“,

рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг.

Тензиите во билатералните врски меѓу САД и Кина се зголемија по неодамнешната сага за кинескиот балон кој се појави над САД.

Покрај ова, Соединетите Американски Држави директно ја предупредија Кина дека ќе ги таргетираат и ќе воведат санкции за нејзините фирми или луѓе вклучени во какви било напори за испраќање воена помош за Русија, односно за руските војници кои се вклучени во инвазијата на Украина.

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг