Малата Марија од Радовиш: Ми требаат патики, ме болат нозете, но не ѝ кажувам на мама да не тагува

Сузана Тачева од село Ораовица можеби ќе останеше невидлива за јавноста доколку не ѝ го посакуваше најдоброто на својата 12-годишна ќерка Марија.

Од шест години самохрано ја расте со минимален месечен приход, а имало периоди и кога немале пари за храна, па седеле сами и гладни во една соба.

Тие немаат храна за сите денови од месецот, а ниту еднаш во годината не може да си купат нова облека, додека Марија ги носи тесните патики од минатата година и не ѝ кажува на мајка ѝ за да не тагува.

А, болката ја поднесува и дома и во училиште, но Сузана е жена со здравствени проблеми и не е способна ниту да работи.

– Живееме сами со ќерка ми. Сопругот е починат. Живееме во една соба, немаме пари да ја средиме куќата, земаме само 6.400 денари од социјално, а со тие пари не може ништо да се направи. Дали за мене, дали за Марија, нешто за сметки. Тешко се живее, вели Суза.

Како млада работела со тутун и заработувала пари, додека пред 12 години ја добива Марија, но потоа го губи сопругот.

– Се сеќавам на татко ми, живеевме сиромашно. Немаме услови за ништо. И да беше жив, мислам дека пак ќе беше исто. Тој ја тепаше мама, се сеќавам на тие моменти, не можев да ја одбрана, раскажува Марија во „Срце на дланка“.

Srce na Dlanka S.3  ep.22