Connect with us

Македонија

Величенствена слика од прилепските црковни храмови (Фото)

Акатист кон Пресветата Мајка наша Богородица. Мајко на целиот човечки род, моли го Севишниот да ги прими нашите молби и даренија, за здравје и спасение на нашите семејства и нашиот народ.

Во текот на великиот пост, во петоците кога се чита Акатистот на Пресвета Богородица, верниците носат петолебие (пет лепчиња), вино, масло, и пченица за благослов на семејството, градот и државата.

Слично зборува и свети Симеон Солунски: „ На оној кој ги прима со вера( лебовите и виното), му пренесуваат благодат, исцеление и други дарови“.

Значи, голем благослов е овој леб од петолебието и треба да го примаме со вера. Но, да не го сведеме нашиот духовен живот само на обреди, туку должни сме како христијани да постиме, да се молиме, да се исповедаме, да се причестуваме, да доаѓаме редовно во црква, да бидеме почесто во друштво на ангелите и светителите кои се присутни во храмот, и тогаш сите обреди ќе дејствуваат на нас и ќе ни бидат за здравје и спасение.

И овој петок црковните храмови во Прилеп беа преполни со верници кои принесоа петолебие за здравје на своите ближни, како и за благослов на градот и државата.

Македонија

ВЛЕН: По 24 години конечно закон за правично застепеност

Коалицијата ВЛЕН го поздравува позитивното мислење на Комисијата на Венеција за Законот за правично и соодветно застапување, кој беше претставен од заменик-премиерот Арбен Фетаи, со што се дава зелено светло за процесот што ја затвора 24-годишната чекање.

Овој закон е доказ дека кога постои политичка волја, принципот на правично застапување не останува само на зборови, туку се претвора во закон. Правичното застапување се движи напред, базирано на европски стандарди и принципот на меритократија.

ВЛЕН е решен ова прашање да не остане повеќе предмет на политички игри, туку да добие целосно законско решение, за професионална, функционална и инклузивна јавна администрација за сите заедници.

За 24 години ова прашање се користеше за реторика и политички калкулации, без да се постигне законско решение. Денес, ВЛЕН го затвора овој период, претворајќи го правичното застапување во закон.

Continue Reading

Македонија

Седум од десет Македонци против покачување на платите на судиите и обвинителите

Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.

Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.

Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.

Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.

Continue Reading

Македонија

Детонации на Криволак: се уништуваат експлозиви запленети пред 15 години

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Единица за недозволена трговија со оружје, опасни материи и радиоактивен материјал, во координација со Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, согласно однапред изготвен план, преземаат мерки и активности за уништување на голема количина минско-експлозивни средства.

Минско-експлозивните средства, кои биле запленети пред цели 15 години и складирани во касарната „Ѓорче Петров“, денеска се транспортираат до армискиот полигон „Криволак“ со товарни возила на АРМ. Уништувањето ќе се спроведе во присуство на Комисијата за уништување на оружје, делови и компоненти на оружје, муниција и експлозивен материјал.

Процесот на уништување ќе го реализираат полициски службеници од Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи, стручни лица од Армијата на Република Северна Македонија и пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување, преку контролирана детонација.

Фактот што станува збор за прво уништување на ваков тип минско-експлозивни средства по цели 15 години укажува дека безбедносните ризици во минатото не биле третирани со потребната сериозност. Денешната активност претставува јасен сигнал дека со одговорен пристап, зголемена посветеност и професионално раководење, безбедноста на граѓаните конечно се става на ниво кое одамна било неопходно.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг