Connect with us

Македонија

Со 3 денари намалување на цените, лекови не се купуваат! – Пензионерка му го „плесна“ на Ковачевски кој се сликаше со артикли во маркет

Published

on

Пензионерка која претходно разбра дека премиерот Димитар Ковачевски ќе пазари во локален маркет во скопската населба Тафталиџе, го пречека за да му се пожали дека со малата пензија не може да се носи со актуелната инфлација на производите. Дополнително, му рече дека цените се замрзнати на некои производи откако претходно енормно поскапеле. Ковачевски на тоа рече дека пензиите двапати годишно се зголемуваат процентуално и дека цените се насекаде зголемени поради војната во Украина.

– Цените ги намаливме со владини одлуки или низ разговори со стопански комори. Таму каде што не можевме да постигнеме џентлменски договор, ги намаливме цените со владина одлука, рече Ковачевски.

Ковачевски заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски во изминатиот период често ги посетуваат маркетите и ја убедуваат јавноста дека цените се намалени.

Македонија

Вандализам во Германија: Балканци затнале 270 ауспуси со пур-пена

Published

on

Четворица млади луѓе од Балканот се осомничени дека систематски оштетувале автомобили низ Германија, вбризгувајќи полиуретанска пена во нивните издувни цевки. Според германската полиција, тие уништиле повеќе од 270 возила во Берлин, Бранденбург, Баварија и Баден-Виртемберг.

Во прв момент, нападите беа поврзани со радикални климатски активисти, бидејќи осомничените лепеле налепници со пораки како „Биди зелен“. Но, истрагата на германските власти сега се сомнева дека зад ова стои саботажа организирана од Русија, пишува „Шпигел“.

Еден од уапсените, според медиумот, признал дека добиле понуда преку апликацијата „Вајбер“ од руски државјанин, кој им нудел по 100 евра за секој оштетен автомобил. Исто така, им било ветено дека ќе добијат правна помош доколку бидат фатени.

Четворицата осомничени – од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија – веќе се ослободени од притвор, но истрагата продолжува. Обвинителството сè уште не открива детали за нивните мотиви, но безбедносни извори предупредуваат дека ова би можело да биде дел од насочена кампања за дестабилизација и политичко влијание во Германија, особено пред предвремените избори на 23 февруари.

Continue Reading

Македонија

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ – Бараше слобода до последен момент

Published

on

Игор Југ, еден од осудените за настаните од 27 април 2017 година во Собранието, почина на 54-годишна возраст. Југ издржуваше 12-годишна затворска казна, но беше на прекин поради влошена здравствена состојба. Осум години од животот ги помина зад решетки пишува скопје1.мк.

Во изминатиот период, Југ постојано бараше повторување на судската постапка, тврдејќи дека никој од осудените за 27 април не е терорист и дека пресудите се неправедни. Неговото последно јавно појавување беше во поткастот „Претрес со Ландов“, каде зборуваше за искуството во затвор, својата идеологија и тортурата низ која, како што тврдеше, поминал.

Неговата смрт предизвика реакции во јавноста, а се очекува и официјален став од неговите блиски и правниот тим кој работеше на неговиот случај.

Continue Reading

Македонија

Кривична пријава за поранешен директор на Општата болница Охрид

Published

on

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ш., на 39 години, од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

„Тој, во својство на вршител на должноста директор на ЈЗУ – Општа болница во Охрид, со пропуштање на должен надзор и без постоење на правен основ, на четири административни работници во болницата, кои немале решенија за раководна позиција, им определил коефициент на раководење и одговорност, со што на штета на болницата им овозможил право на повисока плата во вкупна вредност од 257.920 денари“, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Ова било констатирано и при вонреден инспекциски надзор, извршен од страна на Државниот инспекторат за труд.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк