Мајка обвинува за хомосексуална пропаганда во прво одделение во училиште во Скопје (Фото)

Мајка на дете кое посетува настава во ОУ „Кирил и Методиј“ во Скопје, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од работно ливче на кое децата учат за среќно семејство. на ливчето, како илустрација се нацртани двајца мажи и дете, а децата треба да заокружат кој е рецептот за среќно семејство.

– Домашна работа за I- во одделение во ОУ.” Св. Кирил и Методиј” Скопје-центар.
Ваква “грешка” на наставник кој го дал ова работно ливче и не е баш грешка.
Jeton Shaqiri министре!
Кога веќе имате најава дека ќе вршите измени во законот за основно образование, тогаш веднаш да ги измените и членовите од законот во кој се вметнати термините кои се против уставни и без законска регулатива! Знаете добро за што зборувам!
Секое полнолетно лице нека избере да биде што сака и нека се определи како сака, но тој, па ни било кој друг нема право да го наметнува ова на НАШИТЕ ДЕЦА од најрана возраст!
Семејството го сочинуваат МАЈКА И ТАТКО!
МАЖ И ЖЕНА!
БЕРЕТЕ УМ! – напиша таа на Фејсбук.