Младата пејачка Антониа Гиговска неодамна на нејзиниот Инстаграм профил заедно со нејзиниот тазе избраник Роберт Спасенцоски по бурата при започнувањето на наивната врска, ги израдуваа најблиските откако ја објавија среќната вест дека чекаат бебе односно ќе станат родители.
Идната мама оттогаш реши да споделува совети и искувства од нејзината блажена состојба, а со тоа да им помогне на новите мајки.
Таа од ден на ден ги радува нејзините следбеници со слики на кои се гледа трудничкото стомаче, а денес реши да ги праша актуелните трудници, меѓу кои и познатите, во која недела од бременоста се, иако таа самата не им откри.
Loading…
Затоа пак, Антониа овој пат на следбениците им откри и покажа дека се придржува до здравите навики и внимава на се’ што користи дополнително, а може да и наштети за време на бременоста.
Па така, во опуштено издание, во автомобилот облечена во црна дуксерка идната мама покажа дека се грижи се’ на неа да биде природно.
„Природна кожа 100 проценти, јас лубеница. Трудници како сме и до кај сме? Пишете во коментар која недела сте?“ – порача бремената пејачка.
Прва и пиша познатата ријалити старлетата со македонско потекло и сега ТВ водителка на српската РЕД ТВ, Тара Симов, која обзнани дека е 26 недела и до која стави емотикон од вредни пчелки како позитивен симбол, а понатаму се редеа одговорите од останатите нејзини верни обожавателки кои овој период поминуваат низ истото.
Но, за да биде се’ 100 проценти природно за здравјето и безбедноста на трудницата, Гиговска заборави да го отстрани и црвениот лак за нокти кој исто така не е прпорачлив за трудиците, бидејќи преку бојата на ноктите се забележуваат разни промени на телото на мајката па, дури и по породувањето. Затоа најдобро ќе биде пејачката да им каже „чао“ на бојадисаните нокти.
А на лекарите кои се грижат за нејзиното здравје ќе им ја олесни работата бидејќи сепак, тоа е првиот знак дека со состојбата на трудницата се е во ред.
Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 22-годишниот Христијан Настески- Пајак продолжува со музички изненадувања и го најавува дуетот со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ.
Теодора на нејзиниот профил на Instagram објави неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.
Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната.
– Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува. Се надевам дека до следната година ова време ќе излезе, напиша Теодора.
Заедно со Mc Stojan во февруари годинава го Пајак го објави хитот „Мала моја“, откако претходно го издаде синглот „Хабиби“, во дует со Антониа Гиговска. Заедно со Лара Иванова ја надминаа и фантастичнатабројка од над 16 милиони прегледи на одличната макфестовска дует песна „Bella“.
Младиот трап артист со музика започнал да се занимава уште од негова 6-годишна возраст, а талентот го наследил од неговиот татко кој е поранешен гитарист и љубител на рок музиката. Вели дека инспирација добива од други артисти, љубител е и на многу други стилови на музика, затоа што секоја музика си има своја тема, убавина и порака…
На кратко тизер од снимањето на спотот и песната можете да слушнете тука:
„Македонијо во срце те носиме“, е насловот на новиот музички проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.
„Нашите патриотски песни ја чуваат вистината за нашето потекло, за нашата борба, за борбата на нашите најголеми херои и нивната жртва токму затоа и идејата ни беше да им го продолжиме векот на песните и да ги доближиме до младите луѓе, кои, за жал, сѐ поретко растат со македонска музика. Идејата на овој проект е да го обедини македонскиот народ во вистината која носат овие патриотски песни, на кои сакаме да им дадеме свој печат, своја емоција. Поделби не ни требаат“, рече на денешната прес-конференција Бојана Скендеровски, која воедно го најави и концертниот караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.
Планирано е да се одржат концерти во неколку македонски града, а завршниот е закажан за во Скопје.
За време на говорот, пејачката наеднаш почнала да кашла и ја ставила раката преку устата, а потоа ја известила публиката: „Голтнав бубачка, извинете“. Тогаш таа се насмеа и рече: „Добро сум, ова е толку глупаво. Вкусно. О, Боже. Има ли шанси никој од вас да не го видел ова?“
Видеото стана вирално и собра стотици илјади прегледи на социјалните мрежи.
„Најсмешно е колку сите се тивки“, напишал еден обожавател, додека еден тиктокер коментирал: „Всушност можете да ги видите инсектите како летаат низ воздухот“.
„Ова е моето омилено нешто што ѝ се случило досега“, напишал друг обожавател, а бројни тиктокери коментирале дека пејачката одлично се справила со тешката ситуација.
За потсетување, нејзината турнеја е полна со вирални моменти. Некои обожаватели отидоа дотаму што носеа пелени на концертот за да не пропуштат ниту еден момент, а неодамна се појавија обожаватели кои тврдат дека не се сеќаваат на концертот.