Connect with us

Македонија

Муцунски ќе го донира покачувањето на платата во хумани цели и на семејствата на уставобранителите

Фејсбук статус на Тимчо Муцунски, градоначалник на Општина Аеродром:

Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите.

Уставниот суд донесе одлука со која се предвидува зголемување на платите за носители на јавни функции. Јас морам да ја почитувам таа одлука бидејќи е донесена од страна највисокиот орган кој ја штити уставноста во Македонија. Но, можам разликата да ја донирам и тоа со задоволство ќе го направам.

Јас сум растен и воспитуван во духот на позитивните вредности. Сметам дека меѓусебната поддршка и помош се важни. Среќата не зависи од тоа колку имаме, туку од тоа колку можеме да помогнеме и да направиме за другите.

Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели. Ова е само мал гест од моја страна кој се надевам дека ќе помогне на голем број семејства што секојдневно се борат со различни предизвици и се справуваат со економски, финансиски и здравствени проблеми.

Воедно, ги повикувам и останатите мои колеги од сите политички партии, доколку се во можност да го следат овој пример.

Македонија

Ахмети повика на протест во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК обвинети за воени злосторства во Хаг

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, соопшти дека следен протест за поддршка на поранешните команданти на ОВК, на кои им се суди во Специјализираните комори во Хаг, ќе се одржи во Скопје на 13 декември.

Според најавата, протестниот собир ќе започне во 13:00 часот на плоштадот „Скендербег“ во главниот град.

„На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопје за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје“, прецизираше лидерот на ДУИ.

Ахмети упати повик до Албанците да се приклучат на собирот, истакнувајќи ја целта за „демонстрирање на чистата борба за слобода и независност“.

Лидерот на ДУИ претходно учествуваше и на двата големи протести организирани во Приштина и Тирана, кои исто така беа посветени на поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Во Судот во Хаг, на обвинителна клупа се наоѓаат и  Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, кои се товарат за воени злосторства извршени за време и по војната на Косово.

Извор: https://politika.com.mk/archives/48700?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%d0%b0%d1%85%d0%bc%d0%b5%d1%82%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%b8-%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%82%d0%b5%d1%81%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b4%d0%b4%d1%80%d1%88%d0%ba%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf

Continue Reading

Македонија

Екстремни врнежи на удар: До 40 литри дожд по квадратен метар – опасност од локални поплави

Денес Македонија е под директен удар на голем и моќен влажен бран кој пристигнува од југ, носејќи со себе драматична промена на времето!

Не очекува тотално облачно небо над целата земја, проследено со интензивни врнежи од дожд кои ќе ја зафатат секоја општина.

Врнежите нема да бидат само обични – се очекуваат обилни количини на вода, особено во јужните региони на земјата! Таму, метеоролозите алармираат дека на локално ниво за само 24 часа може да наврнат над 40 литри на квадратен метар, што значи дека е можна појава на локални излевања и проблеми во сообраќајот!

На повисоките места, пак, се враќа зимата! На планините, на надморска височина над 1700 до 1800 метри, дождот ќе почне да преминува во снежни врнежи, кои ќе формираат нова покривка на планинските врвови.

Властите повикуваат на максимална претпазливост, особено во југот на државата, поради очекуваниот пороен дожд!

Continue Reading

Македонија

Секој трет граѓанин во Македонија се соочува со мито, покажува новиот извештај на МЦМС

Секоја трета личност во Македонија се соочила со барање или дала мито за да заврши административна или институционална обврска, покажува новиот извештај за корупција на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, на одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата изјави дека на 37% од испитаниците им било побарано мито, а 31% признале дека навистина дале мито за да ја добијат услугата што ја барале. Според него, корупцијата е втор најголем општествен проблем во земјата и, загрижувачки, „во голема мера прифатена“ во секојдневието.

Извештајот укажува на ниска доверба во правосудството – судиите и обвинителите се меѓу институциите со најниска оценка кај граѓаните, додека довербата во Парламентот е нешто повисока.

Заменик-шефот на Делегацијата на ЕУ, Бен Нупнау, порача дека Европската унија останува посветена на поддршката во борбата против корупцијата, но предупреди дека веќе три години нема значителен напредок. Тој апелираше за нов Кривичен законик, суштински реформи и деполитизација на правосудството.

Швајцарскиот и шведскиот амбасадор, Кристоф Зомер и Ола Сулстром, нагласија дека потребен е системски, долгорочен пристап за реални резултати, додека ОБСЕ порача дека промените се достижни само со активна и искрена имплементација на реформите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг