Исчезна 12-годишно девојче од Гази Баба, родителите бараат помош за пронаоѓање

Дванаесетгодишно девојче од скопската населба Гази Баба, исчезна вчера, а семејството нема информации каде се наоѓа. Последен пат го виделе кога тргнал на училиште, вчера во 7:30 (O.У. Лирија – Чаир).

Родителот на Аниса Ајро за ТВ21 изјави дека се многу загрижени и бараат помош од граѓаните, секој што ја видел или има некаква информација.

Телефонски контакт на родителот
Енгин Ајро 072232983

Пендаровски ќе добие плус 72.500 денари, Ковачевски 50.000 денари, а Битиќи дома ќе се врати со 55.863 денари повеќе!

Ниту криза ниту инфлација не ги чепка македонските функциониери по последната одлука на Уставниот суд со која нивните плати во просек ќе се зголемат за неверојатни 78%, објавува Сител.

Па така од први, Претседателот кој има највисока плата во државата ќе добие зголемување од 72.500 денари па неговата плата од околу 93.000 ќе скокне на над 165.000 денари.

Многу повеќе пари дома ќе однесат и министрите и премиерот. Нивните плати од околу 65.000 денари сега ќе скокнат за дополнителни 50.000 денари па од први на сметките секој месец ќе им префрламе по близу 2000 евра нето плата.

Зголемување ќе добијат и пратениците кои на сегашната плата од околу 60.000 денари ќе добијат плус 700 евра месечно и дома ќе однесат нето плата повисока од 1.700 евра.

Близу 80% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од Законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Иницијативата до нив ја поднел адвокат од Скопје кој не сакаше да коментира. Интересно е што Уставниот суд по иницијативата одговорил во рекорден рок од само 4 месеци, додека други иницијативи пред уставните судии чекаат и по неколку години.

„Закон е закон и мора да го почитуваме“, објасни потпретседателот на Владата кој идниот месец дома ќе однесе близу 2.100 евра плата, или околу 900 евра повеќе.

Со месеци протестираме за покачувања од 2000 денари, а тие, преку ноќ платите си ги зголемија за 80%, реагира Синдикатот на вработените во јавниот сектор.

Дел од функционерите кои следниот месец треба да добијат повисоки плати, почнаа јавно да се откажуваат од покачувањето.

„Зголемувањето на платата, согласно одлуката на Уставниот суд во целост ќе го донирам за хуманитарни цели, семејства со ниски месечни примања и семејствата на уставобранителите. Имајќи ја предвид тешката економска и финансиска состојба во која живееме, почнувајќи од следниот месец разликата во платата ќе ја донирам за хуманитарни цели“, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцункски.

Уставниот суд на седницата на 21 март донел одлука со која укина член од законот кој ја држеше основицата за пресметување на платите на функционерите на ниво од околу 26.000 денари. Потоа, оваа основица се множи со коефициент кој најчесто е меѓу 3 и 4 и се добива бруто платата на функционерот. Сега, по одлуката на судот, основицата од околу 26.000 скокна на над 46.000 денари а со тоа и платите на функционерите.

Општина Центар: На наставното ливче се прикажани татко со синови и мајка со ќерка, не хомосексуални двојки

На фотографијата, која деновиве се споделува по социјалните мрежи, од наставно ливче кое им е дадено за работа на првооделенци од основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ и кое предизвика лавина реакции од граѓаните, се прикажани татко со синовите и мајка со ќерка, а не семејства на хомосексуални двојки.

Ова го тврдат од Општина Центар, на чија територија се наоѓа ова училиште и објаснуваат дека станува збор за наставен лист, кој учениците го работат за време на часот и е завршна активност на часот, односно извлекување заклучок. Според официјалната наставна програма од МОН и БРО, како што велат, предметот Општество за прво одделение ја содржи методската единица „Семејство”, која е во корелација со содржините по предметите: македонски јазик, ликовно и музичко образование со точна дефиниција на целите на часот.

Тврдиме дека е пренесена погрешна информација во јавноста бидејќи според сценариото за час, учениците во воведна активност и активирање на предзнаења работат на дискусија на прашања на тема: Мојот дом и моето семејство, видови на семејство (потесно и пошироко семејство, еднородителски семејства, старателско, згрижувачко семејство). Во текот на часот се работи на улогите и одговорностите во домот (грижа, задолженија, одоговорност, хигиена). Завршната активност, која е погрешно пренесена, е сликата на која се прикажани татко со синовите и мајка со ќерка (можно еднородителско семејство и згрижувачко семејство) – велат од Општината за „Слободен печат“.

Оттамуобјаснуваат дека родителот кој ја објави фотографијата на Фејсбук испратил и официјално извинување до директорката на училиштето. Во извинувањето родителот вели дека во момент на афект не размислувал за последиците и за угледот на училиштето и дека постот го објавил без да се консултира и информира и без да поразговара со наставниот кадар.

(Фото) Обезглавено тело пронајдено на патот Скопје-Блаце во близина на клучката кај Визбегово

На магистралниот пат Скопје – Блаце околу 11.30 вчера (30.03.2023)часот е пријавено дека на коловозот кај клучката кај Визбегово која води кон скопската обиколница е пронајдено безживотно, обезглавено тело.

На лице место излезе увидна екипа, екипа на судска медицина како и јавен обвинител.

Според првичните инфромаци, најверојатно станува збор за илегален мигрант кој се нелегално се превезувал во приколка на камион од која и паднал, по што бил прегазен од тешко товарно возило кое не застанало и се оддалечило од местото на настанот.

Повеќе информации се најавени во текот на денешниот ден.

ПУКАЊЕ во Капиштец: Едно лице е убиено !

Утрово имало пукање во скопската населба Капиштец во близина Млечен ресторан. Жителите биле  биле разбудени и вознемирени од пукотници.

Во пукањето има една жртва, објави МКД.

Од Министерството за внатрешни работи најавени се детели за пукањето од кое граѓаните се вознемирени утрово. За сега не е познат идентитетот на жртвата.

Полициски екипи се веќе на терен и се работи на откривање на детали што точно се случило.

Фото: МКД

За нас леб 33 денари – за функционерите 1800 евра плата

„Ние добивме леб од 33 денари, а министри со плата од 1.800 евра со која ќе можат да си купат што сакаат“ истакнаа вработените во Министерството за култура кои шести ден протестираат пред Владата и бараат покачување на плата.

Втора недела се на протести, но никој од надлежните не сака да ги прими на разговор.

– Со овој протест го означуваме крајот на втората недела во која како преставници на Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, упорно бараме некој да ги сослуша нашите барања.

Очигледно „кучињата си лаат карванот си врви“. Извесно е дека именуваните функционери ќе си добијат покачување од 78% или илустративно еден министер ќе добива 1.800 евра, а еден обичен работник од државната администравија од 400 евра. Платите на функционерите ќе бидат четири пати поголеми од платите на вработените во јавниот сектор.

Министерот за финансии ќе обезбеди за нив повисоки плати и без протести. Зашто нели тие тоа го заслужуваат. Секојдневно сме сведоци на покачувања во другите сектори, освен секторот култура кој останува на маргините“, истакна од синдикатот.

Повикаа да ми се придружат другите колеги од помалку важните министерства за да се изборат заедно за достинствена плата. Бараат прием кај министерот за финансии Фатмир Бисими за да им каже кога ќе го добијат она што им следува и она покачување што веќе го добија другите министерства.

СКОПЈЕ ли е Колумбија ли е: Голем грабеж кај Скопјанка, ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА!

Голем грабеж и драма се случува во моментов во Аеродром во близина на Скопјанка каде неколку напаѓачи со хируршки маски ограбуваат објект за кој се уште не е потврдено дали е обложувалница или некој од дуќаните на таа локација.

Според нашите информации на терен се неколку полициски екипи меѓу кои и Интервентната полиција.

Засега нема информации дали ограбувачите се уапсени и дали има повредени лица.

Драма во програма во живо – „Што се случува, добро си?“(Видео)

Невообичаена и прилично непријатна ситуација се случи во програмата во живо при гостувањето на Серхио Агуеро во познатото шоу на Ибаи Љанос.

Славниот Аргентинец пред две години ја заврши кариерата поради проблеми со срцето, а проблемите продолжија и во годините по неговото пензионирање.

Во еден момент од емисијата застана, се фати за гради, а водителот исплашено реагираше.

-Што се случува, човеку? Добро си?, праша Љанос.

Агуеро му одговори: „Мислам дека имав мала аритмија“.

Водителот се понуди да го однесе Агуеро на лекар, но Аргентинецот одби.

-Не, не. Имам чип што ќе го открие проблемот и ќе испрати сигнал, рече Агуеро.

Новинарот Петровски ја запроси својата девојка во аптека (Видео)

Новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка.

Тоа го направи на спектакуларен начин – ја побара за жена својата девојка во аптека со повеќе камери.

Секако има причина за овој уникатен начин на запросување. Како што ни откри Матеја, тие баш во аптека се запознале, таму за првпат се виделе, па затоа решил ова прекрасно изненадување да го направи на истото место.

Погледнете како изгледаше ова изненадување кое Матеја и го подготви на својата сакана.

ССМ СО ОПОМЕНА: Или функционерите како работниците или работниците како функционерите !

Од Сојузот на синдикатите на Македонија реагираат за последната одлука на Уставниот суд за пресметката на платата на именуваните и назначените лица во земјава според која платите им се покачија за неверојатни 78%.