Бети Котовчевска која се капе во студени води постигна нов личен рекорд во Лапонија

Македонката Бети Котовчевска (27) е една од ретките кај нас кој го практикуваат методот на холандскиот екстремен спортист Вим Хоф, метод кој има три компоненти: правилно дишење, постепено во студена вода и посветеност.

Нејзиниот личен рекорд е капење во студена вода на минус 33 Целзиусови степени, а сега постигна нов личен рекорд – минус 34 Целзиусови степени.
„Еве вака го соборив мојот нов рекорд – мирно, смирено и среќно. Мештаните на Лапонија ми кажуваа дека не се надевале на толкав пад на температурите баш во почетокот на пролетта, затоа што цела зима ја поминале со најладни минус 27,8 Целзиусови степени“, објави Коточесвка.

И додава : Вчера беше најладниот ден во Лапонија оваа зима и температурата изнесуваше -34 степени, а јас гордо ќе си го додадам овој еден степен како најголема моја победа“.

„Умреа девојче од инфузија. Сфаќате дека нашите животи се во раце на дилетанти, полуписмени, лигуши кои преку партијата добиле дипломи за лекари, судии, полицајци, дипломи по етнички клуч…?“

Умреа девојче од инфузија. Била дијабетичар и дале гликоза

Не е првпат. Пред некој месец умреа момче од вадење заб во Штип. Кретенот му вадел заб на тврд оток. И сепса.

Дилетантизмот е заштитен знак во медицината кај нас..

Направиле нешто обратно. Ко на чоек што има притисок двеста да му дадеш пет вијагри и да му речеш, клецај.

Ко да распалиш скара во авион на 10.000 метри.

Ко механичар папучата за гас да ја поврзе со кочницата.

А бе грешка. Се случува. Не бе, за вакви грешки се оди во прдекаана. Паѓаат министри и влади.

Сфаќате дека нашите животи се во раце на дилетанти, незналици, полуписмени, синови и ќерки на мама и тато со купени дипломи, лигуши кои преку партијата добиле дипломи за лекари, судии, полицајци, дипломи по етнички клуч…од нашето племе немаме кардиолог, ова дете мора да го вработите како кардиолог. Точка.

Учителка со диплома фатена како дилала дрога на улица. Е добро де, не дилала на часови, надвор дилала. Ама и самата шмркала кока нон стоп. Е добро де, некој пуши, некој шмрка кока.

Држава на неучени, приучени и дилетанти.

Нашата ретардираност е епска.

И после луѓе оделе да се лечат кај оџи и бајачки.

Си вика посигурен сум таму. Оџата ми пее, не знае да дава инфузија. Како и да е, ќе поживеам уште некој месец. А во болница ако одам може до вечер ќе ме закопаат.

(фејсбук статус на Сашо Тасевски)

Свештеномаченици Пиониј и Лин Смирнски, маченикот Асклипијад и маченичките Македонка и Сабина

Oвие маченици пострадаа за време на прогонот на христијаните од императорот Декиј (249-251), во Смирна, во тоа време знаменит трговски град, на источниот брег на Егејското море. Смирнската Црква е основана од светиот апостол Јован Богослов и се прославила со мажественоста на исповедниците на верата Христова. Откако дознаа за почетокот на прогоните, мачениците почнаа да се подготвуваат за страдање, со пост и удвоена молитва.

Светиот Пиониј, кој беше свештеник, зема три вериги и ги стави врз себе и врз Асклипиад и Сабина. Светите маченици беа фатени од гонителите на 23 февруари, во денот на споменот на светиот Поликарп, епископ смирнски (+167), што било празничен ден за сите христијани во Смирна. Во затворот ги сретнаа презвитерот на соборната црква во Смирна, Лин и една жена по име Македонка, од селото Карина, кои исто така беа затворени заради исповедање на Името Господово. Многумина верни ги посетуваа светите исповедници во затворот, носејќи им кој што може, но сето тоа затворениците им го раздаваа на стражарите.

Кон Пиониј доаѓаа и некои што порано биле христијани, но од страв да не бидат мачени се согласиле да им принесат жртва на идолите, и тие ги просеа неговите молитви. Пиониј горко плачеше заради нивното малодушие и ги уверуваше „не очајувајте, браќа, иако направивте тежок грев, покајте се искрено, и повторно обратете се кон Христа со целото срце“.

После многуте измачувања, на 2 март 250 година, светиот маченик го распнаа на крст и околу него поставија дрва и ги запалија. Кога огнот догоре, сите го видеа телото на светителот сосема неповредено, дури ни косата на неговата глава не беше изгорена. Лицето негово светеше со Божествена благодат. Светиот Пиониј е оној кој го напиша житието на светиот Поликарп смирнски.

Таткото на починатата Јана: Сакаа и втора инфузија да и дадат, но кај ќе удреа со иглата крв избиваше

Стојче Христовски, таткото на починатото петгодишно девојче од битолско Кравари кое вчера почина во Клиничката болница во Битола откако прими инфузија, за „Макфакс“ во детали ги опиша последните моменти со ќерката. Иако премален од тага тој вели дека зборува за да нема други случаи како нивниот. Тој и сопругата се убедени дека за нивната Јана пресудна била инфузијата со гликоза што и ја ставиле откако ја донеле во болницата и покрај тоа што крвната слика покажала дека шеќерот и е деветка.

„Во болницата завршија работа за два саати, толку беше. Сега од почеток е ви кажам. Ние сакавме да ја носиме на матичен лекар, нејзината докторка, арно ама таа беше попладне,  после два саатот. На телефон ни се јави и рече да ја однесеме Јана в болница, на детско да не се мачи да чека до попладне. Два дена пред тоа, фактички пред три, не знам точно се тушираше со братот, се капеа и малку и пристуде. Другиот ден ни поткрена температура ама ништо 37 со 7-8. И дадовме сирупче, спадна температурата. Вечерта си спиеше, немаше никаков проблем, ни температура ни ништо. Следниот ден после ручек и се појави оток кај очињата, горе и се жалеше од ноџињата. Велеше – ме болат ноџињата, мускулите“, вели таткото Христовски.

Проблеми со оток на очните капаци таткото вели дека Јана имала и околу Нова година. Фатила грип, и отекле очните капаци. Лекарката им објаснила дека од грипот во очите и се собира слуз и затоа капаците и се отечени. Им дала капки и за еден ден отокот се повлекол.

Сличен оток, но помал имала и вчера, кога ја однеле на лекар. Христовски вели дека Јана на нога го дочекала да дојде од работа за да ја однесе во болница и сама си влегла во автомобилот.

„И беше мака ама не беше истоштена за да не може да оди. Стигнавме во болница. За да не се мачи ја кренав в раце до детскиот оддел. Почекавме тука во ходникот. Муабети си правевме. Влеговме внатре. Не натераа крвна слика да направиме. Појдовме за крвна слика, не можеа крв да и земат оти тој ден сабајлето повратила шлајм и наводно од што повратила била дехидрирана, не може крв да и земат. Дадовме и мокрача. Измерија шеќер деветка. Таа кај што и земаа крв ни кажа дека шеќерот и е деветка и го врати девојчето во амбуланта и кажа на докторката дека шеќерот и е деветка. И телефонски што контактираа со некого, го известија дека шеќерот и е деветка“, вели таткото Христовски.

Со Јана во собата кај што и давале инфузија влегла само мајката оти било дозволено само еден родител да влезе. Христовски останал во ходникот.

„И ставија инфузија, а резултатите ни рекоа после 12. Тие на детско пак и извадија уште две епрувети крв и ме пуштија и тие да ги однесам во лабораторија. За таа крв резултатите рекоа дека ќе бидат готови после еден, еден и пол. Дури таа што беше на шалтер рече – пауза е сега, гледаш колку е саатот, ама арно се погоди колегата нејзин и рече – ама за петгодишно девојче се работи, зема човекот ја внесе крвта ама ако се сомневаат во нешто требаше побрзо да бидат резултатите. Резултатите не ги видоа, почнаа со инфузии и рекоа дека шеќерот бил покачен од што повратила“, вели таткото.

Неговата сопруга на шишето од инфузијата прочитала дека се работи за гликоза, 500 милилитри и дека со живот гарантира дека и дале шеќер на ќерката иако измериле девет единици.

„Откако истече инфузијата ситуацијата почна да се влошува. Го мерат пак шеќерот, тој 19 и се обидуваат втора инфузија да стават. Арно ама не можат вена да му најдат на чупето. Кај што ќе мавнеле со иглата избивала крв. Од тогаш се комплицираат работите. Ја пренесоа во друга сала, тука од карши кај што има кислород и такви работи. Ми се јави по телефон сопругата и ми вели – влегувај, лоша е ситуацијата, се искомплицира, исплашена. Влегов, седеше внатре на едно столче, јас стоев се се гледаше преку стаклата. Викнаа од ансетезиолозите, и ставија нешто и се покрена малку. Ја прашаа како се вика, рече Јана, се се слушаше и ја гледавме. Имаше наредено штипчиња за срцето да го следат, за пулсот, кислород, Се поврати чупето, си заминаа анестезилозите што беа, по пет до десет минути чупето пак почна да се губи. Тука веќе настана хаос. Ѕвонеа пак по телефони да дојдат анестезиолозите, една чистачка што беше тука ја пуштаа некаде, кажуваа оди земи ова, таа оди се враќа вели нема клуч, не знам каде е клучот. Веќе тука беше крајно. Јас гледав преку стаклото. Пробаа со електрошокови, со масажи на градите за да ја вратат, но ништо. Многумина беа тука собрани, не можев убаво да гледам, Можеби имаше пет-шестмина доктори, медицински персонал. Тука веќе ми беше јасно, ја ставија на еден кревет за да не ја носат на интензивна горе, тоа е на вториот кат, ама веќе се гледаше дека чупето нема знаци на живот. Ја масираа по градите ама тоа беше само колку да не ни кажат тука“, со грутка во грлото се кажува таткото.

Откако ја качиле Јана на интензивна нега, околу 12 часот иако веќе не покажувала знаци на живот, лекарите и сестрите престанале да контактираат со нив и цели речиси три часа не можеле да дознаат што се случува со нивната ќерка. Шетале во ходникот и прашувале како е Јана секого што ќе го сретнеле.

„Излегуваат од тие салите сестри некои, ги прашувам – извенете, чупето што е внатре живо ли е, умрено, какво е, три саати веќе се направи ние тука не знаеме. Немав веќе ни надеж бидејќи видов, како се одвива ситуацијата и знаев дека одолговлекуваат само колку да не спремат малце, да не дојде набрзина. Излези друга, прашај вели работевме, не можев да видам. Прашај ја другата таа – не бевме ние во таа сала, никој ништо да ни каже. Два и пол до три саати не знаеме што се случува. Никој ни да излезе да каже, ние се вртевме тука во тој ходникот, си ги чукавме главите во ѕидот. Никој ништо“, вели Христовски.

Јана немала никакво претходно заболување, ниту пак била алергична на нешто. Била физички активна, играла фудбал, правела шпаги, сакала атлетика. Родителите се разочарани од изјавите на лекарите кои кажуваат дека три дена родителите ја лекувале Јана сами, дома и нагласуваат дека тоа не е точно како што не е точно ниту тоа дека имала дијареја.

Христовски е разочаран и од начино тна кој лекарите се обиделе да ги утешат кога им соопштиле дека Јана починала.

„Никому да не даде Господ, вакви работи да нема. Кога не тешеа таму, кога рекоа направивме се што можевме, не тешат и ни велат пред пет – шест дена истиот случај го имаше двегодишно дете. И тоа утеха било дека двегодишно детенце починало од ситиот проблем!? Пишаа во извештајот слабо срце, но од тоа нема ништо. Чупето беше здраво, немаше проблеми“, низ солзи вели таткото Христовски.

Директорот на болницата Александар Обедниковски за „Макфакс“ изјави дека девојчето било во болницата од 10 часот утрото до 14 часот кога починала, а за тој период била само рехидрирана оти родителите ја донеле дехидрирана, со покачена телесна температура и со оток на очите. Директорот Обедниковски рече дека телото на девојчето е дадено на обдукција, а за случајот е известен јавен обвинител.

Спасовска: Шеикот од Катар уште ми се јавува, ама јас не сум лесно достапна жена

Фолк-пејачката Ирена Спасовска 30 години е на музичката сцена. И денес многумина ја паметат по настапите со Адријана Алачки, кога двете во тандем беа многу популарни во деведесеттите. Потоа секоја тргна по својот пат.about:blank

„Убави времиња беа тоа. И денес мислам дека луѓето нè памтат по настапите, кореографијата, носевме иста облека. Потоа јас сакав соло кариера, се разделиме. Тогаш не бевме во добри односи, но денес сме сосема коректни една кон друга“, открива Спасовска.

Муабетот со Ирена не може да биде досаден. За борбата со килограмите вели: „Вклучен е црвениот аларм, се враќам во теретана. Ама, има една друга работа. За нас жените, ако се поправиме ќе речат види ја оваа е дебела, а кога некој маж ќе се здебели, коментарот е поинаков, демек, види го, ко мече е. Не е фер. Ние жените секогаш сме во некоја таква ситуација, како помалку да вредиме“, искрена е фолк-пејачката.

Ирена често објавува провокативна фотографии, па не еднаш се соочила со лоши коментари: „Па да не треба после 40 години да се пензионираме или да не се сликаме? А, па тие што коментираат навредливо се луѓе кои гарант по дома не ги почитуваат или се обична нула“, кажа Ирена за „Репортер“.

Една фотографија од Катар го привлече вниманието откако со извесен шеик се сликаше на коктел. Ни кажа дека ја прошетал низ неговиот трговски центар. „Види и денес ме бара, ама ние Македонките се тешки жени“, открива Спасовска.

За разделбата со новинарот Орце Гелевски, по 13 години љубов вели: „Додека не ме прашаат, јас не се ни сеќавам на таа врска“.

Што мисли за колегите од фолк-естрадата и за хејтерите, со кого е во љубов, преку Египет и Катар, до муабетите за разделбата на долгата врска, става ли ботокс и каде сè има тетоважи, гледајте го интервјуто.

Kасами со изјавата: „Тетово е главниот град на Албанците во Северна Македонија“ предизвика лавина реакции

Градоначалникот на Тетово, Билал Касами на својот официјален Фејсбук профил напиша, „Добредојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија“

Неговата објава предизвика бројни реакции кај корисниците на социјалните мрежи.

ПЛЕЈБОЈ издание од 2004-та со Вучиќ на кревет се продава за 855 ЕВРА !

Српското издание на магазинот „Плејбој“ од 2004 година, во кое има интервју со српскиот претседател Александар Вучиќ, се продава за 855 евра, пренесуваат српски медиуми.

Интервјуто на актуелниот претседател на Србија под наслов „Урбан радикал над Белград“ се појави на страниците на едно популарно списание, а во него писателката Исидора Бјелица му поставила 20 прашања, не знаејќи дека за повеќе од 10 години тој ќе биде претседател на Србија.

Списанието сега е на страницата за продажба, а оние кои сакаат да го купат ќе мора да издвојат 855 евра.

„Сега ова интервју за Плејбој е неверојатна надреална новинарска реткост“, се вели во описот на рекламата.

Вучиќ за потребите на интервјуто позирал на кревет во бела карирана кошула. Додека со едната рака држи грозје над главата како Дионис, во скутот има чинија со овошје, а во другата рака држи книга. За насловната фотографија на интервјуто е избрана онаа на која Вучиќ е насмеан. Исто така, одговорите на Вучиќ секако ја покачија цената на ова издание на Плејбој.

„Патував за Подгорица, на првиот лет наутро, тој во 5:45, ние сојузните пратеници имавме право на авионски билети, па по грешка ми дадоа билет на име на мојот сопартиец Драган Тодоровиќ. И така, љубезниот господин на пријавувањето ми рече: Супер, господине Вучиќ, сега ќе се преправам дека не ве препознав и дека сте господин Тодоровиќ, а сега дојди малку поблиску ако може“, раскажал Вучиќ.

ЛИБЕРО БЕНД има нова песна Слушнете ја АНГЕЛ (Видео)

Еден од најистакнатите македонски бендови Либеро бенд денес на јавноста и ја претстави својата најнова песна со наслов „Ангел“. Станува збор за моќна и емотивна тема, токму онаква каква што нивните фанови и очекуваат од нив. А бидејќи тимот кој победува не се менува, момците од Либеро им останаа верни на своите веќе проверени соработници – „Ангел“ е со потписот на авторскиот тим Магдалена и Лазар Цветковски, додека видеото е дело на Даниел Јовески.

„Оваа песна ја чекаме и работиме повеќе од една година, ова е еден од нашите најквалитетни проекти. Многу енергија и труд вложивме. Конечно имаме нешто кое ќе вреди за сите овие изминати 11 години од нашето постоење и веруваме дека во неа ќе се пронајдат сите генерации“, вели Иван Јованов, фронтменот на Либеро.

Момците од „Либеро бенд“ велат дека не сакаат да се ограничуваат во однос на жанровите, но она што е важно за нив е дека сакаат да создаваат музика во која слушателите би уживале. Песната „Ангел“ е нивно 11-то авторско дело и е само предвесник на сето она што допрва ќе следува од нив.

Слушнете ја новата песна и уживајте:

Уште еден НАСТАВНИК од основно училиште ФАТЕН СО ДРОГА

Само неколку дена по апсењето на наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога, вчера уште еден случај ја вознемири јавноста.

Битолската полиција приведе 54 годишен наставник од Прилеп фатен со дрога.

Според првичните информации кај него била пронајдена бела грутчеста материја. Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат ОД СВР Битола.

Дедо си ја продал внуката за 6.000 евра, па се предомислил – тоа го платил со живот

Убиството на 46-годишен маж во селото Дросеро кај Ксанти во Грција довело до одмазда меѓу две ромски семејства по што во понеделникот вечерта биле ограбени и запалени куќите на убиецот и на брат му.

Според грчкиот медиум Xanthipost.gr, откога претходно ја ограбиле куќата на осомничениот убиец, членовите на семејството на убиениот ја запалиле неговата и куќата на брат му, а снимката од пожарот ја објавиле на социјалните мрежи.

Пожарникарите и полицијата околу полноќ пристигнале во селото за да ги изгаснат пожарите. Како што се наведува, имало многубројни инциденти меѓу двете семејства во селото, а семејството на жртвата фрлало со камења и други предмети кон куќата на убиецот.

Полицијата се обидела да спречи ескалација на конфликтот меѓу семејствата, а за убиството на 46-годишниот маж уапсени се вкупно четири лица.

Според локалните медиуми, убиството се случило во неделата на 19 март кога четворица мажи, татко со два сина и зет, упаднале во куќата на жртвата поради тепачка за млада жена.

Според мештаните, 46-годишниот маж, кој бил дедо на 15-годишното девојче, го раскинал договорот за да ја продаде својата внука за невеста на синот на убиецот (17). Тој, според написите, си ја продал внуката за 6.000 евра.

Неколку недели по свршувачката на двајцата малолетници, дедото се премислил и си ја однел внуката дома, но не ги вратил парите што ги добил за неа. Придружуван од синовите и зетот, осомничениот упаднал во неговата куќа, влегол во собата во која спиел дедото со сопругата, синот и четирите малолетни внуци и го застрелал петпати во стомакот, пренесуваат медиумите.