МЛАДЕНЦИ – Ден на младоста и љубовта, ова се обичаите за денот

Христијански обичај е во првата година од својот брак на 22 март младите да слават Младенци. Денеска, во црква се носат свеќите од венчавката за да се догорат.

Навечер обично доаѓаат најблиските за да честитаат. Во некои краишта на денешен ден се оди на гости и во семејствата кои имаат новороденче.about:blank

Празникот на пролетта 22 март младите брачни парови го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Истиот ден Светата православна црква го празнува споменот на четириесетте војници од Севастија кои маченички загинале за христовата вера.

Житијата за Светите четириесет маченици како и повеќето народни преданија за нив меѓусебно малку се разликуват, но во сите се зборува дека четириесетте војници од Севастија маченички загинале не откажувајќи се од христијанската вера. Во 320 година четириесет војници од еден полк во Севастија је одбиле наредбата да се поклонат пред римските идоли и да им принесат жртви. Кога изјавиле дека тоа го прават бидејќи веруваат во Исуса Христа најпрвин биле повикани кај градоначалникот и биле убедувани да се откажат од христијанството и да му се вратат на идолопоклонството, а кога тоа го одбиле биле затворени, мачени и изведени пред суд. Биле осудени цела ноќ да стојат во вода што смрзнува. Во близината имало бања со топла вода, а на војниците им било речено дека ако некој се предомисли и се откаже од Исуса Христа да појде во бањата каде што го чекаат топла вода и вкусни гозби. Но момчињата храбро ги издржувале страдањата, молејќи се на Исуса и меѓусебно храбрејќи се. Само еден од нив не можејќи да издржи во водата што смрзнувала тајно го напуштил базенот и се упатил кон бањата, но на самиот влез во неа починал.

Ноќта сите стражари заспале, само еден останал буден. Во еден момент тој забележал светли венци над главите на војниците и бидејќи бил христијанин веднаш влегол во водата молејќи го Бога и нему да му даде таков венец. И навистина набргу над сопствената глава забележал ист таков венец. Утрото измрзнатите војници ги натовариле на кола и ги одвеле надвор од градот каде што ги запалиле.

Како што запишал фолклористот Марко Китевски, денешниот ден во повеќе краишта на Македонија е поврзан и со враќањето на птиците преселници, а извесен број обичаи и верувања се поврзани со растенијата. Еден дел од нив, вели Китевски се поврзани со споменот за Светите 40 војници од Севастија, а другите со пролетната рамнодневица, со денот на пролетта и повторното оживување на природата.Содржината продолжува после огласот

Денес многу од овие обичаи се заборавени. Но сепак празникот Младенци е целосно посветен на младите, на младоста и љубовта, и со него се поврзани многу желби за среќен брак и убава иднина. Од понов датум е обичајот на Младенци да се оди на гости и да се носат подароци кај младите што стапиле во брак меѓу двата празника.

Ништо посебно, тоа беа најлошите 90 секунди: Порно глумицата го опиша сексот со Трамп

Аферата меѓу Доналд Трамп и актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс првпат беше пријавена во 2018 година, а сопругата на поранешниот американски претседател Меланија Трамп тогаш дознала за аферата.

Бесната Меланија Трамп потоа помина неколку ноќи во луксузен хотел во Вашингтон за да се држи подалеку од Белата куќа. Токму од ова се плашеше Доналд Трамп кога на Сторм 15 месеци претходно и плати 130.000 долари.

Таа раскажа сè за средбата со Трамп во 2006 година во хотелска соба во казино во Невада по добротворниот голф турнир на познати личности. Даниелс истакна дека може да ги опише интимните делови на Трамп.

– Сексот не беше ништо посебно. Не сакаше да ме врзува со синџир за креветот или ништо друго. Тоа беше една позиција – изјави Сторми и додаде дека тоа биле најлошите 90 секунди во нејзиниот живот.

– Дефинитивно можам совршено да го опишам неговото ѓубре, ако некогаш морам

Таа истакна дека Трамп бил обоен со неа и и рекол: „Кога ќе се видиме повторно?

Затворениците во „Идризово“ ископале тунел за бегство!

Тунел ископан во скопскиот затвор „Идризово“ е откриен од затворските власти, потврдија за неколку медиуми од Управата за извршување санкции.

Како што велат оттаму, претставници на повеќе надлежни институции се на терен и постапуваат во врска со случајот, па затоа во текот на денот се очекуваат и повеќе официјални информации.

Дел од медиумите, повикувајќи се на свои извори, неофицијално, објавија дека тунелот бил откриен денеска наутро во акција на затворската полиција насочена кон спречување можни обиди за бегство на осудени лица и бил со должина од 60 метри.

Дали полицајците се доволно платени? – Синдикатот се жали дека добиваат по 15 илјади денари, од МВР негираат

Минималната плата на полицаец без прекувремена работа е околу 15 илјади денари.

Еден бод во МВР во моментов е 29 денари и основната плата без 45% и 30% се пресметува со множење на бодовите за 29 денари. На пример, полицаец со 530 бодови помножени со 29 денари добива 15.370 денари, многу помалку од минималната плата која во моментов изнесува 20.175 денари.

Од Независниот полициски синдикат велат дека досега поднеле околу 500 тужби и за ниски плати и за неисплата на дежурства.

Побаравме став од МВР за да потврдиме дали минималната плата на полицијата е 15 илјади денари, но одговорот што го добивме од таму е површен, велејќи дека бруто платата на полицајците е 26.422 денари.

„Ве известуваме дека минималната плата заклучно со месец февруари 2023 година во бруто износ изнесува 26.422,00 денари согласно важечкиот закон за минимална плата, и со исплата на платата за месец февруари 2023 година за вработните во МВР, износот на најниската исплатена плата на работник без минат труд, е повисок од предвидената минимална плата уредена со законот“, велат од МВР.

Сепак од Независниот синдикат на Полицијата велат дека не им е јасно врз што се основа ваквиот одговор на МВР кога фактите кажуваат поинаку.

За да го докаже ова, ТВ21 контактираше дел од полицајците кои сакаа да останат анонимни и на кои во последните неколку месеци им се одземени овластувањата на одредено време, рекоа дека без овластувања, со повеќе од 10 години стаж во полиција, добиваат плата од 16.500 денари.

https://youtu.be/-wztFamIvj8

Лубеница ли е, Биткоин ли е ? (ФОТО)

На социјалните мрежи масовно се прошири и споделува фотографија од лубеница во маркет, а граѓаните се вчудоневидени од цената – 1.159 денари.

Иако согласно Светскиот извештај за среќа кој е објавен денеска, Македонија се категоризира како најнесреќна земја во регионот, сепак Македонците имаат хумор. „На крајот на денот“ сепак немаат друг избор, па си се шегуваат на сопствена сметка за секојдневните маки кои ги доживуваат.

Ќе увезуваме 20.000 плочкари, столари, електричари од Бангладеш, Непал, Пакистан…

Најмалку 3 македонски агенции се во преговори за увоз на работна сила од странство. Ангел Димитров од Организацијата на работодвачи во интервју за МИА, вели дека тоа е веќе востановена пракса во Хрватска и Бугарија, каде компаниите градат и интернати за претстој на работниците, кои во главно доаѓаат од земјите на средниот и далечниот исток.

– Има земји со 114-115 евра минимална плата, а нашата плата е три пати поголема. Имаат исто така и многу полоши услови за живеење и работење – изјави Ангел Димитров, Организација на работодавачи.

Конкретно, Димитров добил понуда за работници од Непал, но се преговара и со Бангладеш, Пакистан и Индонезија.

– Ако тоа не го направиме, со селењето на младите надвор, ние ќе останеме без работници, економијата полека ќе пропаѓа, а буџетот ќе остане без пари. Значи, државата уште сега треба да се подготви, ако тоа не се направи, да се намали и број на пратеници во Парламент и број на министри во Влада и број на вработени во јавна администрација, бидејќи ќе нема пари за сите- додаде Димитров

Димитров смета дека е потребна либерализација на пазарот на труд, а правата од Законот за работни односи да важат подеднакво и за домашните и за работниците од странство.

– Мислам дека Македонија не е држава, како некои арапски држави, каде што странците ќе работат по 20 часа, ќе немаат никакви права и ќе се третираат како граѓани од втор ред- изјави Димитров

За запирање на иселувањето пак, мора да се реформира структурата на образованието и стопанството, да се деполитизира општеството и да нема селективна примена на законите.

Женски оркестар: ,,Од кај си мор? Јас сам чиста скопјанка од Богданци” :) (Видео)

Ако треба да одбереме македонска видео касета која била најбарана и најпреснимувана, тогаш со сигурност тоа е преставата „Женски оркестар“.

Главните ликови- секси Чичолина, промискуитетната Маца, срамежливата Паца, забавната Мендолина, бугарката Илинденка, анксиозната Сузан и изгубениот Трајчо со двата дела од оваа култна престава не засмејуваа до солзи. Голем дел реплики од преставата и ден денеска се цитираат постојано, а смешните моменти често се прераскажуваат во друштво. Хуморот со кој овој оркестар не шармираше нема да се повтори.

Еден период „Женски оркестар“ се играше во легендарната кафана „Лисабон“ и секогаш се бараше место повеќе за да се биде во публика. Во најсмешната македонска комедија играа: Јовица Михајловски, Димче Мешкоски, Ванчо Петрушевски, Ѓокица Лукаревски, Благоја Чоревски, Гоце Тодоровски и Игор Џамбазов.

 Во чест на глумечките легенди Ванчо и Димче да се потсетиме на оваа урнебесна комедија и единствениот македонски женски оркестар која своевремено изнудуваше многу смеа.

Видео:

https://youtu.be/Pn5-NgqVv6s

,,Сите ќе умрете!… Знам сега ни кажа директорот” (Видео)

Една од најсмешните сцени во македонската филмографија е токму на Димче Мешковски, кој вчера почина во својот дом во Лос Анџелес,САД.

Сцената е од филмот Викенд на мртовци, каде Мешко го игра Тасе, во контакт со секретарката која му вели: Сите ќе умрете … некои сега некои подоцна, никој не живее вечно”.

Пресмешна е неговата реплика и едно од најсмешните сцени од филм.

Погледнете видео:

https://youtu.be/tdgbhY-_nu8

Си замина уште едно македонско глумчиште – Драмски театар се простува од Димче Мешковски

Доајенот на македонското глумиште, Димче Мешковски, беше вработен во Драмскиот театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година“, пишуваат од таму и додаваат:

Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционира како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: ‘Смртта на Дантон’, ‘Балконот’, ‘Вишновата градина’, ‘Јане Задрогаз’, ‘Чернодрински се враќа дома’, ‘Зојкиниот стан’, ‘Калигула’, ‘Ревизор’, ‘Диво месо’…).

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: ‘Сомнително лице’, ‘Солунски патрдии’, ‘Викенд на мртовци’, ‘Болва во уво’, ‘Маратонците го трчаат почесниот круг’. За улогата на Тасе во ‘Викенд на мртовци’, Димче Мешковски ја доби наградата за актерско остварување на МТФ, „Војдан Чернодрински“, во Прилеп. Добитник е и на наградата за животно дело, што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал.

Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радиодрами, во забавните и во хумористичните емисии, меѓу кои ‘Хихирику’ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: ‘Да видам, да видам што да бидам’, ‘Тринаесеттиот клуч’, ‘Семафорот’, ‘Бајки’, ‘Училиште за кловнови’, ‘Големи и мали’, ‘Наши години’, ‘Пат кон иднината’, ‘Илинден’, ‘Смилевски конгрес’, ‘Прличев’. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат.

Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, нинџа-желки и многу други

92 – годишниот милијардер се вери со 26 години помлада жена: Ова ми е последна љубов

92-годишниот медиумски магнат Руперт Мардок се сврши со 26-години помладата Ен-Лесли Смит, вдовица на кантри ѕвездата Честер Смит.

Мардок за New York Post открил дека за својата партнерка избрал дијамантски прстен, а планираат да се венчаат оваа година. “Бев многу нервозен. Се плашев да не се заљубам, но знаев дека ова ќе биде мојата последна љубов. И подобро е така. Среќен сум”, рекол милијардерот

Дејли Мејл пишува дека парот се запознал во септември минатата година, а Смит ја опишал нивната врска како „божји дар“.

“Јас сум вдовица веќе 14 години. Како и Руперт, мојот сопруг беше бизнисмен. Така, јас и Руперт се разбираме, имаме исти мислења и верувања. Само чекав вистинско време за повторно да се свршам”, рече таа и додаде дека нејзините пријатели се многу среќни за неа.

Инаку, милијардерот се разведе од Џери Хол во август минатата година. Тајкунот со австралиско потекло, кој поседува голем број медиуми, вклучувајќи ги Тајмс, Њујорк Пост, Фокс њуз и Волстрит журнал, се проценува на 17,7 милијарди долари.

Бракот на Мардок со Џери беше негов четврти брак (и четврти развод).

Тој се оженил со својата прва сопруга, поранешната стјуардеса Патриша, во 1956 година. Двојката се разделила во 1967 година, девет години по раѓањето на нивното единствено дете, ќерката Пруденс. Истата година се оженил со својата втора сопруга Ана, новинарка од Глазгов, со која бил во брак 32 години и имал три деца. Тие се разведоа во 1999 година.

По разводот, на Ана ѝ биле доделени 1,7 милијарди долари, вклучително и 10 милиони долари во готовина. Само 17 дена по разводот, Мардок се оженил со претприемачката Венди Денг, со која бил до 2014 година и имал две деца. Мардок за време на нивниот брак имал 68 години, додека Венди само 30.