Connect with us

Балкан

Тажен Ѓурѓовден во Белград: Денеска се погребуваат 10 жртви од двата масакри

Во Србија денеска е втор ден на жалост поради убиствата во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград и масовното убиство во селата околу Смедерево и Младеновац. Денеска е погребот на четворица ученици и работници од обезбедувањето на училиштето во Врачар, како и на пет момчиња кои беа убиени во престрелка во Мали Орашје. Србија ја нема.

Граѓаните на сите јавни места низ Србија палат свеќи, полагаат цвеќе и оставаат разни предмети со желба никогаш никаде да не се повторат трагедии.

Сите активности започнуваат со давање пошта на жртвите со едноминутно молчење, а српските знамиња на институциите се спуштени на половина копје. Граѓаните на јавни места низ Србија палат свеќи, полагаат цвеќе и оставаат разни предмети со желба никогаш никаде да не се повторат трагедии.

Трошоците за погребите си сноси Градот Белград.

Балкан

Попладнево границите во блокада: На Евзони и Ники нови протести

Грчките земјоделци повторно го блокираат граничниот сообраќај со нашата земја. Попладнево, премините Евзони и Ники ќе бидат затворени – првиот за сите возила, вториот само за товарни, како што веќе неколку дена е пракса. Во очекување на попладневниот состанок на земјоделците од цела Грција, каде ќе се одлучува за следните чекори, блокадите продолжуваат да создаваат хаос на граничните премини.

На Евзони, каде веќе 18 дена се паркирани над 300 трактори, сообраќајот ќе биде во прекин од 18 до 22 часот по локално време. На Ники (Меџитлија), товарните возила нема да можат да влезат или излезат од Грција од 19 до 23 часот. Слични блокади има и на премините Промахонас и Ексохи кон Бугарија, но само за камиони.

Состанокот на земјоделците од цела Грција е закажан за 14 часот во Серес, каде ќе се решава дали да ја прифатат поканата на Владата за дијалог или да продолжат со блокадите и за време на Божиќ.

Меѓутоа, протестите не се ограничуваат само на границата. Над 60 блокади се активни низ целата земја, а најголемиот застој е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса, на автопатот Солун – Атина, каде сообраќајот се пренасочува по споредни патишта.

Блокадите на Евзони започнаа на 1 декември, кога земјоделците од регионот на Пеонија и Јаница пристигнаа со околу 300 трактори, кои и денес остануваат паркирани на грчката страна.

По состанокот во саботата, земјоделците одлучија да не се сретнат со грчкиот премиер, туку испратија јавно писмо со своите барања. Меѓу нив се:

  • итна исплата на сите долгови што државата им ги должи;

  • гарантирани минимални цени кои покриваат трошоци за производство;

  • намалување на трошоците за производство и надомест на изгубениот приход за 2025 година;

  • запирање на масовниот увоз и лажно прикажување на странски производи како домашни;

  • итно двојно зголемување на земјоделските пензии;

  • решавање на скандалот со ОПЕКЕПЕ и враќање на украдените европски субвенции.

Министерот за земјоделство на Грција, Костас Циарас, ги повика земјоделците на дијалог и ја остави отворена можноста за нови мерки за поддршка, но засега протестите продолжуваат да ја парализираат земјата.

Continue Reading

Балкан

Грција ја поддржува европската перспектива на Западен Балкан како вложување во регионална стабилност

Грција ја гледа иднината на Западен Балкан во Европската унија и ја поддржува европската перспектива на земјите од регионот, но под услов да се исполнуваат критериумите за членство, особено добрососедските односи и почитувањето на меѓународните договори. Според грчки владини извори, проширувањето на ЕУ се смета за инвестиција во безбедноста и стабилноста на регионот, но процесот е тежок и бара реформи и усогласување со пристапните предуслови.

Во пресрет на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брисел, на кој ќе учествува грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, грчките извори истакнуваат дека клучни теми ќе бидат и последните случувања во Украина, финансиските потреби на земјите за периодот 2026-2027 година, повеќегодишната финансиска рамка, како и прашања поврзани со гео-економијата и конкурентноста на ЕУ.

Continue Reading

Балкан

БиХ ја зголеми максималната возраст за воена служба на 45 години

Горниот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, познат како Дом на народите, денеска едногласно ги усвои измените на Законот за служба во вооружените сили. Со овие измени, максималната возраст за професионална воена служба се зголемува од 40 на 45 години, под услов војниците да ги исполнуваат психофизичките барања и потребите на службата.

Законот беше разгледан на вонредна седница и предложен од делегатот Џемал Смаиќ. Во образложението, Смаиќ нагласи дека вооружените сили на БиХ се соочуваат со сериозен недостиг на персонал, поради што продолжувањето на старосната граница е неопходно за одржување на оперативните способности на армијата.

Според него, оваа мерка ќе овозможи подобра искористеност на постојниот кадар и ќе придонесе за стабилноста на одбранбениот систем. Новите измени овозможуваат подолг професионален ангажман на војниците, без да се менуваат строгите стандарди за физичка и психичка подготвеност.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг