Како славеа матурантите од Прилеп – Песна, оро, знамиња… (ВИДЕО)

Матурантите од прилепската гимназија “Мирче Ацев” денеска го прославуваат завршувањето на четиригодишното средно образование, па со песна, оро и знамиња, го разиграа прво училиштето, а потоа и сите во центарот на градот.

Во пресрет на деновите кога треба да се одлучат каде ќе го продолжат своето образование, заслужуваат да се провеселат и за последен пат да се дружат со целата своја генерација.

Матурантите од Гимназијата "Мирче Ацев" го кренаа цел Прилеп на нозе