УЖАС НА ТИК ТОК: Децата бираат меѓу убиецот и жртвите на масакрот во ОУ „Рибникар“:

По масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, на социјалните мрежи се појавиле низа застрашувачки видеа на кои се воздига момчето убиец, но последниве денови тој тренд станува сè повеќе морничав, па во коментарите биле замолени да престанат со тоа.

Имено, сега на „ТикТок“ постои актуелен филтер со кој децата од регионот, но и од странство можат да бираат помеѓу момчето убиец и неговите жртви. Тие кратки видеа на „ТикТок“ изгледаат вака: – На едната страна се 10 жртви од „Рибникар“, а на другата – момчето убиец. Тогаш авторите на видеото, движејќи ја главата лево или десно, избираат кој за нив го претставува „кралот“.

Застрашувачки е што филтерот го „преплавил ТикТок“. Го користат најмногу луѓето од регионот, но меѓу нив и странци кои, без разлика дали знаат за што се работи и ли не, смеејќи се го воздигнуваат и избираат момчето убиец.

„Ти треба помош“

Во коментарите на тoa видео, свесните луѓе апелирале да престане овој морничав тренд. „Ти треба помош!“, „Тоа е нечија сестра, нечиј брат, нечиј пријател …“, „Кој ќе повика полиција?!“, се дел од критиките во коментарите, но одговор од авторот на видеото немало.

Како што може да се забележи на едно од видеата, веројатно објавени од малолетно девојче, таа имала фотографии од жртвите и детето убиец над главата. Девојчето ги затворило очите, се насмевнала и ја свртелa главата кон сликата со детето убиец, додека од другата страна наизменично се менувале фотографиите на жртвите.