Connect with us

Спорт

Најмладите од Македонската карате репрезентација со СЕДУМ МЕДАЛИ од Балканското првенство

Published

on

На Балканското првенство за деца што оваа година се одржа од 25 до 28 мај во Бар, Црна Гора македонската карате репрезентација успеа да освои седум медали од кои три сребрени и четири бронзени.

Сребрени медали освоија: во категоријата -35 кг машки до 10 години Муареми Ајан со четири победи и еден пораз, во категоријата + 50 кг машки до 11 години Камбери Јасин со три победи и еден пораз), додека нашиот женски ката тим (Димитриева, Ѓоргиева, Златковска) 10-11 години исто така го освои сребрениот медал.

Бронзени медали освоија: во категоријата борби + 50 кг женски до 12 години Мила Николова со четири победи и еден пораз, како и Тодор Сутинов во категоријата кати до 11 години.

Во категоријата кати до 11 години Верон Дервиши како и женскиот ката тим (Грозданоска, Којческа, Минговска) 12-13 години исто така беа „бронзени“.

Нашата репрезентација настапи со 102 каратисти, со вкупно 108 пријави по категории. На ова Балканско првенство учествуваа 1345 каратисти со вкупно 1426 пријави од 11 држави.

Македонија

Летечкиот Македонец ја слави европската титула, па браво мајсторе (Видео)

Published

on

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, кој викендов по третпат го освои Европскиот шампионат за ридско-планински трки, беше пречекан дома со факели, овации и македонски знамиња.

Трократен Европски Шампион! За мојата Македонија,за мојот народ! 2014/2015/2023! Бидете горди, испишавме нова историја!!!, порача Иџе по освојувањето на трофејот.

Видео: https://fb.watch/n9QvHnH9V8/?mibextid=Nif5oz

Continue Reading

Спорт

Не можеше да ги задржи емоциите: Прославата на Ѓоковиќ по победата во епското финале (Видео)

Published

on

Новак Ѓоковиќ во спектакуларно финале во три сета славеше против Карлос Алкараз на турнирот во Синсинати. Оваа победа за Ѓоковиќ донесе и многу емоции, а тоа можеше да се заклучи и од начинот на кој прослави.

Српскиот тенисер до победата дојде по голема борба и спасена меч топка и токму затоа ова финалето ќе остане запаметено како едно од најдобрите во историјата. По победата Ѓоковиќ легна теренот, а потоа и ја искина маицата која ја носеше.

Треба да се каже и дека со три часа и 50 минути ова финале е најдолгиот меч во историјата на турнирот во САД.

Continue Reading

Спорт

Дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот? (Видео)

Published

on

Eден од најчудните пенали во историјата на фудбалот се случи синоќа во натпревар од Конференциската лига меѓу Гленторан од Северна Ирска и Гзира од Малта.

Гостинскиот голман го одбрани ударот, почна да се радува и избега од петерецот но топката сепак се дотркала до голот и заврши зад линијата.

Проверете дали е ова најчудниот пенал во историјата на фудбалот?

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк