Connect with us

Uncategorized

(ВИДЕО) Северина направи сообраќаен хаос на „Рузвелтова“

Published

on

Поради концертот на хрватската пејачка Северина, вечерва во клубот „Пуре“ во Скопје, настана хаос во сообраќајот на улицата „Рузвелтова“, пишува „Макфакс“.

Колона возила и нервозни возачи се движат и по булеварот „Илинден“. Како што пишува „Макфакс“, на врата се чекало од 18 часот за влез на концертот на Северина.

Сообраќајот е целосно во застој, а полцијата ги брка сите што застануваат барајќи паркинг место.

Uncategorized

ВИДЕО: Тешка сообраќајна несреќа во Чаир – се судрија четири возила

Published

on

Страшна сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила, се случила денеска во скопската населба Чаир, на улицата кај гимназијата „Зеф Љуш Марку“, јави ТВ21.

Според видеото, во несреќата е причинета голема материјална штета, а засега нема информации за повредени луѓе.

Continue Reading

Uncategorized

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Published

on

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните  и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.

До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до Скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк