Connect with us

Македонија

Апасиев: Да бидеме реални, д-р Јовев е разрешен затоа што е Македонец

Published

on

Пратеникот од редовите на Левица, Димитар Апасиев, смета дека директорот на Кардиохирургија бил разрешен по етничка основа, односно дека е Македонец.

Разрешувањето на д-р Сашко Јовев деновиве е главна тема во државава, а неговата преписка со министерот за здравство, Фатмир Меџити, ја коментираат сите.

Членот на Президиумот на Левица и пратеник во македонското собрание од оваа партија, професорот по римско право Димитар Апасиев, излезе со став дека смената на директорот Јовев има и етничка позадина.

„Ај да бидеме реални. Доктор Јовев е разрешен и затоа што е Македонец. Да беше по Рамковен, никој немаше да го пипа“, рече Апасиев во објава на Facebook.

За денеска е најавено обраќање на министерот Меџити на кое ќе ги објасни причините за разрешувањето на д-р Јовев.

Македонија

Артан Груби да не се пазари и не бега, да се врати и да докаже пред суд колку е „чист како солза“ и ако има храброст, да се соочи со доказите

Published

on

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст“, потенцираа во соопштението.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има. Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има, нотираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Continue Reading

Македонија

Рускоска: Груби направи голема грешка што ја напушти државата

Published

on

Одлуките на Владата се колективни и за нив важи функционален имунитет и доколку има криминал треба да се најде одговорност, изјави адвокатот и поранешен член на Антикорупциска комисија Драган Малиновски.

„Треба да се има предвид фактот дека членовите на Владата уживаат имунитет како пратениците во Собранието. Тоа е регулирано со Закон за Влада и сега тоа е таканаречен функционален имунитет и го штити од прогон за искажано мислење донесена одслука, но се разбира таа одлука треба да биде во рамките на дозволеното. Но, тоа не е апсолутна одлука, ако некој како член на Влада или како повеќемина членови на Влада донесат одлука која е базирана на некој коруптивен настан или за некој за што се има докази, во тој случај не ве штити секој одговара. Не е апсолутен имунитетот и не може како таков да се прифати,“ рече Малиновски во дебатата на „Топ тема“ за случајот со Државна лотарија.

Поранешната обвинителка Вилма Рускоска смета дека поранешниот вицепремиер Артан Груби направил голема грешка што ја напушти државата и смета дека „ако останеше овде многу мала беше веројатноста да му се определи притвор“.

Притворот, посочи таа, се одредува по три основи – влијание на сведоци, опасност од бегство и да го повтори делото.

„Ако беше тука која би била таа опасност од бегство, ако му е цело семејство тука и така, да го повтори делото веќе не може, не е на таа функција веќе, а третиот основ остануваше влијание на сведоци, а влијание на сведоци може на други начини да се врши’, рече Рускоска.

По поранешниот прв вицепремиер во Владата вечерва беше распишана потерница, како и по поранешниот директор на Државна лотарија Прпетим Бајрами. Двајцата и уште шестмина други меѓу кои и поранешниот премиер Димитар Ковачевски се осомничени за злоупотреба на службена должност и примање поткуп во случајот Државна лотарија.

Continue Reading

Македонија

Арсенал автоматско оружје најдено утринава во Арачиново

Published

on

Арсенал автоматско оружје нашла полицијата рано утринава во атарот на скопското село Арачиново, дознава НетПрес од извори во МВР.

Нашите информации велат дека полицијата нашла 11 парчиња разновидно автоматско оружје, кое веднаш било земено и однесено на вештачење, каде ќе се утврдуваат отпечатоци и ДНК траги.

МВР проверува дали најденото автоматско оружје има поврзаност со криминалната арачиновска група, која беше разбиена од полицијата и чии членови беа уапсени и притворени во акцијата од пред неколку денови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк