Калиопи „се стопи“ – за само 17 дена ослабела десет килограми (ФОТО)

Македонската поп дива Калиопи не престанува да  ја воодушевува публиката со дует песната „Знам“ која ја сними со својот драг колега и пријател Жељко Самарџиќ.

Со оваа заедничка песна ја „разгали и купи“ публиката ширум регионот, а потврда за тоа се 1,5 милиони прегледи на YouTube, колку што песната има за само еден месец од нејзиното излегување.

Иако има 56 години, Калиопи може да се пофали не само со младешки дух, туку и со изглед на кој можат да и позавидат и многу помладите припаднички на понежниот пол, меѓу кои и многу од естрадата.

Во сторињата на својот Инстаграм, Калиопи откри како „стопи“ 10 килограми за 17 дена и откри дека тоа и пошло од рака  благодарение на диетата за липосукција, со која бројни познати личности на Балканот си ги решиле проблемите со килограмите.

„Како и сите што ослабеа, така и јас моментално се откажав од слатките (освен омиленото чоколадо, но само црно), лебот, млечните производи… Одолевам на искушенијата, а откажувањето не ми е тешко, бидејќи одлуката што ја донесов е поважна од сите можни специјалитети. Навиките поврзани со исхраната, кои ги стекнав додека слабеев, денес се мојот нов начин на живот“ – изјави Калиопи.

Македонската дива претходно во медиумските настапи зборуваше дека е голем гурман, дека подеднакво сака да готви и да јаде, но во име на здравјето и убавиот изглед понекогаш е добро да се биде умерен. И затоа оваа диета со липосукција и помогна да воведе ред и умереност во исхраната.

Фото: Инстаграм принтскрин/