Македонската поп дива Калиопи не престанува да ја воодушевува публиката со дует песната „Знам“ која ја сними со својот драг колега и пријател Жељко Самарџиќ.
Со оваа заедничка песна ја „разгали и купи“ публиката ширум регионот, а потврда за тоа се 1,5 милиони прегледи на YouTube, колку што песната има за само еден месец од нејзиното излегување.
Иако има 56 години, Калиопи може да се пофали не само со младешки дух, туку и со изглед на кој можат да и позавидат и многу помладите припаднички на понежниот пол, меѓу кои и многу од естрадата.
Во сторињата на својот Инстаграм, Калиопи откри како „стопи“ 10 килограми за 17 дена и откри дека тоа и пошло од рака благодарение на диетата за липосукција, со која бројни познати личности на Балканот си ги решиле проблемите со килограмите.
„Како и сите што ослабеа, така и јас моментално се откажав од слатките (освен омиленото чоколадо, но само црно), лебот, млечните производи… Одолевам на искушенијата, а откажувањето не ми е тешко, бидејќи одлуката што ја донесов е поважна од сите можни специјалитети. Навиките поврзани со исхраната, кои ги стекнав додека слабеев, денес се мојот нов начин на живот“ – изјави Калиопи.
Македонската дива претходно во медиумските настапи зборуваше дека е голем гурман, дека подеднакво сака да готви и да јаде, но во име на здравјето и убавиот изглед понекогаш е добро да се биде умерен. И затоа оваа диета со липосукција и помогна да воведе ред и умереност во исхраната.
Просторот од платото на Офицерскиот дом во Битола синоќа беше претесен да ги собере сите битолчани, кои во огромен број дојдоа да го проследат вториот концерт од караванот „Македонијо во срце те носиме“.
Публиката уживаше во настапите на: Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.
Македонските естрадни уметници успеаја да го разбудат патриотскиот дух кај битолчани, со извонредни изведби на патриотски песни.
Очигледно граѓаните одлично го прифатија овој проект и со нетрпение ги очекуваат концертите во останатите градови.
Екс премиерот и лидер на ВМРО – Народна партија Љубчо Георгиевски преку Фејсбук реагираше на вчерашниот гест на претседателот на КФМ Перо Антиќ кога на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ му подари патики со српски обележја.
-Четири С, многу убав македонски идентитетски поклон од претседателот на Македонската кошаркарска федерација до претседателот на Србија. Симболот од кој се тресевме до 2001 година, а сега како верност кон српскиот свет, напиша Георгиевски на Фејсбук.
Вчера српскиот претседател по средбата со Антиќ кој дел од професионалната кошаркарска кариера ја помина во Србија објави видео на кое го покажува подарокот од Антиќ.