Connect with us

Забава

Десетгодишната љубов на Татјана и Михаил се круниса со свадба (Фото)

Published

on

Татјана Стојановска, добро познатиот телевизиски лик, изминатиот викенд имаше голем ден за свавење, возбуда, теперење од убаво – венчавката со нејзиниот избраник Михаил Китаноски.

Регистрацијата и прославата во кругот на најблиските роднини и пријатели се случи во тениското на хотелот Александар Палас. За забавата да биде според посакуваното на младите и за меракот на гостите, се погрижиле групата „Соната“ и Кате.

Ако Тајнана секојдневно изгледа беспрекорно пред камерите, за својата венчавка едноставно блескаше како никогаш досега. Довербата за шминка и фризура му ја довери на долгогодишниот соработник Дадар кој ја стилизираше да изгледа како кукла.

Тесна венчаница во сирена крој со нагласено деколте, а дијадемата дополнително ја нагласи нејзината убавина во спој во едноставно собраната коса.

За потсетување, Тања и бизнис консултантот Михаил живееја заедно во неформален брак околу осусм години, а по точно десет откако ја запроси решиле на истиот ден, 10-ти јуни да ја направат свадбата. Во едно интервју своевремено за својот сакан таа кажа дека ја освоил со својот интелект и шарм.

-Па со интелектот и шармот. Станува збор за човек кој навистина ги поседува овие две карактеристики и со вниманието и почитувањето, семејните вредности и почитувањето на жената, кажа Тања за „Бекстејџ“.

Тие се запознале на одмор во Турција во 2012 година каде биле на одмор со децата, а нивната пријателство прераснало во љубовна врска која по една деценија заедно заврши и со формален брак. Татјана од првиот брак со пејачот Благоја Грујовски го има 25 годишниот син Матеј.

фото:Принтскрин Инстаграм приватна архива/Фејсбук

Забава

Легендарните К-15 се враќаат на екраните!

Published

on

Легендарното хумористично ТВ шоу К-15 составено од триото Бранко Огњановски, Љупчо Бубо Каров и Васко Тодоров се враќа на екраните наскоро.

По повод 30 години од нивното емитување, оваа информација денес на Инстаграм ја сподели Бранко Огњановски попознат како Миле Паника, а повеќе детали најави наскоро.

Continue Reading

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк