Connect with us

Македонија

Првата дама засука ракави за охридски комад

Published

on

Првата дама Елизабета Ѓорѓиевска, сопруга на претседателот Стево Пендаровски, беше во посета на Охрид, каде правеше комад и колач со медено срце. Таа рече дека преку македонската национална кујна се поврзуваме со нашите корени и на тој начин ги зачувуваме кулинарските богатства што се пренесуваат низ генерации.


„Комат, кошмишпите, старински бовчи и колач медено срце, беа дел од нашето охридско „мени“, кое со голем мерак го подготвувавме за најранливите сограѓани. Благодарност до секогаш инспиративната Наташа Неданоска од Slow Food Ohrid, до нејзините ученици и до Кристијан Калинов од Ретвитни oброк за прекрасната енергија при подготвувањето на охридските деликатеси кои беа донирани онаму каде што се најпотребни преку Црвениот крст“, рече Ѓорѓиевска.

Македонија

Енормна сума: Откриено колку ќе заработи Америка од царините на Трамп

Published

on

Што ќе донесат новите царини за Америка?

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, најави дека САД би можеле годишно да остваруваат приход од 300 до 600 милијарди долари благодарение на новите царини што администрацијата на Доналд Трамп ги воведе на производи од повеќе од 60 земји. Овие царини се дел од поширока стратегија на САД за подобрување на трговскиот биланс и поттикнување на домашното производство, а истовремено носат значајни последици за глобалната економија.

Бесент во интервју за емисијата на Такер Карлсон објасни дека САД на почетокот ќе остваруваат значителен приход од царините, а како што ќе расте домашното производство, приходот ќе се зголемува и преку данокот на доход од новите работни места.

– На почетокот ќе имаме значителен приход од тарифите. Потоа ќе расте и приходот од фабриките, од данокот на доход од сите нови работни места. Така што ќе заработуваме и на домашниот пазар, додека царините постепено ќе паѓаат – изјави Бесент.

Continue Reading

Македонија

Забрана за товарни возила кон Попова Шапка поради снег

Published

on

Од 19:45 часот, поради интензивни врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка.

За сите останати видови на возила, задолжителна е употреба на зимска опрема, односно синџири (ланци) за безбедно движење по снежната и лизгава подлога.

Се апелира до возачите да бидат крајно внимателни и да ги почитуваат препораките на надлежните служби. Ситуацијата се следи одблизу, а патните екипи се на терен и работат на расчистување на снегот со цел обезбедување на проодност и безбедност.

Continue Reading

Македонија

Венко Филипче со нов мандат – ќе ги води СДСМ на локалните избори

Published

on

Венко Филипче ќе ги води СДСМ на локалните избори. По денешното внатрепартиско гласање на кое единствен кандидат беше Филипче, тој доби нов четири годишен мандат. Членството на партијата денеска гласаше на 78 избирачки места низ државата. Од осум часот утрово па се до 20 часот вечерва право на глас имаа 23 илјади партиски членови кои се регистрирани во партијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк