Connect with us

Uncategorized

Некој бара малку, а таа бара многу: Слушнете ја најновата песна на атрактивната Теа Трајковска – „Многу барам“ (ВИДЕО)

Секогаш уникатна, како во стилот, така и во музиката која ја создава…

Младата пејачка Теа Трајковска вчеравечер преку социјалните мрежи ја промовираше својата најнова песна со наслов „Многу барам“, која повторно е нешто поразлично од она што сме навикнати да слушаме и гледаме на нашата сцена.

Станува збор за уште една одлична нумера создадена во студиото на нејзиниот долгогодишен соработник – продуцентот Лазар Цветкоски.

Како и за сите нејзини претходни песни, така и за оваа Теа со својата екипа од соработници сними и доста модерен спот.

„Оваа песна се случи спонтано и таква енергија и носи. Кога правиме нова музика со Лазе сакаме да експериментираме со музичките стилови ама мислам дека ова е правец во кој сум најмногу своја и од тие причини „Многу барам” ми е една од омилените песни кои сме ги направиле. Спотот со Горан го снимавме подолг временски период за да го погодиме „вајбот“ што ни го даваше песната, а во текстот и самата приказна верувам дека секој ќе се пронајде и се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, вели Теа.

Инаку ова лето Теа ќе го помине работно, неа може да ја слушате и гледате секоја недела во летната дискотека „Хавана“ во Скопје, но настапи ќе има и во останатите градови во нашата земја.

Погледнете го спотот за нејзината најнова песна „Многу барам“:

Видео https://youtu.be/JyxBmnLFiKM

Advertisement

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг