Connect with us

Uncategorized

Во скопска Кисела Вода Петар Грашо собра 30,000 луѓе (Фото)

Магична вечер која никој нема да ја заборави, се случи синоќа во општина Кисела Вода. Преку 30 000 посетители се собраа во Расадник, на финалето од Културното лето каде концерт одржа Петар Грашо, а вовед во музичката приказна даде Жаре Бербер со “Галама” бенд. Не постои човек кој замина од таму без преубави спомени. До доцна во ноќта во еден глас се пееја силно емотивните хитови на можеби најголемата балканска ѕвезда во моментов.

Со неговата најнова „Јел ти река ко“, Петар Грашо го отвори концертот и уште од првата песна ја освои публиката. Речиси два часа публиката собрана во Кисела Вода ги пееше “Ако те питају”, “Срце за водича”, “Уторак”, “Моје злато”… Дел од концертот Грашо му посвети и на Оливер Драгојевиќ преку прекрасна изведба на незаборавните „Цесарица“, „Два пут сам умра“ и многу други. Не изостанаа ни желбите на публиката, а за крај и огномет…

Петар Грашо не ја освои само сцената, синоќа тој испиша една од најубавите страници во историјата на културно-забавниот живот на општина Кисела Вода.about:blank

Секако, голема е заслугата и на Жаре Бербер, кој со својот Галама бенд направи толку добра атмосфера што дури и дождот кој се закануваше на почетокот, не ја спречи реката од народ која пристигна во Расадник да игра, да пее и да ужива. А во публиката имаше и стари и млади, како и многу познати ликови и од естрадата и од општествениот и политичкиот живот.

Заокружувањето на настаните ќе се случи во четврток , на 29ти јуни со прославата на 68-иот роденден на Општина Кисела Вода, каде повторно пред салата Расадник, голем концерт ќе одржи групата “Нокаут”, а пред нив ДЈ сет ќе има DJ Mats.

Бескрајната приказна на Општина Кисела Вода која станува се’ подобра, во целост го оправда годинешниот слоган и постави пред себе уште повисоки критериуми за следната година.

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading

Uncategorized

Екипите на терен интервенираат поради поплавени делови во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Апелираме на зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура.

Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг