ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОЗДАДЕ ДИГИТАЛНА КОПИЈА ОД ЏЕНИФЕР ЛОПЕЗ – Ова е иднината на рекламите (ВИДЕО)

Компанијата за бродски крстарења Virgin Voyages лансираше нова кампања за привлекување патници, искористувајќи ја вештачката интелигенција за да создаде дигитална копија на поп-ѕвездата Џенифер Лопез.

Централниот спот на кампањата почнува со сцена во која заводливата Лопез ги кани гледачите на крстарење, меѓутоа тогаш се случува некаква „грешка“ во „матрицата“ – дознаваме дека всушност се работи за дигитален аватар зад чие лице стои маж по име Кајл.

Рекламата потоа добива хумористичен пресврт, така што повеќе луѓе од креативниот тим на Virgin Voyages сакаат да ја испробаат технологијата и да дадат своја интерпретација на популарната Џеј-Ло.

Virgin Voyages: Jen AI