Connect with us

Скопје

(Видео) ДРАМИ на седницата во Карпош, пцуење и викање од револтирани жители!

Published

on

Пцости, викање и туркање пред почетокот на седницата на Општина Карпош во зградата на Универзитетот за туризам и менаџмент.

„Во уста да ве е*ам пи*ки едни, корумпирани пи*кетини“, викаше изреволтиран граѓанин.

„Тргни се да поминам, ќе ти ја скинам главата“, се закани друг жител.

„Кој си ти да ми кажеш тргни се да поминам. Не се прави многу паметен, кој си ти“, додаде тој.

Според жителите од Карпош, кои протестираат, со ДУП-от ќе се уништи целиот комплекс спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“ – паркот со фонтаната и игралиштето за деца.

Жителите на Карпош се гневни, велат властите ќе уништат парк за да никнат згради.

Градоначалникот Јакимовски најави дека фонтаната, плоштадот и игралиштето покрај булеварот нема да се рушат.

На седницата требаше да се разгледаат измените на неколку ДУП-ови.

Граѓаните се против усвојувањето на овој план, кој се однесува на просторот од детското игралиште во Козле до дирекцијата на „Реплек“, покрај булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов. Вознемирени се дека зелениот појас со дрворед, фонтана и игралиште ќе се уништи за да се изведе сервисната улица зацртана во планот.

Зад зградите пак наместо постојниот паркинг се планира двонасочна улица. Додадени се уште неколку сервисни улици на овој простор, а таму кај „Реплек“ ќе се градат згради и за нив ќе се прошуирува уличката, каде што има гаражи, па ќе се граделе катна гаража. Тоа нема да го дозволиме, рече еден од жителите.

Пред Универзитетот за туризам каде се одржува седницата беа собрани 30-тина граѓани, кои на седницата влегоа видно револтирани, па се создаде напната атмосфера, се слушнаа и навреди, пцовки и довикувања, како и удирање со тупаници по говорница. На граѓаните веднаш им беше соопштено дека можат да присуствуваат, но не можат да земат збор, што уште повеќе го зголеми нивното незадоволство.

Уште пред да започне утврдувањето на дневниот ред градоначалникот Јакимовски соопшти дека ги повлекува сите предложени точки на седницата и ги повика граѓаните утре да дојдат во Општината, каде тој, планерот и стручните служби ќе им ги објаснат сите нејаснотии околу планот. По тоа, Јакимовски, заедно со службите ја напушти седницата.

Но седницата не заврши тука. Точките на дневен ред што ги повлече Јакимовски, повторно беа предложени од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. Во моментов тие дискутираат за спорниот ДУП, во присуство на малкумина граѓани кои  успеаја да ја дочекаат дискусијата за планот.

На седницата не присуствуваат претставници од Секторот за поддршка на Советот, повлечена беше и службената камера и се врши само тонско снимање, а претседателот на Советот, Бранко Ристов од Левица, сам ги пребројува присутните, како и сооветниците кои се изјаснуваат за и против.

Советниците од ВМРО -ДПМНЕ претходно соопштија дека застануваат зад граѓаните и дека ќе гласаат против овој ДУП.

 Во овој предлог ДУП се предвидуваат три нови згради единаесеткатница, седумкатница и шесткатница. Се одзема дел од постоечките гаражи кои се приватна сопственост на граѓаните со цел да се удоволи на градежната мафија за да добие фреквентна сервисна улица за да биде во сервис на новите згради.Се уништува зеленило за катна гаража која е предвидена на постоечки паркинг простор, а која е предвидена за да може планот да се нарече развоен – изјави Адријана Јакимовска Панчевска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Утринава пак, градоначалникот Јакимовски во живо им се обрати на карпошани преку Фејсбук за да ги објасни новините и измените во новиот ДУП за ЈО3 блок 2. Тој ги демантираше, како што рече, лагите дека со новиот ДУП се предвидува на таа локација да се градат пет нови згради.

– Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место. Такво нешто не постои во планот. Не можам да се начудам до каде одат лагите и манипулациите на некои граѓани, рече градоначалникот. Чиста лага е и дека нас ни текнало да нацртаме „аутострада“ со која ќе ги уништиме парковите, зеленилото, детски игралишта. Замислете, тие ме обвинуваат дека сакам да ги срушам фонтаната, игралиштето, клупите, зеленилото кои јас сум ги направил. Немојте да ги слушате тие што сакаат да ве лажат, рече Јакимовски.

Градоначалникот исто така презентираше три претходни ГУП-ови во кои се гледа дека во секој од нив е планиран булеварот Теодосиј Гологанов и при тоа ги образложи позитивните измени во новиот ДУП.

Скопје

Каков народ, таква елка на плоштад… (Фото)

Published

on

Елката во Скопје иако крива, но и недокитена – стана популарната во Македонија. Ги засени сите декорации направени во другите делови од Македонија, но и другите општини во Скопје. Никој не знае зошто не е целосно украсена, а ниту која е фирмата која ја поставува за што ќе треба да платат скопјани. За нејзината популарност зборуваат бројните коментари и фотографии со неа.

„Каков народ, таква елка на плоштад: сиромашен, ужасен, грд за гледање“, стои во коментар на „Х“.

Да видиме што велат граѓаните:

Continue Reading

Скопје

О.У. Песталоци во тишина: Прости ни Вања, не знаеме како да се поздравиме…

Published

on

Тага и молк во основното училиште на убиената Вања Ѓорчевска. Во Ј.Х.Песталоци отворена книга на жалост. Се потпишуваат родители, познаници, но и соученици.Наместо детски џагор, тишина низ школскиот двор.

-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања.
Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме…
Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца.
Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!- стои во објавата.

Continue Reading

Македонија

Умре и Флопи – Зоолошка Скопје остана без жирафи

Published

on

Умре и третата жирафа во скопската Зоолошка градина Флопи. Како што дозна САКАМДАКАЖАМ.МК од  вработени во градината, единствената жирафа која остана во градината починала вчера попладне.

Сега во градината нема ниту една жирафа. Во мај годинава умре Каспер, а во јануари 2021 година Тобого.

Жирафите Тобого, Каспер и Флопи беа омилените жители на посетителите во скопската зоолошка градина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк