Connect with us

Македонија

Бремени жени и лица над 60 години да не одат на работа од утре: Препораки за заштита на граѓаните од жештините

Published

on

Владата на Република Македонија на денешната седница ја разгледа Информацијата од Министерството за здравство за високите температури што се очекуваат во следните четири денови и усвои соодветни препораки.

Државата, како што извести Министерството за здравство, по добиени информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи, од утре, 13 јули 2023 година, ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува:

Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години;

Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот;

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници, a со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи:

Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките;

Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот;

Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници;

Градинките треба да го организираат работното време во периодот од седум до 17 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

Македонија

Хајредини: Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за идентитетските прашања

Published

on

Поранешниот министер за финансии и еден од најистакнатите политички аналитичари, Џевдет Хајредини, денеска излезе со јасен и недвосмислен став кој привлече големо внимание во јавноста – особено меѓу македонската заедница.

Во изјава објавена на социјалните мрежи, Хајредини порача дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и македонскиот јазик се во надлежност исклучиво на македонскиот народ, а дека Албанците во државата треба да ја поддржат волјата на Македонците кога станува збор за овие теми.

„Во врска со прашањата за идентитетот, историјата и македонскиот јазик – право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, напиша Хајредини.

Овој став беше поздравен од многумина како глас на разум и конструктивност, во време кога општеството е сѐ повеќе поларизирано околу националните прашања.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за викендов: Ќе се изненадите какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд!

Published

on

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до близу 30 степени. Во Скопје температурата очечувам да се искачи до околу 27 степени.

Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години. И секако, искористете го максимално претежно сончевото време.

Метео Аларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во клубот “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.

-Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, стои во соопштението од Кочанското Јавно обвинителство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица.

Извор: Курир

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк