Connect with us

Македонија

АМПЕВА: ДРВАТА ВО ГЕРМАНИЈА… КРИЗА? Ние да сме имале поголем стандард од Германците :)

Published

on

Пост на активиската Кристина Ампева, која во нашата јавност е препознатлива по борбата за правата на текстилните работници, со својата објава на Фејсбук предизвика лавина од реакции меѓу граѓаните.

– Дрвата во Германија. Криза а? Ние да сме имале поголем стандард од германците, дека 6000 денара е кубик – напиша Ампева на Фејсбук.

Нејзината објаваа предизвика лавина од реакции меѓу граѓаните кои се револтирани од владините одлуки, и од поскапувањето на сите производи во нашата земја.

Видете го постот и реакциите:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0YyRa8F9NFKXZVzRY92WjB51nxSSnZH8Q52Gq31L1L5DQvcsYpdV4Y6K7ohPC3dKkl&id=100000700053445

Македонија

Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје

Published

on

Премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ утре со владина делегација ќе ја посети Македонија каде ќе оствари средба со премиерот Христијан Мицковски, а ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот, јави дописникот на МИА од Белград.

Според соопштението од Владата на Р. Србија, српскиот премеир ќе биде пречекан во 10:00 часот пред зградата на Македонија, по што ќе следи тет-а-тет средба меѓу премиерот на Македонија Христијан Мицкоски и премиерот на Република Србија Милош Вучевиќ.

По средбата на двата премиера, предвидена е средба на делегациите на Владата на Македонија и Владата на Република Србија. Потоа ќе се потпише Меморандум за разбирање и соработка во областа на гасот помеѓу Министерството за рударство и енергетика на Република Србија и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини на  Македонија.

Предвидени се и изјави за медиумите на премиерите Вучевиќ и Мицкоски.

Како што соопштија од Владата на Р. Србија, премиерот на Република Србија, Милош Вучевиќ, ќе има обраќање и на собирот на кој ќе присуствуваат претставници на српските здруженија, културно-уметнички друштва, политички партии, како и српски компании кои работат во Македонија.

Continue Reading

Македонија

Едно лице повредено во Чаир, во него пукано од возило

Published

on

Едно лице е повредено синоќа во скопски Чаир откако во него било пукано од возило „Пасат“. Повредениот бил однесен во градската општа болнуца „Наум Охридски“. Според последните информации, 19 годишниот А.Б. Се здобил со четири прострелни рани и е во тешка здравствена состојба.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Мендух Тачи е само почеток, ќе има поголема дестабилизација на „Европскиот фронт“

Published

on

Вицепремиерот Изет Меџити во прес конференција за првите 100 дена од новата влада беше прашан и за напуштањето на Европскиот фронт од страна на првиот човек на ДПА, Мендух Тачи, каде според Меџити ова е само почеток на распаѓањето на овој фронт.

„Никогаш не биле обединети за идеолошки цели туку за интерес. Кога не се на власт, немаат причина да останат заедно. Нема да имаме дестабилизација на државата, туку поголема дестабилизација на Европскиот фронт, ова е само почеток“, изјави Меџити.

Меџити исто така се осврна и на други значителни остварувања на владата во првите 100 дена како преземање на владината одлука за доделување 35 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза“, обезбедувањето 100 милиони евра за проекти за општините низ државата, одобрувањето на „едношалтерскиот систем“ на Блаце. , Граничните премини Ќафасан , Јажинце и Табановце и многу други проекти од областа на екологијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк