Твитерџика вели дека Зеленски купил вила од американските пари – вредна 5,5 милиони евра!? (Фото)

Твитерџика која има 273.000 следбеници објави дека украинскиот претседател „се офајдил“ од пшомошта која ја добива Украина..

„САД штотуку објавија уште еден пакет помош од 1,3 милијарди долари за Украина. За потсетување…еве слика од домот на Зеленски. Леле“, напиша на својот профил Лиз Черчил, за која многумина сметаат дека шири теории на заговор.

Од средата попладне, сликата што таа ја сподели доби повеќе од 1,5 милиони прегледи, 11.000 лајкови, но и критики. Луѓето побрзаа да искоментираат дека сликата е преземена од француска веб-страница за недвижнини за имот што се продава за 5,5 милиони долари.

Се работи за веб-страницата, „Green Acres“, каде имотот е опишан како вила во стилот на Бел Епок (Убавата епоха) со површина од 850 квадратни метри. Вилата се наоѓа на неколку минути од малата држава Монако, со цена од 4,9 милиони евра. Монако е популарно место за имање викендичка кај француската елита, особено кај оние кои не сакаат да плаќаат данок во Франција, објави порталот Њузвик кој се обиде да ја оцени веродостојноста на оваа шпекулација.