Connect with us

Македонија

ВНИМАВАЈТЕ! Злоупотреба на лична карта за подигање брзи кредити

Published

on

Четириесет и четиригодишна жена од Кочани со живеалиште во Пробиштип вчера во ОВР Пробиштип пријавила дека нејзината лична карта била злоупотребена за подигање брзи кредити.

Според пријавеното, на Фејсбук таа ја објавила својата трансакциска сметка за уплата на донација за лекување на член на фамилијата, по што порака на социјалната мрежа ѝ пратило лице кое ја побарало личната карта за да направи донација. По кратко време на сметката ѝ биле исплатени 70.000 денари од две финансиски друштва.

Како што соопшти МВР во дневниот Билтен, веднаш потоа ѝ се јавило машко лице кое, претставувајќи се како сопственик на фирма, ја известило дека наводно по грешка ѝ била извршена уплата на нејзината сметка.

Побарало парите да му ги врати, испраќајќи ги по такси возило во Скопје. Таа се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција. Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за негово расчистување, наведува Министерството за внатрешни работи.

Македонија

Хајредини: Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за идентитетските прашања

Published

on

Поранешниот министер за финансии и еден од најистакнатите политички аналитичари, Џевдет Хајредини, денеска излезе со јасен и недвосмислен став кој привлече големо внимание во јавноста – особено меѓу македонската заедница.

Во изјава објавена на социјалните мрежи, Хајредини порача дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и македонскиот јазик се во надлежност исклучиво на македонскиот народ, а дека Албанците во државата треба да ја поддржат волјата на Македонците кога станува збор за овие теми.

„Во врска со прашањата за идентитетот, историјата и македонскиот јазик – право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, напиша Хајредини.

Овој став беше поздравен од многумина како глас на разум и конструктивност, во време кога општеството е сѐ повеќе поларизирано околу националните прашања.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за викендов: Ќе се изненадите какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд!

Published

on

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до близу 30 степени. Во Скопје температурата очечувам да се искачи до околу 27 степени.

Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години. И секако, искористете го максимално претежно сончевото време.

Метео Аларм – Славчо Попоски

Continue Reading

Македонија

Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој досега бил на лекување

Published

on

Основното јавно обвинителство Кочани, постапувајќи во предметот во врска со пожарот во клубот “Пулс”, до Основниот суд во Кочани достави предлог за замена на претходно определената мерка куќен притвор во мерки на претпазливост за двајца осомничени во својство поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат, а по прв пат се бараат мерки за претпазливост и за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување.

Како што се наведува во соопштението, замената на мерките е побарана врз основа на проценка на законските основи за обезбедување и фазата на проверки во однос на оваа институција.

Освен ова, се додава, за првпат по настанот побарани се мерки за претпазливост за уште едно лице од првата група осомничени, кое до сега било на лекување.

-Станува збор за лице од дискотеката, а мерките се предложени во согласност со неговата моментална здравствена состојба и потребата од натамошно лекување, стои во соопштението од Кочанското Јавно обвинителство.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март, животот го загубија 62 лица.

Извор: Курир

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк