Connect with us

Македонија

Љубчо бара ревизија на наративите за ИЛИНДЕН и за АСНОМ

Published

on

„Сега, откако се наполнија 120 години од Илинденското востание, ВМРО-Народна партија смета дека доволно време е поминато за да се направи една полна рехабилитација на многу личности кои учествуваа и се бореа во Илинденското востание, а од идеолошки и други неразбирливи причини беа оцрнети од македонската историја“, се вели во соопштението на ВМРО-Народна партија.

Во продолжението на соопштението се вели:

„Сакаме да го спомнеме ликот на Тома Давидов кој беше назначен лично од Гоце Делчев за главен воен ревизор на битолскиот револуционерен округ, кој за жал загинал непосредно пред Илинденското востание, но бил главниот човек кој ја направил толку силна воената организација на ТМОРО непосредно пред самото востание.

Но, врв на нашата неодговорност кон историјата е фактот што Илинденското востание го воспеваме со највисоки пофалби, а од главниот штаб на истото тоа востание, кој беше составен од Даме Груев, Борис Сарафов и од Атанас Лозанчев, го признаваме само Даме Груев. Борис Сарафов сеуште официјално го сметаме за врховист, а Атанас Лозанчев дури и за фашист.

Исто така, не можеме да сфатиме зошто Илинденското востание го сведуваме само на десет дена во Крушево, кога јасно е дека востанието траело повеќе од два месеци и под истата команда и истото решение се дигнал и народот во Одринско, односно на Преображение во Одринско, а на Крстовден во Серско.

И доаѓаме до моментот кога самите ја намалуваме димензијата на големината на Илинденското востание.

Понатаму кога зборуваме за вториот Илинден – АСНОМ, за жал освен Методија Андонов Ченто, кој е официјално рехабилитиран, нитуе една друга југословенско- титоистичка жртва не е рехабилитирана. Се соочуваме со невидена историска хипокризија со која устата ни е полна во одбрана на АСНОМ, а скоро 80 години после тој АСНОМ не сакаме да го погледнеме списокот на луѓето кои учествувале на заседанието на АСНОМ, колку од нив биле убиени, колку мачени по југословенските затвори и колку од нив за жал избегале во Бугарија.

Само полна рехабилитација на жртвите на АСНОМ ќе ни даде право да зборуваме и да го славиме понатаму.“

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк