Connect with us

Македонија

Секој понеделник наставата во училиштата во Аеродром ќе започнува со интонирање на државната химна (ВИДЕО)

Published

on

Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски.

-Наставата во основните училиштa во Аеродром отсега секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, затоа што почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст.

Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција – напиша Муцунски.

https://fb.watch/ntsp_oAnRE/?mibextid=Nif5oz

Македонија

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија денес!

Published

on

Во следните 12 часа од исток и од југоисток во Македонија ќе помине уште една доста влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места кај нас ќе услови појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам на поголема претплазливост кај граѓаните.

И во Скопскиот регион исто така за време на погоре споменатиот период ќе има појава на повремен локален дожд, а во делови од котлината ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие денес (недела 27 април) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 24 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Continue Reading

Македонија

Тројца возачи уапсени поради возење под дејство на алкохол

Published

on

Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен”, биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел”, биле измерени 1.55 промили алкохол.

Додека, при контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Continue Reading

Македонија

Спасен Силјаноски, Методија Столески и Престиж Бенд со триумфален крај на австралиската турнеја

Published

on

Спасен Силјаноски, Методија Столески и Престиж Бенд со голем успех ја завршија својата австралиска турнеја, крунисувајќи ја со последниот концерт пред полна сала во Клуб Вардар во Перт. Неверојатното музичко патување броеше четири распродадени концерти и две полни сали, потврдувајќи ја нивната популарност и силната поврзаност со македонската дијаспора.

Организаторот Република Ентертејнмент им се заблагодари на сите што присуствуваа на концертите низ Австралија, истакнувајќи дека без поддршката на публиката овој успех немаше да биде возможен.

Посебна благодарност беше упатена до Спасен Силјаноски и неговиот бенд Престиж за нивните импресивни настапи кои уште еднаш го потврдија статусот на Силјаноски како еден од најдобрите македонски артисти и изведувачи. Исто така, со големо воодушевување беше поздравен и дебито настапот на 22-годишниот Методија Столески, кој со својот исклучителен вокален талент најави блескава музичка кариера.

Голема благодарност беше упатена и до поддржувачите на турнејата: МКУД Бисер Волонгонг, Мак Ивентс, Арена Ивентс, Рокдејл Илиндeн Фудбал Клуб, МКУД Илиндeн Сиднеј, КУД Разиграна Македонка и Фераро Рисепшнс, чиишто напори и посветеност оставија неизбришлива трага во организацијата на овие незаборавни настани.

Од секој град беа споделени и фотографии од концертите, за да ги пренесат убавите моменти до сите оние кои беа дел од оваа неверојатна авантура.

До следната средба!

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк